Доцнам многу, ама еве дури сега стигам
Денес катастрофа утакмица, не сум задоволен од играта, не ни дава задоволство на фановите дур гледаме. Покрај лошата игра, со 0 креативност и тактиката базирана на одбрана, дадовме гол за 1-0 шо испадна супер, ама неможи на дерби утакмица предност стекната фактички на тежок начин и без добра игра да ја прокоцкаме за 3 минути, после огромна грешка на Куртоа.
Само Зума ќе си го пофалам денес, 20 години е, ама најубо изигра, има светла иднина кај нас.
После то, нормално во исто темпо продолживме со паркирање на автобусот, а игравме на домашен терен со најголемиот ривал за титула, место да играме офанзивно со предноста на домашен терен и да ги дотолчиме во трката за титула, ние се браниме во
формација 9-0-1.
Мурињо најпоќе го обожавам како тренер, со неговите изјави, тактики и итри потези.
Ама на моменти ми се гади од неговата тактика за одбрана, ајде да чуваш резултат во реванш утакмица во Куп или сл. добро, ама играме фактички за победа која можда ќе значи и титула..
Мене искрено не ми се допаѓа и
немам задоволство ко ќе ги гледам така Челзи наредени 9-0-1 формација и ајде.
И Сити не изигра убо, плус фалеше Јаја Туре во нивната игра, се гледаше то, неможат ни Фернандо ни Фернандињо да го заменат, да беше Туре и со наша ваква игра мислам дека ќе изгубевме.
Се надевам дека ќе го освоиме Кепитал
Купот, и некако ако дотуркаме да освоиме Премиер
Лига
За Лига на Шампиони со ваква игра и тактика немам многу надежи сезонава, ако дотуркаме пак полуфинале нема да биди лошо. Факт е дека не сме на ниво на Барса и Реал Мадрид, Мурињо игра кукавичка тешка дефанзива на
големите утакмици, а Барса и Реал одат на победа, како големи екипи, а ние како да сме малечка скромна екипа и со тешка дефанзива пробваме да напрајме нешто. Ете баш ме интересира ако се падниме баш со нив шо ќе биди.