Не гледам зашто би останал во ПСЖ, убедливо еден од најдобрите им е во таа збирштина од просеци и сеуште го исвиркуваат. Да не збориме колку се salty французиве ради светското па уште и тие нивните "експерти" се дрзнуваат да го критикуваат.
Пост Меси ерата не одеше така сјајно на почеток посебно во Европа ама во Шпанија е друг муабет, супер куп против Реал добиен, полуфинале куп имаме предност и лигата 12 бода пред Реал. Меси има една титула помалку од Алвеш, сите знаеме дека кад тад ќе стане фудбалер со највеќе титули. Барса има добар пат за титули, можеби не лш ама Шпанија имаат добра доминација. Сеуште сака да игра на врвно ниво се разбира и чим главниве луѓе кажаа отворено дека имале разговор значи има нешто.
@Del Boy 10мил, ама голем процент од маркетингот ќе влезе у плата, демек читав слични бројки може да достигне како моментално во ПСЖ.
Криво ми беше што еднаш не го гледав во живо во Барса дрес, короната ми еба планови кога навистина можев да идам, очигледно ќе имам втора шанса.
Не се знае каква епизода ќе има ако пак се врати, мада мене не ми менува ништо, таква легенда на клубот заслужува легендарно испраќање!