Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Поголема превара од Бакајоко има ли? Тотално небитен играч у средина, Фабрегаз ни 10 посто не е она шо беше. Мртва средина без креатовност нема што да бараме ни у ЛШ ни ПЛ.

Не ни спомнав играч од Челси,цела екипа е дно споредбата а направив со Шарави најограничениот играч кој изгледа како Меси на овој меч.Рудигер изгледа има заборавено дека летово направи трансфер од Рома,дека не е веќе нивен играч,Бакајоко бар 3/4 играчи од Рома го претрчаа и го направија мајмун,Фабрегас кутриот на 5 метра пас неможи да направи,Мората се влечи како црево во нападот и како ради реда игра.Само Педро и до некаден Хазард што се трудеа да направат нешто во полувремето.

Едит:Морам да се корегирам Бакајоко и Фабрегас не се само дно,тие се дно под дното..
 
Последно уредено:
Полека во Арсенал се претвараме нема ништо чудно тука.

Секоја чест за Конте што лани освои титула, навистина еден од најголемите успеси за Челзи беше тоа, освојување на ЕПЛ со таков тим...браво.

Што и да се случи сезонава не е нешто ептен изненадувачки реално.

Ќе бидам загрижен за клубов ако изгубиме од Јунајтед, тоа веќе би значело забрзување до "станување Арсенал" вака...очекувам некоја си ок сезона...онака Арсенал од пред 4-5 години..

Победи тука, реми таму, пораз ваму....заврши четврти во лига, заврши втор во група ЛШ јади го стапот во 1/8 финале (или ете ако имаме среќа да избегнеме јака екипа онда во 1/4 финале да го јадеме стапот со појака екипа), стигни далеку во некој од куповите и тоа е тоа...

Ќе видиме сепак, рано е да јадеме гомна, прво да видиме со Јунајтед како ќе изиграме.

Се додека стигнеме до нокаут фаза не е очајна работата и не е нешто што не го очекувавме.

Со оваа управа толку. Ни Конте не е Супермен...дури јас да сум Конте сам ќе се откажам од екипава на крај на сезона, пошто иднинава на клубов е црна. 90% од играчиве полека влагаат во залез на кариера...не може цел живот Педро,Фабрегас, Луиз, Кејхил да играат солидно, полека накај подпросечна игра ќе фураат...Вилијан исто...Азпиликуета има уште пар години...Куртоа ептен е паднат...Канте не знам до кога ќе се држи вака...Хазард не е Меси да бидеме реални сам да може се....тоа е..тие се играчите..не може догодина цел тим да го смениме и да очекуваме играчи..

Заебано...ептен заебано..

Али ајде..чекор по чекор. Не ми е за верување да изгубиме од Јунајтед викендов али ќе видиме.[DOUBLEPOST=1509488508][/DOUBLEPOST]Гледам горе за Рома се збори...топ се Рома годинава, алал им вера конечно после пар години играат на потенцијал. Нема срам во поразот од Рома, има огромен срам во играта на Челзи. Да играше Челзи како што знае немаше да изгуби и можеби ќе победеше...ама....

Нема збор дека Рома се солидна екипа...

Сва среќа Атлетико не тепаше иначе опасно ќе беше за нас...вака со победа во Азербејџан ваљда ќе се квалификуваме за 1/8 финале..

@Донев Како е бе? :D :D Тагни ме ако постираш слики тука :D
 
Последно уредено:
Фали Канте многу, играч кок е штит пред одбраната. Таков играч немаме, освен Луиз. Првата со Рома се виде дека врши многу работа како дм и од како се повреди тој примивме 3 гола. Мораше и сега да го игра на истата позиција. Бакајоко и Фабрегас не функционираат заедно, незнам како до сега не го укапира тоа Конте.

На страна што Бакајоко е ептен слаб.
Кехил неможам да го гледам веќе. Ако сега против манчестер не ги седне Аспи и Кехил за евентуалната криза која веќе е присутна ќе си е крив сам конте.
Го има Кристенсен и Рудигер кои се во супер форма.

