Јас очекувам Челзи да се воигра до декември, од проста причина ова е најлогично бидејќи купивме многу нови играчи, допрва од тимот треба да си заминат други играчи, целиот тим не е скоцкан сеуште, па затоа и РДМ сеуште неможе да крои соодветна тактика и формација, но мислам дека нема да отстапи од својот 4-2-3-1 систем, за кој јас мислам дека му највеќе одговара на Челзи.
Единствен проблем во тимот е Ди Матео, не од тактички аспект, затоа што против Барселона, Наполи и Баерн покажа дека знае тактички да изигра и да затвори цел тим, да не ги спомнувам партиите против Ливерпул и Тотенхем, проблемот е во неговото справување со притисок, лани работеше на раат откако замина АВБ, а сега ќе видиме, но се надеам дека ќе вади добри резултати како што се бара од него бидејќи после Мурињо ми е омилен тренер, се гледа дека работи со голема љубов спрема Челзи, наша легенда е, бил клучен и како играч, а беше клучен и да освоиме ЛШ, така да ќе ми биде многу криво ако после минатата сезона сега се избламира, но јас силно верувам во него.
Очекувања од целиот тим се знае кои се, со ваков тим каков имаме плус Цезар и Мозес се друго освен шампиони е пропала инвестиција, се друго освен финале е пропала инвестиција, никаква топ4, сакам да освоиме ПЛ, но да видиме за колку бргу ќе се воиграат Мозес и Оскар, поточно целиот тим, особено Хазард кој на крило не импресионираше.