Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Мора да се зацврсти одбраната, Нека се враќа Тери, а Луиз и Кејхил нека ротираат. Многу лошо изгледаа денес во одбрана и не заслуживме победа, ама тоа е тоа.
Оскар ако продолжи со вакви голови ќе треба на крај да му се даде еден оскар за најдобри голови. :D

Бертранд немора да го критикуваме. Супер играч е, ама уште не е спремен за вакви натпревари. Овие го искористиа отсуството на Кол и сите напади им одеа по таа страна.

Против Јуве ќе биде доволно и бод да се земе, ама би сакал победа.
 
Не го хејтајте ни Калински и он е легенда :D
 
Против Јуве ќе биде доволно и бод да се земе, ама би сакал победа.
Нема да биде доволно, во крајно коло ако ги тепаме Нордсјаеиафије, Јуве и Шахтар ќе си ја местат X и двете ќе одат понатаму.
 
Нема да биде доволно, во крајно коло ако ги тепаме Нордсјаеиафије, Јуве и Шахтар ќе си ја местат X и двете ќе одат понатаму.

Е нерешено со Јуве ако изиграме, со победа во последно коло ништо не ни можат.
 
68469_439733702754026_1604033902_n.jpg


:pos:
Нема да биде доволно, во крајно коло ако ги тепаме Нордсјаеиафије, Јуве и Шахтар ќе си ја местат X и двете ќе одат понатаму.

Ако изиграме Х со Јуве и ги тепаме данците ќе имаме 11 поени.
Ако Шахтјор ги тепа данците и си ја намести Х со Јуве Шахтјор ќе има 11 поени.
Во тој случај Јуве би имале 8 поени ако не се лажам
Така да не може да си ја наместат пошто во таква ситуација Јуве не би иделе понатаму.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 00:31 ---
Заклучок:Дефинитивно би требало да идеме понатаму само прашање е дали ќе бидеме први или втори.
Сепак најбитно е да си ја поминеме групава пошто и така јас немам големи очекувања од ЛШ сезонава.
 
Ако играме нерешено со Јуве, а Шахтјор го тепа Нордсјаеланд, Шахтјор прв со 10 бода, ние ќе имаме 8, Јуве ќе има 7. Во последно коло ние ги тепаме Данците, имаме 11 и секако одиме. Е сега, дали како први или втори би зависело од Шахтјор-Јуве мечот....да ги оставиме калкулациите за тогаш, битно барем нерешено во Торино! Сега да се осврнеме кон Ливерпул. :)
А можда и Шахтјор нема да ги тепаат Нордсјаеланд. Прв/втор...битно е, али и не е битно. Џабе прв, ако ти се падне Реал во 1/8 финале пример. :D
 
Нема да биде доволно, во крајно коло ако ги тепаме Нордсјаеиафије, Јуве и Шахтар ќе си ја местат X и двете ќе одат понатаму.
Море мајката.... А дека во таков случај ние ќе имаме 3 бода фазла од Јуве?
 
Серијата на Шахтар пред натпреварот со Челзи :cool::cool:
400353_515249918499494_1259172840_n.jpg
 
Чех беше крив за 2 гола што беше тоа аматерски голман ко патарушка рипа безпотреба, на ниеден корнер не проба да исфрли, све чекаше на одбраната, Микел незнам што го форсира, па уште и шутира, што мисли ова е рагби утакмица па ја рога кај што не треба?
Мора да се исфрли и Микел и Чех од тоа стадото на Мурињо што остана да се доискорени, па да ни тргне вака никако не иде.
 
Мора Ди Матео да се подобри со измените. Најчесто не ги промашува, ама многу касно ги прави. Јас уште во 60та минута реков треба Стариџ и Мозес да влезат место Торес и Оскар, а он чекаше до 80та за Мозес и 90та за Стариџ. Што може да направи Стариџ за 3 минути. Мораше порано да реагира.
Незнам зошто вака прави. Можеби знае дека најдобриот тим му е на терен, па не е сигурен дали ако измени нешто ќе се подобрат работите или ќе се влоши играта. Ако е вака, тогаш се гледа дека почнува да го осеќа притисокот врз него што никако неможе да биде добро.

И за Марин да искоментирам. Го оправдувам тоа што уште нема добиено шанса. Ди Матео сигурно уште не е баш сигурен во неговите квалитети, а од кога се врати од повредата се тешки утакмици играме. Мислам дека чека прилика да го пушти на некоја веќе добиена утакмица за да види како ќе се снајде, па после да почне почесто да го игра.
 
Грешка пресметки сум направил изгледа, математика сум цреп. :D
 
Одбраната катастрофална, по левата страна имаше класично силување.:facepalm:
Не знам што се случува со Луиз ама се` поизгубен и поизгубен е, ваљда треба да седне некое време на клупа да се свести малку.
И нападот вчера не беше толку конкретен, 2 гола по грешка на голманот, повеќе шанси имаа Шахтјор.
А и јас морам да го пофалам судијата вчера, солидно си ја судеше утакмицата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom