Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пак ќе ги заработат тие пари. Наместо по 200 евра карта, стави 400 и ете ти, не 8.2 милиони, 12.3 милиони евра :D Не знам на кој стандард Шпанците имаат толку скапи карти ама добро :D

Па во просек му доаѓа 86 евра карта, не е скапо за класико. Иначе на други утакмици се наоѓа карти и за 30 евра ако резервираш порано.
 
Па во просек му доаѓа 86 евра карта, не е скапо за класико. Иначе на други утакмици се наоѓа карти и за 30 евра ако резервираш порано.
Многу голема разлика во цена. Најевтината карта е околу 40 евра, најскапите околу 200 и нешто.

За Лига Европа со МЈ, најевтината 79, најскапата 289 а може и повеќе. Во Германија најевтината е 20, најскапата е 150 макс.
 
Тешко нас, без пола тим сме наредни 3-4 недели
 
Де Јонг ќе се врати до класикото, мало истегнување на мускулот али мислам дека е за да не игра репрезентации. И Депај го испровоцира нешто заради тоа.

Педри исто така има шанса да се врати, али не ми се верува да биде стартер на класико.
 
Педри исто така има шанса да се врати, али не ми се верува да биде стартер на класико.
Како што прочитав Педри пак се повредил и додатни 3-4 недели аут.

Frenkie de Jong: 2 weeks
Pedri: 3-4 weeks
Araujo: still unfit
Christensen: 3-4 weeks
Dembele: 3-4 weeks
 
Дембеле уште цел месец аут??

Од 9 месечна сезона, 4 месеци е аут. Катастрофа лик, треба да биде прв на тм ако решават да продават.
 
@LostParadise од каде ти се информациите за Дембеле? На официјалната страна на фб објавија видео од тренинг, братот трча како коњ и вежба во теретана.

Изгледа за репрезентативната пауза да не игра беа гласините.
 
Пак ќе ги заработат тие пари. Наместо по 200 евра карта, стави 400 и ете ти, не 8.2 милиони, 12.3 милиони евра :D Не знам на кој стандард Шпанците имаат толку скапи карти ама добро :D
колку што заприметив по трибините Се послабо има шпанци и кампот се полни на текмите од странци што доаѓаат да ги гледаат натпревариге на барселона......
 
@LostParadise од каде ти се информациите за Дембеле? На официјалната страна на фб објавија видео од тренинг, братот трча како коњ и вежба во теретана.

Изгледа за репрезентативната пауза да не игра беа гласините.

Превземени се од некој новинар, не можам да го најдам неговиот пост.
Инаку и јас го видов видеото со Дембеле, највероватно не е сеуште спремен.

Дембеле уште цел месец аут??

Од 9 месечна сезона, 4 месеци е аут. Катастрофа лик, треба да биде прв на тм ако решават да продават.
Мене повеќе ме загрижува состојбата на Педри. Ланската и оваа сезона, пола и повеќе утакмици ги пропушти поради мускулни повреди.
 
На големо се пишува дека Мартинез и Гундоган како слободни играчи ќе ни се приклучат на лето. Според мене одлични трансфери.
Ако се реализираат ќе останат непокриени десен бек и напаѓач, по можност млад и перспективен.

Повеќе што ме плаши се излезните трансфери. Како никој да не сака да си оди.
Татко му на Фати денес се избламира со изјавата и мислам дека со тоа може само да му наштети.

П.С. Чави го пробувал Гарсија на позиција заден везен :tapp:
 
Фати е со една нога надвор од клубот. Татко му прави глупости за да намали цената, оти реално никој нема да искешира за Фати повеќе од 30-40 милиони, прашање е и толку дали ќе понуди некој.

Ако случајно си оди Фати на негова сметка прво треба да го регистрираат Гави, па потоа да му мислат за други трансфери. Барса пари за трошење нема, али проблемот е што и за слободните трансфери треба да се направи простор во платите.
 
Ја мислам дека нема да го продадат, а не ни треба. Млад е, не може после една слаба сезона по тешка повреда одма да го избркаат. Исто и Феран.. плус пред се шпанци се. Проблем е и што има резултати со 4 во средина и тука Фати уште толку губи...

Баш ме интересира што ќе се дешава летово, пред се со ЛаЛига, а и трансферите..
После ваква сезона имаме шанси да собереме добри играчи и да се вратиме полека, полека во ЛШ... штета што сме премногу ограничени со финансии.
 
Наводно прифатил 10 милиони евра плата. Хорхе на апарати.:pos:
 
Не гледам зашто би останал во ПСЖ, убедливо еден од најдобрите им е во таа збирштина од просеци и сеуште го исвиркуваат. Да не збориме колку се salty французиве ради светското па уште и тие нивните "експерти" се дрзнуваат да го критикуваат.

Пост Меси ерата не одеше така сјајно на почеток посебно во Европа ама во Шпанија е друг муабет, супер куп против Реал добиен, полуфинале куп имаме предност и лигата 12 бода пред Реал. Меси има една титула помалку од Алвеш, сите знаеме дека кад тад ќе стане фудбалер со највеќе титули. Барса има добар пат за титули, можеби не лш ама Шпанија имаат добра доминација. Сеуште сака да игра на врвно ниво се разбира и чим главниве луѓе кажаа отворено дека имале разговор значи има нешто.

@Del Boy 10мил, ама голем процент од маркетингот ќе влезе у плата, демек читав слични бројки може да достигне како моментално во ПСЖ.

Криво ми беше што еднаш не го гледав во живо во Барса дрес, короната ми еба планови кога навистина можев да идам, очигледно ќе имам втора шанса.:kruna:

Не се знае каква епизода ќе има ако пак се врати, мада мене не ми менува ништо, таква легенда на клубот заслужува легендарно испраќање!
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom