Само Моу знае зошто Азпи, Есиен и КДБ не добиваат шанса. А нормално дека знае, затоа што ги гледа на тренинзи. Ние само може да чекаме кога ќе добијат шанса да се докажат. Иван е во право, уште треба да се игра вака, без многу ротирање и измени, за да се воигра и да се постви основа во игра, па потоа да почне со ротација и мали промени, инаку само ќе талкаме без никаква игра и реализација. Сега за сега Моу топ си ја врши работата, бар што е до мене, немам никаква замерка. У почетокот му се лутев и го пцуев поради Мата, ама сфатив дека е во право, навистина е Мата вон форма, и моментално Оскар игра феноменално, немам веќе никаква замерка.
За мене Лампард денес си одигра солиден меч, он и Пирло играат иста улога во своите тимови, Јувентус без Пирло е каде-каде послаб и понеорганизиран, потребен е таков играч во секој тим, денес Френки беше вистински лидер, играше многу добро во дефанзива, и со Рамче се најубавата комбинација до сега што играла во средина на Челзи, штета што Лампард не е малце помлад. Се надополнуваат еден со друг. Ама како и да е, топ сме средени на таа позиција, Микел игра одлично, само кога ќе согледам дека Сити плати за Фернандињо 40 милиони, а тој неможе ни вода да му носи на Микел, се виде денес каква класа е Микел на таа позиција, иако игра малку.