Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа и беше кривицата на Мурињо во целата оваа ситуација. Што продолжи да им верува на истите играчи дека ќе се вратат во форма и ќе му помогнат заедно да излезат од кризата, наместо да ги исфрли од тимот и да си тера со млади. Веруваше во нив, во играчите кои ги направи шампиони лани, а они го предадоа, како што и си рече пред да го избркаат.

Мораше да застане клубот позади него, а не да им даде моќ на играчите, они да си го бираат менаџерот. И сега бараме ремонт на тимот. Епа ако се правеше ремонт, зошто да не му се дозволи на Мурињо да го направи. Неговиот отказ кажа се, и не треба залудно да се надеваме дека бар во наредниве години (додека да завршат со стадионот) клубот ќе оди нагоре. Нема да има никаква чистка на лето, може само да изгубиме играчи кои ни се важни. Нема да се троши, поради трошоците наменети за стадионот. Нема да има стабилен менаџер, играчите ќе одлучуваат дали и кога ќе се избрка. Фрлија во вода три години работа со која клубот ќе се качеше скала погоре, и одлучија да се вратат на нула. Е кога и ако се смени моменталнава гарнитура, може ќе има простор за напредок. А сега останува да си мењаат менаџери секоја сезона и да пробуваат да вадат некои успеси. Само што сега нема да се тука Чех, Тери, Кол, Лампард, Есиен, Балак, Дрогба. Нема ниту еден карактер сличен на овие во моменталниов тим.

Иначе Тери се враќа во тимот утре. Би требало да е на клупа. Коста неизвесен, Хазард бил ок, ама му останува повредата која го мачи подолго време.
Ова како да читам роман од Пауло Коелјо. Абе дај не ме заебавај. Поглупи изговори за тврдоглаво бранење на Мурињо неможете да измислите. Не си само ти, голем дел од фан базата на Челзи и Мурињо упорно се прават слепи. Они го предале. Абе ова е фудбал, све се работи плански. Челзи на чело со Мурињо немаше план за следната сезона, лоши подготовки, касно почнати, лош трансфер рок значи се што требаше да се изработи професионално од Управата и Мурињо заедно со стручниот штаб беше погрешно сработено и крајно неплански. Немој да ги кривиш играчите за ова, сето ова иде на нивна душа. Мурињо требаше да биде уште втората полусезона кога бевме шампиони дека тимот не функционира, дека на мускули тепаме утакмици и дека очајно ни требаат засилувања во одбрана. До кога ќе се правиме слепи на факти што ни беа сервирани со месеци и од претходната сезона, не само лошите резултати на почекотот од новата сезона која е нивна директна кривица. И не само ова, Мурињо беше бог кога освоивме титула, самиот си набилда его, од Оскар очекувал да има сезона како Хазард што имаше, не му требале нови играчи и да троши по 200 милиони туку ќе одбранил титула без да инвестира, ова се сите негови изјави кога како некој петел се курчеше по медиуми. После играчите му беа криви, Коста му бил крив затоа што после одмор се вратил 5 кила подебел, другите му биле криви што не покривале дефанзивно а они јадни неспремни да истрчаат 60 минути на терен. Значи играчите на Челзи, целата екипа влезе НЕСПРЕМНА во новата сезона, физички, тактички секако. Немавме нова игра, немавме нов концепт, играта со тие играчи е таа, неможеш од Фабрегас и Коста да очекуваш чуда и нова димензија, тие двајца ни се клучни играчи и тоа го нудат. Неможеше Челзи да очекува со ист пристап и игра да одбрани титула. Што е ова, приказна? Ќе сонуваме сега? Колку и да звучи смешно, Управава дебилна и Мурињо влегоа во некој филм, немој да ми кажеш дека немаме пари за трансфери а го плаќаме Куадрадо 30 милки како од шала. Тие направија погрешна проценка, немаа план. Не знам што очекуваш од таков стручен штаб и управа играчи да направат. Оваа група на фудбалери се гледа од авион дека не е ни до колена на генерацијата на Тери, Лампард, Чех, Дрогба и Кол кога ни беа главни играчи во тим, нити биле, нити ќе бидат.
И пак тие приказни како ќе сме качеле скала погоре, а 3 години исто играме, никаков прогрес. Да не зборам колку е само непрофесионално и лицемерно однесувањето на Мурињо во Челзи последнава сезона, дури и тоа ќе го проголтам ајде на сметка на неговото его, ама како да проголтам констатното фалење на Траоре, Лофтус а никад не ги игра, само јадеше гомна.
Престанете со овие Мурињо филмови веќе еднаш. Мурињо не е тој што беше од првиот мандат. Немавме никаков прогрес во игра, не разочара сите со негово однесување и се изгуби апсолутно на долгорочен план со што остана тезата дека е менаџер за кратки патеки.
Извините.
 
Не го правдам јас Мурињо, не ја тргам целосно кривицата од него. За мене управата е најголем кривец. А секако дека и Мурињо направи доста грешки. И јас го критикувам за тоа што не им даде шанса на помладите, го критикувам за тоа што одеше со глава во ѕид често пати. Ете ти голем дел од кривицата му препишуваш на него поради тоа што не се спремил за оваа сезона, поради тоа што сакал со истиов тим да освојува пак. А грешиш за тоа. Јас еве пет години активно го следам Мурињо, посебно од кога се врати му немав испуштено прес конференција. Значи прес конференциите за секој натпревар, па интервју пред натпревар, интервју после натпревар, интервјуа за Челзи ТВ, интервјуа за други телевизии, документарци. А сакам да анализирам така и верувам дека доста добро знаев да прочитам што сака да каже и што сака да постигне со секоја своја изјава. Но и без тоа, летото и на почетокот на сезоната преочигледно беше дека воопшто не е задоволен со управата и дека повторно имаат конфликти и одат против него. Си кажа дека уште во април лани доставил листа со играчи кои треба да се пазарат летово. Од сите тие, само Бегович му го донесоа. Неколку пати имаше изјави со кои индиректно најверојатно сакаше да им даде до знаење на тие во управата дека не работат како што треба. А врвот ми беше кога изјави дека изгледа сме го продале Луис. Клубот најверојатно на своја одговорност си се договорил со Атлетико и му рекле не рачунај на Луис веќе, ќе ти го донесеме Баба :ROFLMAO:
Нормално дека не може сигурно да знаеме што и како се случувало, ама преочигледно беше дека не се на иста страна Мурињо и управата. Пак му се мешаа во работата, пак си носеа трансфери по нивна желба. Еве изјава на Мурињо од пред еден месец каде што вика дека мора да донесеш нови играчи ако сакаш тимот да продолжи да победува. Не може да го кривиш него дека он сакал да освојува пак со истите играчи.

Не ги кривам јас само играчите значи. Управата ја има најголемата кривица за сето ова. Мурињо и играчите се подеднакво криви, ете така да речеме.
Целата поента во враќањето на Мурињо беше да се внесе стабилност во тимот, да се работи плански, да се знае уште во март/април кои се целите за наредна сезона, да порасне клубот и да им се придружи на клубови како Јунајтед, Реал, Барса, Баерн. И ете две сезони функционираше тоа. Целиот клуб го водеа околу Мурињо, сите младински категории тренираа според методите на Мурињо. Му дадоа слобода да избрка играчи кои не му одговараат. Иако дури и тука изгледа имало конфликти, затоа што некои сакал да ги задржи, ама клубот решил да ги продаде поради добрите суми кои им биле понудени.
И нешто ете се случило летово. оној новинарот што е ептен близок со Мурињо и Челзи, Роб, уште во јуни пиша дека управата му соопштила на Мурињо дека нема да му ги донесе играчите кои ги бара и дека очекуваат од него со истите и сезонава да го повтори успехот од лани. Епа не може така. И се случи тоа што се случи, немаше резултати и одма Мурињо си доби отказ, одма решија да го фрлат во вода целото планирање, целата работа од претходните три години. И баш затоа мислам дека нема во скоро време да напредува клубот и да има посериозни успеси. Цело време ќе си се враќаат на истото, отпушти го менаџерот при првите лоши резултати, најди нов и повтори го истото.

Ова е само мое мислење кое го сметам за точно. Ти си имаш твое и нејќам да те убедувам да го мењаш. Избегнував да пишувам на оваа тема и да се замарам затоа што сум разочаран од тоа како управата раководи со тимот, ама ете денес ми се пишуваше :D
Сакам да не сум во право, сакам да биде се како што треба и да си е Челзи константно на врвот. Останува да видиме како ќе се одвива работата, ние секако немаме никаков удел во тоа.

И сега ми текна дека сакав да спомнам и дека клубот нема никаква почит кон навивачите кои секоја недела даваат пари за да одат да го бодрат. Не верувам некој менаџер некогаш да добил таква поддршка како што доби Мурињо. За да се направат глуви и да си тераат по свое.
 
