Со Валас се искористува опцијата од трансферот на Деко, Челзи да има право на еден нивен млад играч. Изгледа дека овој е најдобриот нивен играч според нашиве скауите. Како и да е, нека му е со среќа, ионака на таа позиција сме дефитицитарни, а и Бане ќе си се врати централно и ќе имаме два тандема на стопери Бане/Тери, Кехил/Луиз. Аспи и овај на десен бек.
За мечов сакам ѕверов да се пушти од ланци:

За мечов е најбитно кој даде прв гол. Ако Шахтар пак први постигнат гол, тогаш ќе можат да ја играат нивната игра преку контри, а видовме колку сме опасни, во тој случај ќе бидеме во многу тешка ситуација, но лично верувам во победа против Шахтар, и лани против Наполи бевме во иста ситуација, па објаснивме на цела Европа кој е кој.
Ако ние дадеме први гол, ќе можеме да си ја играме пак нашата игра, и очекувам уште 2-3 гола во мрежата на Шахтар, под услов Стариџ да е прв шпиц.
Според изјавите на Роби и Мата, можеме да заклучиме дека се свесни за важноста на мечов, и очекувам голема мотивација од страна на Роби за играчите, и да им всади во глава дека и покрај сите скандали кои не задесија да бидеме најдобри, да останеме на нивото, бидејќи очигледно е дека сите дешавки не погодија, и се рефлектира на терен.
Идеме Челзи, KTBFFH!