Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Мачки да те јадат :D
гг ја чекаш ?
Ако да, џабе си чекал.
Логично да женско игра Гол-Гол, да си играла само на еден гол сеа ќе си добитна, али пусти женски створења незаситни.:D
 
Многу шпекулации за Алегри денес. Изгледа или он, или Конте ќе дојде.
Помеѓу двајцата повеќе сум за Алегри ама и Конте да дојде нема да биде лош избор. Ми се свиѓа кај Алегри што еве сезонава докажува дека е способен да направи смена на генерација и да игра различни системи.
Незнам колку е добра опција Алегри. Не од аспект на менаџирање него од аспект што си има проблеми со ѕвезди. Од Милан си отиде зашто го ``истераа`` Ибрахимович и компанија кој не сакаа да слушаат наредби. Мислите дека нашиве ``вечни првотимци`` ке може да ги приземји !?!?
 
само шпекулации за Алегри.. Тешко дека Јуве ќе се ослободи од неговите услуги...[DOUBLEPOST=1454659534][/DOUBLEPOST]
Не се прашва играчот во случајот, клубот ако реши да го шитни за толку голема сум на клоци ќе го избркат ако сакат, ќе си ја платат клаузулата за играчот и ајт со здравје. Ене ти пример со Атлетико и Џексон, 45 мил. му понудија Кинезите, играчот одбивал да замини ама му се заканија од управа дека ќе го заковат на клупа и платата ќе му ја намалат, нешто како уцена, колку е точно не знам ама има логика.

И реално 57 мил. за Оскар се премија, за тие пари Погба се зема, или Гризман евентуално.
:pos:
 
Да не замарам со цитирање.Алегри освои титула со Ибра и Силва.Па беа втори и летото му ги шитнаа Ибра и Силва и пак некако успеа да се пласира у ЛШ.Али фората е после таа сезона Гатузо,Инзаги,Неста и Сидорф ако не се лажам се пензионираа и екипата кај 90% просеци остана и без лидер кој ке дели заушки у соблекувална и ќе ги мотивира играчите.Е тогаш ги изгуби конците чоекот.Во Јуве има легенда како Буфон,има играчи кои остареа во клубот ко Кјелини,Маркизио,па еве го и Евра иако е само 2 години у Јуве после поразот од Сасуоло место да плука по Алегри,ги подбрал играчите,им одржал у соблекувална лекција што значи да се носи дресот на Јуве.Сума сумарум јак тактичар,ама му треба помош од авторитетите во соблекувална.Али пошо пред некоја недела изјави дека освен ако клубот не го набрка не си иде од Јуве до истекот на договорот тешко на лето у Челзи да дојде.
 
То дека изјавил дека сака да остани ич не го земам во обзир, на тие изјави се палат само деца.
И Мурињо изјавуваше дека се гледа во Челзи уште 15 години па летна по две сезони, за играчите па да не прам муабет. Нека најдат заеднички јазик управите и ќе видите како има шанси да дојди Алегри.
 
Овие се луди 90 мил ти да одбијш за Оскар треба да си...
Кинезите испратиле понуда од 90 милиони евра за играчот кој можеше да стане третиот најскап играч во историјата на фудбалот, но наводно раководните луѓе на Челси ја одбиле првата понуда со цел да извлечат уште поневеројатна понуда од кинеските милијардери.

На „Стемфорд Бриџ“ очекуваат да пристигне нова и уште поголема понуда за бразилскиот играч од средниот ред до крајот на трансфер периодот кој во Кина трае до 26 февруари, а најавите велат дека Џијангсу многу лесно може да си дозволи да ги надмине рекордните 104 милиони евра кои Реал Мадрид ги издвои за трансфер на Герет Бејл.
 
Ова со Кинезите не ќе да е на арно, нема да можиме во иднина играч да купиме, не само ние туку општо, да му се невиди, за нив не е проблем бидејќи за секој играч шо ќе е брана на трансфер пазарот тие ќе нудат дупло.
 
Ова со Кинезите не ќе да е на арно, нема да можиме во иднина играч да купиме, не само ние туку општо, да му се невиди, за нив не е проблем бидејќи за секој играч шо ќе е брана на трансфер пазарот тие ќе нудат дупло.
Нема да се проблем кинезите, него што нема да играме ЛШ и ќе станеме треторазреден клуб со онаква управа.
 
Пато нема да биди спремен за со Јунајтед а изгледа нема да го видиме на терен за брзо, не е меч фит.
Господ да чува, за шо го донесоа бе, ќе заврши сезоната дури да биди спремен за игра.
 
Зато пишав јас вчера дека не вервам да имало таква понуда за Оскар и притоа да биди одбиена, нема шанси, тие Рамирес за 25 го дадоја шо тука негде се по квалитет не пак Оскар за 50 мил.
 
Со кого ќе игравме во средниот ред до крајот на сезоната ако го шитневме Оскар?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom