- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.261
Не, не Коста игра препороден под Хидинг и то ептен се осеќа.
На последните 15 натпревари има 11 гола и 6 асистенции.
Претходно, под водство на Мурињо на 22 натпревари имал само 3 гола и една асистенција
Да не го спомнуваме и пристапот на игра од ко си замина Мурињо, залагањето итн. Доволно е само да го видиш како ги прославува голојте сега а со Мурињо не ни ги прослауваше, онака само со соиграчите ќе се поздравеше.
Факт е дека имало некое недоразбирање помеѓу нив.
Откако дојде Хидинк целокупната атмосфера во тимот е подобрена. Следствено на тоа, подобрена е и играта. и формата на одредени фудбалери. Со Мурињо тешко правевме шанси, имаше многу малку употребливи топки за Коста. Затоа и тој беше незабележлив и се создаваше впечаток дека не дава се од себе.
Недоразбирање можеби имало, но не верувам дека јазот помеѓу нив бил толку голем, за да Коста не игра добро со цел да му наштети на Мурињо.