Ај едно мое скромно видување на оваа работа:
Прво, ако од Челзи прифатиле понуда, тогаш Мата се селе на север.
Второ, оние муабети им го дале на Јунајтед Мата за да им кине бодови на другите конкуренти се тотална бесмислица. Од кај знаете дека ќе игра воопшто.
Трето, ако Мата мислел дека ќе игра константно во Јунајтед заради СП во Бразил, се заебал гадно. Мата е класичен полушпиц, Мата може да игра на крило, ама тоа не му е нормална позиција, во оние утакмици кај што на противничка половина сте го виделе Мата на лева или десна страна, тука станува збор за укрстување, краткотрајна ротација со цел да се отежни маркирањето од страна на противничкиот играч. Јунајтед под водство на Дејвид Мојс, не може да игра формација различна од 4-4-2, а Мата е играч идеален за формација 4-2-3-1. Немојте да мислите дека Мата ќе биде супер играч во Јунајтед, напротив, од моментот кога Мата ќе стави потпис на договор со Јунајтед, од тој момент кариерата ќе му оди во надолна линија, е мене за ова ми е мака, што ќе бидеме сведоци на пропаѓање на еден фудбалер, кој бил миленик на фановите на Челзи.
Четврто, Салах? Од тоа што знам за него, негова природна основна позиција му е десно крило, а се снаоѓа и на лево крило, и како шпиц. Значи, продаваме полушпиц, купуваме десно крило? На десно крило игра Вилијан, по потреба и Рамирес и Ширле. На лево крило игра Азар, по потреба Ширле. Полушпиц игра Оскар, иако и Вилијан би се справил таму, па и Азар. Само точно е дека два пати маста ни ја извади, не сум убеден многу у неговите способности.
Петто, луѓе, фудбал е ова, бизнис и све, нормална работа е да се случуваат вакви трансфери. Немојте да се бесете
