Феномен
Џомба
- Член од
- 21 август 2008
- Мислења
- 4.837
- Поени од реакции
- 111
Бразилски фудбалер мачен до смрт
Поранешен фудбалер на Васко да Гама пред шест дена беше киднапиран, мачен, а на крајот застрелан на терен. Бруталното убиство било нарачано од неговата поранешна девојка, на која претходно и раскинал.
Бразилскиот фудбалер Тиаго да Силва убиен е на брутален начин во средата вечерта во Рио де Женеиро.
Поранешниот играч на Васко де Гама, кој оваа сезона играше во второлигашот Естасио де Са пред шест дема бил киднапиран, мачен и на крајот застрелан на фудбалски терен, а синоќа почина во болница.
Тројцата насилници минатиот четврток го киднапирале 25-годишниот Да Силва, му ставиле лисици на рацете, го претепале, а потоа го мачеле. Кога се обидел да побегне смртно го раниле со три куршуми од огнено оружје. Бил се уште жив кога го пронашла полицијата.
Според полициските извештаи нарачател на нападот на фудбалерот Да Силва е неговата поранешна девојка, 23-годишната Алин Падула Виана и нејзината тетка Мерсиа. Двете во неделата биле приведени и обвинети за потикнување убиство.
Фудбалерот пред да почине успеал да и открие на полицијата како западнал во замката на напаѓачите, кратко откако ја прекинал врската со Алин. Меѓу киднаперите имало и еден припадник на воената полиција, инаку пријател на тетката на неговата поранешна девојка.
http://www.taratur.com/node/5305
Не знаев дали да отварам тема па тука пишав ама стварно е жално ова:nesum:
РИП