Задоволен сум од моменталниот состав што го имаме. Конечно сезонава ќе имаме и јака клупа, а не како минатите години да ја крпиме со опад и дечурлана, а побитните играчи да играат по 50 и кусур натпревари.
Имаме замена за речиси сите играчи во тимот освен за Кол, но ајде малце да види мака и Тери/Луиз со Бертранд.
До сега презадоволен сум од игрите на Лукаку и Де Брујн.
Многу го потценив Лукаку, има голем напредок од позајмицата во Вба, е сега се зависи дали ќе доведеме некој „50“ милионски напаѓач до крајот, но ако не се случи тоа верувам дека добро ќе си ја искористи шансата дадена од Мурињо.
Брујн покажа дека има одлична техника и осет- визија за игра.
10 пати е по интелигентен од Мозес, е сега доколку го служи здравјето т.с недај боже да му се случи нешто слично како Марин, сезонава тој ќе ни биде значајно засилување за десната страна.
Реков и претходно дека Есиен ќе се врати препороден од Реал, не е некое мерило да се види до кај е бидејќи сепак играме со полупрофесионални екипи, но убаво е да се види пак назад во Челзи мотивиран и со желба да се наметне во првиот тим.
Исто така и Гинкел ме изнади доста, со оглед дека доаѓа од Холандија и тоа не од Псв, Ајакс туку од тим кој е во сенка. Не е платен многу така да нема некој притисок врз него, има потеницал само ќе треба да се работи паметно со него. Сезонава не очекувам некој голем придонес од него, но некои 10, 15 настапи ќе бидат доволни како за дебитанска сезона.
Давор пиша интересно мислење за Ширле, не знам на што се крепи неговото мислење бидејќи до сега не покажа апсолутно ништо што може да ги оправда 20-те милки дадени за него. Најверојатно го има гледато во Леверкузен и скаутирано.

Да избори место пред Хазард нема шанси, но барем најдовме каква такава замена, нема да се крпиме со Бертранд.
Друго нешто многу битно е кога ќе се врати Оскар веднаш да биде пркомандувам во средината. Минатата сезона играше на крило затоа што бевме премногу тенки таму, но сега Брујн ќе игра , како фидбек ги имаме Ширле/Мозес така да нема потреба да се форсира на неприродна позиција.
Само да се ослободиме од Мата, Луиз и Аспи да се прати на позајмица и спремни сме да палиме, жариме и гасиме....