Не, тешко влегува у глава дека тренерот иде пред играчите, играчи може да смениш ама тренер и не баш. И сеа како врв на целата комедија, играчите кои бунтуваа против Мурињо, најверојатно и ќе си идат на лето. :icon_lol:

Не се свесни некои луѓе тука дека може лесно да прејдеме у фидер клуб ко Арсенал или Ливерпул кој ќе е тренинг камп за продавање на играчи, а тоа лесно може да се деси ако се повлечат некои спонзори заради паузирање од лш и трофеи. Профит ќе праи клубот да, ама ќе падне еден ранг подолу. Моментално сме #allin 4 Конте.
 
Пошто се договоривме на фејсбук да не го тупиме со километарскиве постови, ќе пишам само дека се согласувам со точката за Управа.
За другово имаме различни размислувања, како што ти ми збориш за изјави на Мурињо и новинари како Роб што се негови пријателчиња, ја имам исто милион работи да кажам контра за него. За тебе Мурињо беше спасот, за мене Мурињо излезе лицемер и лажго, тоа, нека остане на тоа дека имаме различни мислења.
 
Со Ди Мариа сменија дресови на полувреме. Лошо си разбрал очигледно.
Андре Сантос се извини поради тоа што направи потег непрофесионален прво кон своите соиграчи, клубот и навивачи со менувањето на дресовите со РВП на полувреме.
Зошто би се извинувал Андре Сантос играч на Арсенал поради тоа што Ван Перси заминал да освојува титули со Јунајтед?:toe:

Нека го донесат Симеоне за тренер. Ќе почнат за кратко време крв да плукаат од напорни тренинзи, примадоните наши.
Може нема да има квалитетен фудбал за око, ама барем Абра ќе биде сигурен дека секоја фунта ќе биде квалитетно обработена од страна на играчите.

j2.jpg

j9.jpg

j4.jpg

j7.jpg

j5.jpg

Asamoah.jpg

Штета неможам другите да ги најдам оваа последната е мн добар опис :)
 
Го поштовам Конте заради ова, и заради страста со која го доживува фудбалот.
Конте на секој натпревар се радва на победа како финале да освоил, слични се со Чоло во карактер.
 
Еј сликите! А така, сакате да сте милионери и да бидете во врвот на светскиот фудбал? Е има добро да се испотите!
Конте да го потпишуваат. :)
 
A sto pravime ako slucajno Conte igra zo svojata formacia 3-5-2 , tesko ide vo Anglia toa , iako Brendan Rogers pred da dobiva otkaz nekolku utakmici igrase so takva formacia pa imase dobri rezultati kolku sto pamtam.
 
@Донев

Се согласувам со повеќето од твое мислење.

Нема да го оправдувам Мурињо, негови грешки беа тоа што имаше премногу доверба во играчи како Оскар, Хазард, Матич,Фабрегас,Коста, Иванович, Кејхил и тн. Требаше да ги седне на клупа и на нивно место да игра со младинците. Но и тоа е голем залак дури и за Мурињо, мислам тогаш ќе влезеше во отворен конфликт со управата. Плус бевме на почеток на сезона и со реално малку подобрување на формата ќе се вратевме во борбата за титулата.
Најлош потег кој го направи Мурињо беше конфликтот со Ева, сосема непотребно мислам дека беше олицетворие на гневот кој се собираше во него поради трансферите кои не му ги донесоа и поради формата и отфрлање на одговорноста дека си шампион во Англија од страна на играчите.
Тука и Тери е виновен што пречутел наместо да им одржи лекции на децата во соблекувална заедно со Иванович, и двајцата имаат авторитет за таква работа.

Еменало кога кажа дека имало паратиал дискорд меѓу Мур и играчите, требаше да се надополни дека такво нешто постоеше и помеѓу управата и Мур во поглед на засилувањата.
Факт е дека Мурињо имаше свои трансфер желби, но управата не го слушна тоа. Стојат на фактот дека истиот состав ја освоил лигата претгодната година, да тоа е точно но исто така целиот состав бележеше пад во формата, резултатот со Тотенхем кога не плеснаа силно говореше за тоа. Неможе Тери, Иванович, Кејхил да ти ја држат одбраната, едноставно тие се на залезот на својата кариера, плус станува збор за Премиер лигата, една од најинтензивните лиги кога станува збор за темпото и потребата од физичка подготвеност.
Нормално и Мурињо неможеше отворено да говори за нови засилувања, поради професионализам и доверба во играчите што ги има и кон верувам желбата за добар однос со Абра и управата.

Крај краева неможеш да не се засилуваш со квалитетни играчи кога Сити и Јунајтед без разлика што немаат резултати потрошија заедно околу 300 милиони на засилувања ако не се лажам.

Во најмала рака ни требаше уште еден играч креативец во средината, и централен бек.

И не се проблем парите, можеа комотно Микел да го шитнат и со 15 милиони плус да го донесат Имбула. Пример само. Како што паметно изработија со Коста и Фабрегас а претходно ги шитнаа Лукаку, Де Брујн и Луиз.

А овој татко му што го оправдува Хазард. Во ред разбирам повреда, тоа му се случи со Лестер некаде пред Нова Година.

Но што правеше Хазард во периодот од Август до тој натпревар?

@DeviAngel (y)

Ако не превземе Конте, мислам дека Хазард и Оскар ќе добијат шанса и кај него.
И нема да има распродажба како што мислиме ние.
 
Конте наводно потпишал веќе за вас, Бонучи го сакал прицкал за него. Али УЛТРАСОТ не го даваме :D[DOUBLEPOST=1457718839][/DOUBLEPOST]
@DeviAngel (y)

Ако не превземе Конте, мислам дека Хазард и Оскар ќе добијат шанса и кај него.

Конте и Алегри обајцата го обожаваат Оскар ненормално многу на милион интервјуа изјавија дека има преголем потенцијал во играчот но му треба добро да се развива со стабилен тренер, Алегри е запнат дека има играчиште да излези од него а досега Алегри е неверојатен со младинците, исто и Конте мн го сака.

Хазард мислам ќе игра кај вас како кај нас Тевез, кај конте нема индивидуалност има тим, лимитира креативност само тоа имајте го на ум :)

Јас лично го сакам Конте али мн ме изнервира од кога замина и за мене лично е тактички поограничен од Алегри но со голем простор за напредок. Можам да речам дека бар јас така мислам Алегри е моментално најдобар Италијански тренер со Конте веднаш зад него (таја тактичка ограниченост во Јуве го става за мене зад него) али пак ќе речам за мене лично е ова е сега дали било до играчите во Јуве како што тврдеше или не ќе докажи кај вас, Али крв ќе плукат и титула ќе освојат таков тие Контичо :D
 
Баш ме интересира колку од играчиве може да ги издржат тренинзиве ако Конте и Симеоне дојдат во ПЛ, со оглед на тоа дека Англија нема зимска пауза, и колку од нив ке имаат мускулни проблеми со интезитетов на тренинзиве. Гледам, Тотенхем добро се држат, али имаат и најмлада 11-ка у ПЛ, просек беа нешто под 25 или 24 години. Ке биде интересно да се види како еден куп постари играчи ке се носат со ваквите тренинзи.
 
Само ме плаши да не ги прегори балерините наши со напорните тренинзи па после него да го криват ако нешто не штима. :cautious:
 
@DeviAngel

Персонално според мене исклучувајќи го Гвардиола замена за Мурињо би бил Симеоне,после него се Алегри па Конте слично како твоите перференци.
 
Баш ме интересира колку од играчиве може да ги издржат тренинзиве ако Конте и Симеоне дојдат во ПЛ, со оглед на тоа дека Англија нема зимска пауза, и колку од нив ке имаат мускулни проблеми со интезитетов на тренинзиве. Гледам, Тотенхем добро се држат, али имаат и најмлада 11-ка у ПЛ, просек беа нешто под 25 или 24 години. Ке биде интересно да се види како еден куп постари играчи ке се носат со ваквите тренинзи.

Конте кај нас често знаеше да ги прегори играчите според мн експерти причината за повредата на коленото на Видал беше оти баш Конте го прегорил али сеа сето тоа е....

Кај Конте нема небитен натпревар еднсотавно истата единајска фура, ама за кондициони спремни стално беа фудбалерите и имавме мн малце повреди ама стварно ги истроши, летото кога си замина сите се исповредија до еден (битните).
@DeviAngel

Персонално според мене исклучувајќи го Гвардиола замена за Мурињо би бил Симеоне,после него се Алегри па Конте слично како твоите перференци.

Мене не ме интересира многу многу убавина на игра. Премиер лига е таква во моментов каде што резултатите се битни,посебно од финасиски аспект не смее Челси во името на убав фудбал да доживува неуспех.
Што дека Арсенал игра течен фудбал кога неможе втор да заврши а не да освои титула.

Симеоне и Конте се скоро идентични бар за мене лично во карактер и барања од истиот, додека искрено ова Алегри ми дели од нив двајца за некоај нијанса ми е подобар, прелазот на генерации во Јуве моментално и смената ја напрај како Prime Ferguson алал да му е, знај како да менаџира млади и тактички е одличен додека Симеоне и Конте се преодлични мотиватори :)

Иначе се слагам со тебе пишав и на ЛШ одамна, дефанзивниот фудбал за мене е уметност. Мн е тешко да одржиш дисциплина, форма, пресинг да оджриш и да го абсорбираш. Уживам во одличчна дефанзивна тактика јбг можда таков сум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom