Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Обавезно да ставите слики од собиранка!


За мене очекуван тек на утакмицата, по којзнае кој пат Мурињо се докажа како добар стратег во дерби утакмици, точно знае што сака и знае како да дојде до тоа.
Да не беше таа грешка на Тибо ќе победевме 100% ама и вака не е лошо +5 си крцкаме полека кон титулата.

Зума според мене е играч на натпреварот, можеби имаше една до две мали грешки на почетокот, другите ситуации ги реши перфектно.
Сигурен сум дека ако добива редовно шанса, го имаме наследникот на Тери.
Исто и Реми супер си ја искористи шансата, постигна гол плус доста придонесе во пресинг играта.
За пофалби исто е и партнерството на Рамче и Матич.

За Иванович се согласувам мора да одмори малце, штом ни се врати Фелипе од повреда.
Денеска беше убедливо најлошиот поединец.

Незнам за вас но мене поубаво ми е да ги гледам на клупа Аке, Лофтус од што Ричардс и Мозес, Марин, Салах. (мислам како трета опција)
 
Играш против можеби најочајниот Сити последните неколку сезони, на домашен терен и цело второ полувреме не се ни обидуваш да им стигнеш до 16ник. Шут немавме во второ ебаго. А со победа идеш на +8 и ги расчистуваш можеби сите дилеми околу титулата. Мурињо шефе аман веќе.

Не знам за вас, ама воопшто не сум задоволен од перформансот денес во второ полувреме. Се чувствувам како да изгубивме, нервоза ептен ме тепа.

Зума :bravobe:
 
Мееех, онака утакмица, можевме и да тепаме, и да изгубиме, али со оглед на прикажаното, зимај си бодче и ќути си. Во напад подпросечно накај лошо, во одбрана океј. Јбг се дешава, лошо ја исфрли Куртоа, требаше да ја остаи, ќе отидеше на страна.

Иначе, нема фотки. :D Малкуцка бевме, 8 души сосе Илумиус, драгонот не дојде од тие што рекоа дека ќе дојдат.
 
колку лесно е да коментирате пред телевизор.
значи пред натпреварот ништо не одеше во полза наша, Диего Коста го суспендираа два дена пред натпреварот, медиумите во Англија полудеа за неговите валкани игри, Мурињо истотака оштетен заради приговор за судиите, после то следеа повредите на Фабрегас, Луис за Иванович не се знаеше дали ке игра, останавме без двајца играчи на клупата значи ослабени на клупа до тука бидва, вие не сте биле задоволни со ваков резултат со требаше 5 0 да ги добиеме Сити? Јас кажав, ова утакмица нема да го одлучи шампионот, гледам позитивно оти можеше да биди и полошо ако победеа Сити а имаа доста шанси денес да дојдат до победа ке ни дојдеа на 2 бода, е тогаш ке ве видев. Вака не е лошо со оглед на распоредот натпревари шо следи, Сити го чека доста потежок распоред, така да олабајте трпение малце знај Мурињо шо прај.
 
Дали некој имат информација до кога е трансфер периодов? Денеска завршвит или бидејки е викенд ке бидит продолжен?
 
Доцнам многу, ама еве дури сега стигам :D

Денес катастрофа утакмица, не сум задоволен од играта, не ни дава задоволство на фановите дур гледаме. Покрај лошата игра, со 0 креативност и тактиката базирана на одбрана, дадовме гол за 1-0 шо испадна супер, ама неможи на дерби утакмица предност стекната фактички на тежок начин и без добра игра да ја прокоцкаме за 3 минути, после огромна грешка на Куртоа.
Само Зума ќе си го пофалам денес, 20 години е, ама најубо изигра, има светла иднина кај нас.
После то, нормално во исто темпо продолживме со паркирање на автобусот, а игравме на домашен терен со најголемиот ривал за титула, место да играме офанзивно со предноста на домашен терен и да ги дотолчиме во трката за титула, ние се браниме во формација 9-0-1.
Мурињо најпоќе го обожавам како тренер, со неговите изјави, тактики и итри потези.
Ама на моменти ми се гади од неговата тактика за одбрана, ајде да чуваш резултат во реванш утакмица во Куп или сл. добро, ама играме фактички за победа која можда ќе значи и титула..
Мене искрено не ми се допаѓа и немам задоволство ко ќе ги гледам така Челзи наредени 9-0-1 формација и ајде.
И Сити не изигра убо, плус фалеше Јаја Туре во нивната игра, се гледаше то, неможат ни Фернандо ни Фернандињо да го заменат, да беше Туре и со наша ваква игра мислам дека ќе изгубевме.
Се надевам дека ќе го освоиме Кепитал Купот, и некако ако дотуркаме да освоиме Премиер Лига
За Лига на Шампиони со ваква игра и тактика немам многу надежи сезонава, ако дотуркаме пак полуфинале нема да биди лошо. Факт е дека не сме на ниво на Барса и Реал Мадрид, Мурињо игра кукавичка тешка дефанзива на големите утакмици, а Барса и Реал одат на победа, како големи екипи, а ние како да сме малечка скромна екипа и со тешка дефанзива пробваме да напрајме нешто. Ете баш ме интересира ако се падниме баш со нив шо ќе биди.
 
Последно уредено:
Ме интересира гледам некој спомнал назад дека куртоа треба да се седни на клупа ако продолжи вака(нешто во таков контекст)
колку бода не коштаа сезонава грешките на куртоа ??
и зошто да биде седнат поради една грешка кога феноменално си ја брка работата?
 
Друг пат поише да се собереме, не зезајте. :D

Со Арсенал или со Јунајтед, комбинирано пратење може да напраиме. Али со оглед дека у сите три фан клуба има луѓе со краток фитиљ, да не се испотепаме... :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom