H
HoT IcE
Гостин
Ова како да читам роман од Пауло Коелјо. Абе дај не ме заебавај. Поглупи изговори за тврдоглаво бранење на Мурињо неможете да измислите. Не си само ти, голем дел од фан базата на Челзи и Мурињо упорно се прават слепи. Они го предале. Абе ова е фудбал, све се работи плански. Челзи на чело со Мурињо немаше план за следната сезона, лоши подготовки, касно почнати, лош трансфер рок значи се што требаше да се изработи професионално од Управата и Мурињо заедно со стручниот штаб беше погрешно сработено и крајно неплански. Немој да ги кривиш играчите за ова, сето ова иде на нивна душа. Мурињо требаше да биде уште втората полусезона кога бевме шампиони дека тимот не функционира, дека на мускули тепаме утакмици и дека очајно ни требаат засилувања во одбрана. До кога ќе се правиме слепи на факти што ни беа сервирани со месеци и од претходната сезона, не само лошите резултати на почекотот од новата сезона која е нивна директна кривица. И не само ова, Мурињо беше бог кога освоивме титула, самиот си набилда его, од Оскар очекувал да има сезона како Хазард што имаше, не му требале нови играчи и да троши по 200 милиони туку ќе одбранил титула без да инвестира, ова се сите негови изјави кога како некој петел се курчеше по медиуми. После играчите му беа криви, Коста му бил крив затоа што после одмор се вратил 5 кила подебел, другите му биле криви што не покривале дефанзивно а они јадни неспремни да истрчаат 60 минути на терен. Значи играчите на Челзи, целата екипа влезе НЕСПРЕМНА во новата сезона, физички, тактички секако. Немавме нова игра, немавме нов концепт, играта со тие играчи е таа, неможеш од Фабрегас и Коста да очекуваш чуда и нова димензија, тие двајца ни се клучни играчи и тоа го нудат. Неможеше Челзи да очекува со ист пристап и игра да одбрани титула. Што е ова, приказна? Ќе сонуваме сега? Колку и да звучи смешно, Управава дебилна и Мурињо влегоа во некој филм, немој да ми кажеш дека немаме пари за трансфери а го плаќаме Куадрадо 30 милки како од шала. Тие направија погрешна проценка, немаа план. Не знам што очекуваш од таков стручен штаб и управа играчи да направат. Оваа група на фудбалери се гледа од авион дека не е ни до колена на генерацијата на Тери, Лампард, Чех, Дрогба и Кол кога ни беа главни играчи во тим, нити биле, нити ќе бидат.Тоа и беше кривицата на Мурињо во целата оваа ситуација. Што продолжи да им верува на истите играчи дека ќе се вратат во форма и ќе му помогнат заедно да излезат од кризата, наместо да ги исфрли од тимот и да си тера со млади. Веруваше во нив, во играчите кои ги направи шампиони лани, а они го предадоа, како што и си рече пред да го избркаат.
Мораше да застане клубот позади него, а не да им даде моќ на играчите, они да си го бираат менаџерот. И сега бараме ремонт на тимот. Епа ако се правеше ремонт, зошто да не му се дозволи на Мурињо да го направи. Неговиот отказ кажа се, и не треба залудно да се надеваме дека бар во наредниве години (додека да завршат со стадионот) клубот ќе оди нагоре. Нема да има никаква чистка на лето, може само да изгубиме играчи кои ни се важни. Нема да се троши, поради трошоците наменети за стадионот. Нема да има стабилен менаџер, играчите ќе одлучуваат дали и кога ќе се избрка. Фрлија во вода три години работа со која клубот ќе се качеше скала погоре, и одлучија да се вратат на нула. Е кога и ако се смени моменталнава гарнитура, може ќе има простор за напредок. А сега останува да си мењаат менаџери секоја сезона и да пробуваат да вадат некои успеси. Само што сега нема да се тука Чех, Тери, Кол, Лампард, Есиен, Балак, Дрогба. Нема ниту еден карактер сличен на овие во моменталниов тим.
Иначе Тери се враќа во тимот утре. Би требало да е на клупа. Коста неизвесен, Хазард бил ок, ама му останува повредата која го мачи подолго време.
И пак тие приказни како ќе сме качеле скала погоре, а 3 години исто играме, никаков прогрес. Да не зборам колку е само непрофесионално и лицемерно однесувањето на Мурињо во Челзи последнава сезона, дури и тоа ќе го проголтам ајде на сметка на неговото его, ама како да проголтам констатното фалење на Траоре, Лофтус а никад не ги игра, само јадеше гомна.
Престанете со овие Мурињо филмови веќе еднаш. Мурињо не е тој што беше од првиот мандат. Немавме никаков прогрес во игра, не разочара сите со негово однесување и се изгуби апсолутно на долгорочен план со што остана тезата дека е менаџер за кратки патеки.
Извините.