Штета не продолжи клипов, имаше еден транспарент од фановите на Интер на тој меч, Mama di Turchi, супер меч, Емре даде два гола и од 3-0 успеаа да стигнат до 3-3, тогаш Креспо и статива погоди, иначе ке беше лудило од пресврт тоа .
Емре ми беше еден од најомилените играчи, а за Мартинс, сезоната 2001/2002 го гледав на Интер каналот во тандем со Пандев за примавера тимот, парче правеа . Мартинс таа сезона ако не се лажам дебитираше во првиот тим против Парма, знам имаа проблеми со повредените играчи во нападот, а Адри тогаш беше на позајмица баш во Парма .
Ја обожавам таа сезона, без разлика на епилогот, една од најдобрите сезони од кога сум фан на Интер . . . тиња тим имаа, али се случија прекрасни работи, врвот ми беше враќањето на Рони, мислам со Бреша кога постигна и гол . Со Верона на домашен терен, кога победија ако не се лажам 3-0, Роналдо постигна гол во негов стил, со поминување на голманот, и убаво ги памтам зборовите на коментаторот на Телма . . . Роналдо е најголемото засилување оваа година за Интер, алудирајќи на тоа дека се враќа по подолг пост проади тешката повреда .