Е ова не ми се верува оти го читам од ваши фанови.
Прво да се разбереме, не навивам за ниедна од двете екипи, (иако некако посакувам Челзи да ја освои ЛШ кога веќе не елиминиравте нас).
Јас не гледам како Челзи заслужи да загуби. Јесте да бевте цело време под притисок, Барса имаше многу шанси но малку од нив беа сериозни, ама имавте и вие неколку изгледни, дури и многу поконкретни шанси од Барса. Штета што Дрогба ја промаши најизгледната. Тоа што го издржавте притисокот на Барса на Ноу Камп, за мене значи едно 80% шанси за минење. Секоја чест на Хидинк, гледајте да си го задржите по секоја цена.
Првиот чекор го минавте одлично, да не се прими гол на Ноу Камп е чудо сезонава, сега истото само еден гол дома и чао чао Барселона. Која екипа и да мине нема да биде незаслужено, тоа е факт. Овде постирав со мала наклоност кон Челзи, затоа што е ваш фан клуб, но да кажам уште еднаш, ова ми се импресиите од натпревар кој што го следев како потполно неутрален гледач.
Поздрав! :smir: