Беше покриен од двајца за првот гол плус беше и добар шут, за вториот јбг еден на еден тешко се бранат такви шутеви.
Имавме контрола на натпреварот ама тоа е фудбалот една ситуација може да промени многу работи.
Браво за Конте и замените. Искрено имав забелешки за првите 2 ама ете на крајот испадна дека се исправни.
Рудигер супер одигра, мора да игра прв тим исто и Кристенсен. Во страшна форма се, момент каде што можат да се зацементираат во тимот и да напредуваат.
Аспи има замор очигледно е, многу го ценам како играч, заедно со Бане можеби најисплатливите трансфери во последниве 10 год.
Лани мораше да игра како централен, но покрај овие 2-ца греота е да го игра како цб.
Запакоста ме изненадува игра супер, каков само центаршут има, секоја чест.
Мичи е класична замена, барем моментало. Прв тим никако, замена да.
Инаку Бакајоко ме разочарува, некако како да се гушат со Фабрегас.
Неможе да дојде до израз, секогаш е на погрешно место или е преспор.
Можеби му треба време да се адаптира, ама по мене моментално не е за прв тим.
Алонзо исто треба да одмори некоја утакмица.
Е сега кој ќе игра таму знае Еманело или како и да се викаше црнчето со наочарите.
Ме радува што кај играчите после 1:2 се гледаше желба за победа и секој трчаше и даваше максимум. За разлика од претходно со други менаџери. Стигнавме до победа убаво за само доверба, ама ептен се греши во додавањата и тоа се Бакајоко, Вилиан константно 2-3 натпревари.
И многу често се брза со бунарење напред.
Sent from my Redmi 3 using Tapatalk