Лош тајминг беше тоа со Куртоа, го закачи по нога и си доби црвен, Исправна одлука на судијата. Куртоа мораше да истрча ептен избега Гомис и со сигурност ќе влезеше во гол-шанса. Одбраната ја усраа работата, не го чуваа и не пратеа доволно па им избега и од чување и од офсајд стапица.
Инаку, Челзи не мора да купува централен дефанзивец, доволно е Ивановиќ да почне да си игра на неговата најприродна позиција. Што ќе рече, ни требаат бекови.
Ивановиќ во дефанзива изигра одлично, имаше одлични стартови, со годините му е намалена брзината, што значи дека не може да игра бек.
Куртоа имаше добри одбрани, црвениот си беше заслужен, а можеби и неопходен.
Ивановиќ, доста мака виде со Монтеро, ја нема веќе брзината потребна за еден бек.
Кејхил и Тери, солидни, трчаа, блокираа, ама и нив ги претрчуваат прилично лесно, не треба Челзи да игра со висока одбранбена линија.
Азпиликуета стандардно добро си врши задачите.
Матиќ добар, само слабо со долгите топки.
Фабрегас имаше доста додавања, ама и релативно лесно губеше топки, ми делува како да не е во форма.
Азар, пасивен до исклучувањето на Куртоа, после се разигра ама касно.
Оскар играше одличен, даде гол, неговото вадење од игра беше принудно.
Вилијан добар, доста трчање даде, а и поради неговите активности падна и вториот гол за Челзи.
Диего Коста доста разигран, но и добро чуван од одбраната на Свонси. Поради неговото претходно поведение, судиите се поретко му судат фаули, тоа се виде денеска во неколку наврати.
Од измените:
Беговиќ изигра солидно, прими гол од пенал, но пенал си е пенал.
Зума беше тактичко решение на Мурињо, да постави уште еден ѕид пред одбраната.
Фалкао го замени Вилиан, борбен, добро ја гради топката, шутна еднаш, млако.
Екипата е вон форма, што мене бааги ме загрижува.
Тоа е тоа, следи нафташкото дерби со Сити

има време за тренирање.