Исто и Запакоста имаше добри партии.
Добро е што киксна Атлетико па речиси сме пласирани инаку лоша ќе беше работата

Sent from my Redmi 3 using Tapatalk
 
Дечки, без никакви претенциозни намери, ама морам да ве прашам. Го гледате ли вие Челзи? Најсериозно? Или мислењава што ги чкртате по темава, базирани ви се врз рандом просеравања на Твитер фанови, кои управата ја сметаат за главен виновник за дереџето на овосезонски Челзи? А ги има, ехе-хее. ,,Еменало, Марина, Роман, Еменало, Марина, Роман". И така во круг, те едно исто верглање.

Во милион наврати ја имам критикувано управата. Кога имало простор за тоа. Ама каква црна управа има улога, и тоа главна, во неуспешниот старт на Челзи? Еве, ако знае некој да ми елаборира, аргументирано, а не рекла-казала и излишни работи од типот ,,ростерот е слаб, не се засилија како што треба, види ги Сити, на клупа им седи Бернардо Силва, а нас Мусонда", бујрум.

Бујрум. Чисто за да прогледам и јас и да конечно видам, како Еменало е виновен за потпросечното, лошо, идание на еден куп играчи, лански шампиони патем, како Марина е виновна за тоа што Фабрегас, не може да додаде најобичен пас до најблискиот играч, или пак како Роман е виновен, за низата непогодни околности со кои се соочи Конте од август па досега (повреди, отсуства поради картони, адаптација).

Еве, вака. Симплифицирано. Бидејќи се друго би било ,,филозофирање" и не би можело да ги задоволи вашите, дворедни ,,лоши бевме/добри бевме", критериуми.

Читајќи ве, човек што не ја следи ситуацијата во клубот, може да помисли дека Челзи потрошиле 15 милиони евра во летниот трансфер рок и дека Челзи не донесе 6-7 играчи, бројка, и повеќе од оптимална и возможна за еден трансфер период. Потсетување, 150 плус милиони. Сума искористена за засилувања. Можеше подобро? Да. Секогаш може, нели. Арно ама, Фудбал Менаџер, не ве остава раат и ве тера да мислите дека минимум 11 играчи и 300 милиони, за два месеци, склопуваат успешен преоден рок. Затоа што тоа е лесно и едноставно, а и прилично реално.

Дербито со Јунајтед, меч за спас на сезоната. И за Челзи, и за Конте. За жал, работите се такви, не можеш да избркаш 11 играчи, но секогаш можеш да го избркаш тренерот. Конте докторски, од просечен тим ќе направи шампиони, ќе му овозможи на Маркос Алонсо да се закити со Премиерлигашки медал, нешто за кое можел само да сонува. Истиот Алонсо (многу Алонсовци ги има), ќе кумува за твојот отказ.
Животе, Таравари Арбен.
 
Последно уредено:
Со тој мртвиот Фабрегас и со денешните штопери како бедем што ги играше Конте нема ниту Каљари да го добиете..
Шампионот прима 6 гола од Рома па после Рома била мртва бла бла..
Со 300 повредени и со крпен тим ви ги исшлакаја нека се скријат тие вашите во некоја дупка..
 
Па тоа де, тоа. :)
 
Послаб играч од овај Бакајоко никогаш не сме имале,а настрана то и нашето најсилно оружје,одбраната почна да затајува.
 
Се испосерија во двомечов со Рома на победата со Атлетико нагости и на се` досега одиграно во ЛШ !!!
Незнам како уште не укапира Конте дека можеше Луиз да го игра на централен дефанзивен наместо Бакајоко а Кристенсен централен... што треба да направи детето за да влезе од 1 минута?! Кога можеше Педро да игра во одбрана цело полувреме зошто да не експериментира и со млад и неискусен дефанзивец како опција.
Фабрегас и Бакајоко комбинација смрти. Ридигер прв слаб натпревар. Аспи... мооора конечно да седне на клупа. Изгубен у свемирот е. Тројцата коа му нагрнаа на Џеко коа правеа контра :несвест:

Конте, пријателе... мисли му ја со Мурињо наредната (типот се` ќе направи да те докрајчи и тебе и клубот) ако не си извлекол заклучок од страшните перформанси на поединци последниве натпревари.
 
Дечки, без никакви претенциозни намери, ама морам да ве прашам. Го гледате ли вие Челзи? Најсериозно? Или мислењава што ги чкртате по темава, базирани ви се врз рандом просеравања на Твитер фанови, кои управата ја сметаат за главен виновник за дереџето на овосезонски Челзи? А ги има, ехе-хее. ,,Еменало, Марина, Роман, Еменало, Марина, Роман". И така во круг, те едно исто верглање.

Во милион наврати ја имам критикувано управата. Кога имало простор за тоа. Ама каква црна управа има улога, и тоа главна, во неуспешниот старт на Челзи? Еве, ако знае некој да ми елаборира, аргументирано, а не рекла-казала и излишни работи од типот ,,ростерот е слаб, не се засилија како што треба, види ги Сити, на клупа им седи Бернардо Силва, а нас Мусонда", бујрум.

Бујрум. Чисто за да прогледам и јас и да конечно видам, како Еменало е виновен за потпросечното, лошо, идание на еден куп играчи, лански шампиони патем, како Марина е виновна за тоа што Фабрегас, не може да додаде најобичен пас до најблискиот играч, или пак како Роман е виновен, за низата непогодни околности со кои се соочи Конте од август па досега (повреди, отсуства поради картони, адаптација).

Еве, вака. Симплифицирано. Бидејќи се друго би било ,,филозофирање" и не би можело да ги задоволи вашите, дворедни ,,лоши бевме/добри бевме", критериуми.

Читајќи ве, човек што не ја следи ситуацијата во клубот, може да помисли дека Челзи потрошиле 15 милиони евра во летниот трансфер рок и дека Челзи не донесе 6-7 играчи, бројка, и повеќе од оптимална и возможна за еден трансфер период. Потсетување, 150 плус милиони. Сума искористена за засилувања. Можеше подобро? Да. Секогаш може, нели. Арно ама, Фудбал Менаџер, не ве остава раат и ве тера да мислите дека минимум 11 играчи и 300 милиони, за два месеци, склопуваат успешен преоден рок. Затоа што тоа е лесно и едноставно, а и прилично реално.

Дербито со Јунајтед, меч за спас на сезоната. И за Челзи, и за Конте. За жал, работите се такви, не можеш да избркаш 11 играчи, но секогаш можеш да го избркаш тренерот. Конте докторски, од просечен тим ќе направи шампиони, ќе му овозможи на Маркос Алонсо да се закити со Премиерлигашки медал, нешто за кое можел само да сонува. Истиот Алонсо (многу Алонсовци ги има), ќе кумува за твојот отказ.
Животе, Таравари Арбен.
Со едно име и презиме „Немања Матиќ“, кој паметен го пушти најбољи би било сам да си даде отказ.
 
На кратко, тимов без Канте не прави ништо. Нема никаков баланс во средината, а со тоа патат и нападот и одбраната. Штета што не ми текна одма штом се повреди да го пратам @ElNinho до Лондон, па на улиците до Кобам да им најде некое црнче истата работа што ќе ни ја заврши.

Со Канте си функционираше средината, и со двајца, к со тројца. Вака не бива и одма се заклучува дека играчите немаат никаков квалитет.

PANO_20171031_183421.jpg
IMG_20171031_195621.jpg
IMG_20171031_201234.jpg
IMG_20171031_204555.jpg
PANO_20171031_204604.jpg
IMG_20171031_220330.jpg

Предобро искуство, мора да се оди во Лондон!
@dragonsky
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom