Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Како што се најавуваше, значи до крајот на неделава 2 нови играча на позиции на кои сме најтенки, одлична работа. Летово можеме да го затвориме и прогласиме како едно од најдобри на кои сме настапиле, одлична работа од управата.
Е сега, ако Роби и екипа со овој тим не успеат да освојат ПЛ, ондак нема потреба од коментари, Роман знае што треба, идеме на сите фронтови да бидеме шампиони!
 
^
Знам дека имаме тим што на хартија би требало да се бори за ЕПЛ и дека може да ја освои лигата ама во пракса ќе им треба време да се воиграат играчите.
 
Олабајте се . Пријателски се. Лани до Февруари месец бевме срање, никој не очекуваше дека ќе направиме такво изненадување.
Се пробуваат тактики и формации, ништо страшно. Пријателските се одличен показател за Ди Матео за тоа дали и колку некој ќе игра наредната сезона.
Рамирес дефинитивно не е за десно крило, потребен ни е играч на таа сезона. Марин ќе земе некому место во прв тим, сигурен сум.
Хазард и Мата често ќе ги менуваат опциите, а Торес ќе биде главниот шпиц.
Десен бек е потребен, да ротира со Ивановиќ, и веројатно тој Шпанецот со заебано презиме ќе потпише неделава.

Се ќе биде океј. Се враќаат Стариџ, Бертранд, Ромеу, Мата и Оскар, плус најверојатно две засилувања.
И полека, ова се нови играчи, смена на генерации, 8 сезони изгураа едните, сега полека но сигурно си заминуваат во историјата. На повидок се нови, исто така надежни и квалитетни кои ќе го носат Челзи на грб, во наредните 8-9 сезони.

Не ми се верува дека отсега некој спомнува бркање на Ди Матео, губење надежи дека Челзи не може ништо посериозно да направи.
 
Кога ја доби Ди Матео работата на АВБ, никој од него не очекуваше да направи нешто повеќе. Мојот коментар беше како очекува Роман Ди Матео да воведе ред во тимот кога не успеа АВБ. Немаше никаков притисок врз Ди Матео, и си работеше слободно со љубов. Успеа да го извади максимумот од играчите и ни донесе два трофеи.
Постави високи стандарди и оваа сезона ќе се очекува многу од него, а не сум сигурен дали ќе успее да ги исполни очекувањата.
Тимот со кој располага на хартија изгледа многу моќно, способен да се бори за трофеј на секое поле. Но, има доста нови, млади играчи кои ќе треба да се адаптираат. Јас мислам дека нема баш најдобро да ја почнеме сезонатаи и ќе губиме поени на почетокот но би требало од октомври или ноември да почнат подобро да играат.

Во ПЛ сезонава не очекувам многу. Ќе бидам задоволен со топ 4. Јунајтед и Сити пак ќе се борат за врвот, но би требало и Челзи колку толку да се вмеша. Да не бидам погрешно сфатен, сметам дека Челзи е доволно квалитетен за да освои ПЛ, но не очекувам да успее во тоа сезонава. Сепак, може да изненадат.
Во КШ со Сити може се да се случи, па ќе почекаме. Во Карлинг куп ќе играат младите и не очекувам да направат нешто повеќе, а во ФА куп би требало да има посериозен пристап. Против Атлетико очекувам победа, а и во Светски Клубски Куп. Е за ЛШ ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Потребна е и малце среќа.

Се на се, не си поставувам некои големи очекувања за сезонава за да не бидам после разочаран. Ќе одиме утакмица по утакмица па ќе видиме што ќе биде.
 
Latest transfer rumours:
- Marseille will accept Chelsea's offer of around £7m + appearence bonuses.Cesar Azpilicueta to be confirmed by the weekend as blues hold squad #13 for him.
- Chelsea have beaten Napoli and Juventus to the signing of Fluminense right-back Wallace.
Wallace,18,is already part-owned by Chelsea following the transfer of Deco to Fluminense.He is unlikely to be part of the 1st team as Cesar Azpilicueta is expected to join Chelsea in the coming weeks.

Иначе од Азпиликуета не очекувајте премногу. Дој е подефанзивен играч за разлика од Иванович или на пр. Босигнва.
Не е многу брз и не е многу силен ама затоа е добар при игра 1 на 1 со противнички крилни играчи.
 
Иначе и со Хулк не е скроз завршено, изгледа после ОИ ќе пробаат уште еднаш да се договорат. Но ако се зима Мозес не очекувам и Хулк да го донесат.
 
Премногу пари се потрошија летово само да не испаднат тапа трансфериве...
Хулк би бил прескап.
Максимум 30милиона јас би дал за него. И тоа може да се смета за многу ама еве да речеме толку.
А не 40+ како што бараат :eek:
--- надополнето: 6 август 2012 во 23:31 ---
tumblr_m8coynFB1V1rwd38ho8_400.gif


:cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc: :cuc:
Не би било лошо еден ден да дојде на менаџерската позиција во Челзи. Мислам дека би направил успех сличен на тој на РДМ
 
Незнам што се чека за да го продадат оној Бенајун трупецот кога веќе се загреани за овој Мозес.
 
Јас очекувам Челзи да се воигра до декември, од проста причина ова е најлогично бидејќи купивме многу нови играчи, допрва од тимот треба да си заминат други играчи, целиот тим не е скоцкан сеуште, па затоа и РДМ сеуште неможе да крои соодветна тактика и формација, но мислам дека нема да отстапи од својот 4-2-3-1 систем, за кој јас мислам дека му највеќе одговара на Челзи.
Единствен проблем во тимот е Ди Матео, не од тактички аспект, затоа што против Барселона, Наполи и Баерн покажа дека знае тактички да изигра и да затвори цел тим, да не ги спомнувам партиите против Ливерпул и Тотенхем, проблемот е во неговото справување со притисок, лани работеше на раат откако замина АВБ, а сега ќе видиме, но се надеам дека ќе вади добри резултати како што се бара од него бидејќи после Мурињо ми е омилен тренер, се гледа дека работи со голема љубов спрема Челзи, наша легенда е, бил клучен и како играч, а беше клучен и да освоиме ЛШ, така да ќе ми биде многу криво ако после минатата сезона сега се избламира, но јас силно верувам во него.
Очекувања од целиот тим се знае кои се, со ваков тим каков имаме плус Цезар и Мозес се друго освен шампиони е пропала инвестиција, се друго освен финале е пропала инвестиција, никаква топ4, сакам да освоиме ПЛ, но да видиме за колку бргу ќе се воиграат Мозес и Оскар, поточно целиот тим, особено Хазард кој на крило не импресионираше.
 
Можеби се дига толкава фама за Мосес, за да им текне на тие од Порто да попуштат за Хулк. Којзнае. Но јас го сакав џупацов во Челзи, ќе видите дека ако го земеме ќе биде пријатно изненадување за сите.
 
Според најновите шпекулации Азпиликуета до крајов на неделава ќе го помине медицинскиот преглед во Челзи и во следниве 7 дена се очекува договорот да биде официјализиран.
Од друга страна наводно Виган ја одбиле понудата на Челзи од 7.5м и бараат 8.5м.
Бенајун е на излезна врата од Челзи и до крајот на транфер периодот најверојатно ќе најде нов клуб.
 
Листата не е сеуште официјална, допрва треба да дојдат Мозес и Цезар, да си заминат Малуда, Бенајун, Анхолт на позајмица во Витесе, и уште многу други, така да не се замарајте, оваа листа е ради реда.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom