Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Алал му вера на Мурињо!

Ептен паметен човек според мене...ова со трофеите му е да си обезбеди работата за понатаму. Ако почне слабо во ПЛ и Абрамович го викне на разговор, Мурињо ќе се брани дека освоил 2 трофеи во 3-4 месеци работа. Најс џоб, нема шо. (y)
 
Алал му вера на Мурињо!

Ептен паметен човек според мене...ова со трофеите му е да си обезбеди работата за понатаму. Ако почне слабо во ПЛ и Абрамович го викне на разговор, Мурињо ќе се брани дека освоил 2 трофеи во 3-4 месеци работа. Најс џоб, нема шо. (y)

Бравоо, чекај да одам сладолед да ти купам, или нешто друго сакаш?
 
Задоволен сум од моменталниот состав што го имаме. Конечно сезонава ќе имаме и јака клупа, а не како минатите години да ја крпиме со опад и дечурлана, а побитните играчи да играат по 50 и кусур натпревари.
Имаме замена за речиси сите играчи во тимот освен за Кол, но ајде малце да види мака и Тери/Луиз со Бертранд.
До сега презадоволен сум од игрите на Лукаку и Де Брујн.

Многу го потценив Лукаку, има голем напредок од позајмицата во Вба, е сега се зависи дали ќе доведеме некој „50“ милионски напаѓач до крајот, но ако не се случи тоа верувам дека добро ќе си ја искористи шансата дадена од Мурињо.

Брујн покажа дека има одлична техника и осет- визија за игра.
10 пати е по интелигентен од Мозес, е сега доколку го служи здравјето т.с недај боже да му се случи нешто слично како Марин, сезонава тој ќе ни биде значајно засилување за десната страна.

Реков и претходно дека Есиен ќе се врати препороден од Реал, не е некое мерило да се види до кај е бидејќи сепак играме со полупрофесионални екипи, но убаво е да се види пак назад во Челзи мотивиран и со желба да се наметне во првиот тим.

Исто така и Гинкел ме изнади доста, со оглед дека доаѓа од Холандија и тоа не од Псв, Ајакс туку од тим кој е во сенка. Не е платен многу така да нема некој притисок врз него, има потеницал само ќе треба да се работи паметно со него. Сезонава не очекувам некој голем придонес од него, но некои 10, 15 настапи ќе бидат доволни како за дебитанска сезона.

Давор пиша интересно мислење за Ширле, не знам на што се крепи неговото мислење бидејќи до сега не покажа апсолутно ништо што може да ги оправда 20-те милки дадени за него. Најверојатно го има гледато во Леверкузен и скаутирано. :D
Да избори место пред Хазард нема шанси, но барем најдовме каква такава замена, нема да се крпиме со Бертранд.

Друго нешто многу битно е кога ќе се врати Оскар веднаш да биде пркомандувам во средината. Минатата сезона играше на крило затоа што бевме премногу тенки таму, но сега Брујн ќе игра , како фидбек ги имаме Ширле/Мозес така да нема потреба да се форсира на неприродна позиција.

Само да се ослободиме од Мата, Луиз и Аспи да се прати на позајмица и спремни сме да палиме, жариме и гасиме.... :D
 
А колку изнесуваше трансферот на Ван Гинкел?
 
Иван замена за Кол е Бертранд (не е он за Хазард замена, тоа беа тактички киксови што го играа него лево крило). Можда не е добра ама сепак е замена :D
Давор го брани Ширле пошто е негов пулен и ќе го брани уште 2 сезони макар и катастрофа да е :D Ама реално од 2 меча не може да го судиме Ширле ќе видиме што ќе бидне од него, сигурно мотивација ќе му биде да се бори за место во тимот.

Донев- во моментов не знам точно али сигурно под 20м евра е ако не се лажам.
 
Мислам дека ова лето треба да потпишаме пред-договор со Luke Shaw, супер лев бек, само сеуште е млад(18) и би можел да остане уште 2 сезони во Саутемптон и потоа да дојде во Челзи. Бертранд не ми се свиѓа како игра на бековската позиција ниту пак како крило, макар што нема многу минутажа ама сепак претходната сезона доби доволна минутажа за да добијам такво мислење.
 
Де Брујне 2до3 недели нема да игра. Како што реков тамам на време за почеток на сезона, штета што најверојатно нема да ги игра пријателските во САД али ако ништо друго најверојатно ќе може да игра со Рома според мене.
Се надевам дека нема да бидне иста ситуација како со Марин кој цела година влечеше повреда и на крај тотално се изгуби во тимот и не ни добиваше шанса.
--- надополнето: 22 јули 2013 во 20:29 ---
3dsP0KF.gif

:cuc:
 
Edno prasanje do fanovite na Celzi>
So se sluci so Van Anholt ? Gledam vekje nekolku sezoni ne dobiva sansi ni na pripremite.
Isto i za brakjata Clifford,dali se uste vo Celzi ?
 
Сите можни документарци и емисии за Мурињо :):)
http://www.reddit.com/r/footballdow...mourinho_documentaries_videos_season_reviews/
--- надополнето: 22 јули 2013 во 22:42 ---
Edno prasanje do fanovite na Celzi>
So se sluci so Van Anholt ? Gledam vekje nekolku sezoni ne dobiva sansi ni na pripremite.
Isto i za brakjata Clifford,dali se uste vo Celzi ?
Им завршија договорите на браќата..
За Анхолт мислам дека е тука некаде по квалитет со Бертранд и дека требаше да игра барем на една турнеите летово.
 
Сите можни документарци и емисии за Мурињо :):)
http://www.reddit.com/r/footballdow...mourinho_documentaries_videos_season_reviews/
--- надополнето: 22 јули 2013 во 22:42 ---

Им завршија договорите на браќата..
За Анхолт мислам дека е тука некаде по квалитет со Бертранд и дека требаше да игра барем на една турнеите летово.

Едниот од тие Клифорд мислам го пуштија на позајмица во Јеовил, а Анхолт му ја продужија позајмицата во Витезе и за оваа сезона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom