Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Во кратки црти.

Да бидеме реални за голот што го примивме криви се Кејхил и Чех т.е 50/50. Чиста невнимателност.
Не беше добро позициониран Чех иначе без никакви проблеми ќе ја фатеше топката.
Лампард треба да одмори,факт.
Торес :cuc:Браво мајсторе,продолжи вака,молим те.

Честито победа,да ни се множат !!! KTBFFH !!!
 
Не се слажам Змејски, Мозес е тркач ништо повеќе, Волкот стил. Не користи мозок него оди на сила. Нема завршница, пас центаршут.
Можеби има талент, но моментално е само просек.

Ширле е за класа подобар во се барем според мене.

За Вилијан не знам што да мислам имаше добри партии но не покажа којзнае каква игра. Ќе видиме понатаму али сега за сега е втор план.

Брујн е Мата тип на играч, технички играч, играч со мозок, но од некоја причина моментално Мурињо не преферира таков тип на играчи. Не значи дека нема да добијат шанса понатаму, еве можеби токму против Арсенал ќе биде таа шанса.

Но во побитните натпревари пл и лш следниве месец дена треба да форсира еден ист состав можеби со 1 до 2 замени, за да се стабилизира тимот со резултати и да се уигра.
 
ОВА ПОСЕБНО МИ СЕ ДОПАДНА <3

tumblr_mvcaofmsJS1slb0t5o6_250.gif

Некоја подолга верзија од гифов ако излезе нека ја постира некој тука :)
 
Иван,

не би рекол дека Мозес е играч без мозок.Првите месеци можеби да.Со Бенитез добиваше повеќе минутажа и даваше се од себе.Имаше доста добри партии.Сеуште жалам што го дадовме.
 
Епа што викам јас, го смени во прав момент. Се гледаше на моменти дека е уморен, цело прво полувреме не застана трчаше напред назад.
Ама далеку е посигурен со топка за разлика од Микел, али се слажам треба да биде почесто одмаран барем да излегува како денес во 70+ мин и да паузира една утакмица во 3,4 натпревари.

Но Мурињо се уште не може да си дозволи луксуз да ризикува и да ги остава најдобрите играчи на клупа, затоа што гнидите новинарски веднаш ќе му рипнат и ќе му створат без потребен притисок.
Верувам како одминува сезонава дека се повеќе ќе добива одмор, али моментално ни треба во тимот затоа што ни требаат резултати.

Ме чуди зошто на Есиен не му даде воопшто шанса, па во Реал играше повеќе.
 
Си заслуживме победа, го увидоа тоа изгледа и од Сити па на крај ни помогнаа :D
Прво полувреме реков освен почетокот малце, одлично го изиграа. Кога тргнаа накај гол, не застанаа. Тоа се бараше. Многу лесно уште на полувреме можеше да водат со 2-0 и после ќе беше многу полесно. Во второ требаше само стабилно да се почне првите 10 минути, а примивме гол многу брзо. Глупо е за секој гол да се бараат кривци. Агуеро изигра одлично тука и шутот беше феноменален.
После секако дека малце се разниша играта, ама сепак остана на добро ниво и ете на крајот ни се посреќи да си ги земеме трите бода кои ги заслуживме.

Против Арсенал секако се оди на победа. А и освен ако Венгер не излезе со прв тим, несмеат да изгубат зошто сигурно ќе играме со Ето/Ба, Мата, Де Брујн, Есиен...
 
Само Моу знае зошто Азпи, Есиен и КДБ не добиваат шанса. А нормално дека знае, затоа што ги гледа на тренинзи. Ние само може да чекаме кога ќе добијат шанса да се докажат. Иван е во право, уште треба да се игра вака, без многу ротирање и измени, за да се воигра и да се постви основа во игра, па потоа да почне со ротација и мали промени, инаку само ќе талкаме без никаква игра и реализација. Сега за сега Моу топ си ја врши работата, бар што е до мене, немам никаква замерка. У почетокот му се лутев и го пцуев поради Мата, ама сфатив дека е во право, навистина е Мата вон форма, и моментално Оскар игра феноменално, немам веќе никаква замерка.
За мене Лампард денес си одигра солиден меч, он и Пирло играат иста улога во своите тимови, Јувентус без Пирло е каде-каде послаб и понеорганизиран, потребен е таков играч во секој тим, денес Френки беше вистински лидер, играше многу добро во дефанзива, и со Рамче се најубавата комбинација до сега што играла во средина на Челзи, штета што Лампард не е малце помлад. Се надополнуваат еден со друг. Ама како и да е, топ сме средени на таа позиција, Микел игра одлично, само кога ќе согледам дека Сити плати за Фернандињо 40 милиони, а тој неможе ни вода да му носи на Микел, се виде денес каква класа е Микел на таа позиција, иако игра малку.
 
И остајте го драгонски, и титула во ЛШ да земеме сезонава со хет трик од Шурле, пак ќе збори против него. Неможе да ги преболи тие 20 милиони кои ги даде од свој џеб :D
 
Змејски го зимајте со резерва бе, невиден трол е. Сигурен сум да почне Шурле да играм АМ, на Змејски ќе му биде омилен. Некако опседнат е со АМ позицијата:icon_mrgr:
 
Во право е со Ам позициите, дали дека Челзи западна во криза со таа позиција периодот 2010/12 па сега да надокнадиме и за тогаш.
Премногу играчи има на тие позиции ај во составот само Брујн е вишок па се трпи некако.
Ама на позајмици ги имаме најмалце 5-мина и тоа може да се каже сите се зрели за прв- втор избор.
Па уште ако се земе некој во јануари. :)
 
Јас мислам дека денешниот тим треба повеќе да се уигрува, со некои промени. Микел на местото на Лампард. Не знам за вас ама на мене Микел ми влева подлабока сигурност во средината на теренот. Лампард во последните неколку утакмици упатува напамет топки напред што одат во гол-аут. Исто така сметам дека место Шурле би требало да се врати Мата. Сепак неможе Шурле да ја има визијата на Мата. Да го пушти Мата да одигра некоја утакмица и да се врати во форма и после ке бидеме тип топ. Некои од вас прашуват зошто не ги играл Мурињо Азпуликуета, Есиен, Де Брујн... Епа како што кажа Hot Ice, тој гледа на тренинзите кој треба да игра а кој не. Факт е дека сите се топ играчи, ама оди играј го Азпи сеа, кога Ивановиќ е во животна форма, или Де Брујн кој од почеток ништо не покажа на местото на одличните Оскар и Шурле а Есиен сепак не е уште на посакуваното ниво според мене а тоа сигурно го гледа Мурињо на тренинзите!
 
Прочитав Давор само да не те цитирам да не трупаме постови комшиите ќе помислат дека сме освоиле лш. :)
 
Прочитав Давор само да не те цитирам да не трупаме постови комшиите ќе помислат дека сме освоиле лш. :)



Па ме праша, ти одговорив. Дискутираме, затоа и е наменет форумов. Ма да, твое право е и да не сакаш да продолжиш, јас само да ти кажам дека не сум избегал.
 
Само едно не ми е јасно.Како тоа Оскар денес потврдил дека е подобар од Мата?Не направи ни една шанса,центаршутот му е за нигде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom