Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако дојде тоа ќе е само Меси да остане, ама тука се поставува прашање ако беше за другарче на Меси, тогаш Суарез ќе седеше, Агуеро ти е пута илјада поотепан од Суарез, и милион пати повеќе склон на повреди. Ако се планира да влегува од клупа 10-15 мин и со мала плата може да помине и би имал добар импакт од клупа, во спротивно не би го сакал во тимов.Агуеро најверојатно доаѓа летово. Не знам што да очекувам. Нема збор дека е класа напаѓач, еден од најдобрите во последната деценија. Ама проблем е што скоро цело време е повреден. Ако ги надмине проблемите секако одлично засилување за без пари.
Сеуште ни е жива сезоната па оставаме малце простор хаха. Вака од слободните добро би било Алаба, Вајналдум и Депај да се земат.Ајде бе прајте тимови, што кур чекате???![]()
![]()
![]()
Oва лето би било супер да се продаде најголем дел од постарите играчите.Ајде бе прајте тимови, што кур чекате???![]()
![]()
![]()
Oва лето би било супер да се продаде најголем дел од постарите играчите.
Да се донесат што може повеќе играчи за без пари Агуеро, Депај, Вајналдум, Алаба, Гарсија.
Ништо страшно и да не се погодат како трансфери, ќе се продадат и ќе извадиме некој профит![]()
Јасно е дека такви играчи не можеш да продадеш, би си оделе слободни после завршеток на договор. Работата е што парите кои би ги платиле за трансфер ќе одат за плата, па се исплаќа. Од овие Алаба бара голема плата, другиве не верувам, никој нема да им даде голема пара на тие години, барем не во Европа.Ех да е таа математика така едноставна.
Се работи за фудбалери околу триеска, кои имаат голема плата, а некои ќе бараат и уште поголема, а ќе има сигурно неколку клубови спремни да ги доведат.
И така секој слободен трансфер влече поголема плата и поголема провизија за менаџерот.
Ако не се погоди, тешко дека ќе продадеш фудбалер од +30 со огромна плата. А и колку ќе биде спремен тој да си оди, ако веќе не му оди добро, затоа што тешко друг да му даде таква плата, а и тој клуб плус ќе треба да даде и некое милионче за трансфер.
Најверојатно така и ќе биде.Лапорта стана познат по огромното познавање на финансиски менаџмент, неговата тогашна администрација баш тоа и го направи кога дојде во 2003 и клубот дужеше скоро милијарда. Мора да се гледа и другата страна, го намали минусот али имаше и готови продукти како Чави Иниеста Пујол Меси, спремни да ја држат играта во наредните 15 години. Негова задача беше само да ги прави среќни и да ги задржи во клубот.
Сегашната ситуација е многу поинаква и потешка, клубот нема костур врз кој може да се гради тим. Младите ќе видиме како ќе се покажат, најсветла точка моментално ми е Фати али премлад е да се прават било какви прогнози, треба да се остави детето да се развива и да се држи подалеку од медиумски притисок ако е тоа веќе можно.
Мило ми е шо се врати Лапорта, ако ништо друго клубот нема да ни биде поврзан со скандали секои пар месеци. Али сепак треба да бидеме реални и да не очекуваме чуда во наредните 2 години, ќе крпи со играчи на кои им е завршен договорот. Прво ќе го застане клубот на нозе, па после ќе тргне по големи имиња.
Агуеро за без пари јас би го пречекал со широко раширени раце, ќе му дадат неколку милиони и ќе ги поминат со Меси последните 2 години од кариерата во Барса. Агуеро ќе биде клучен за останувањето на Меси, mark my words. Би го земал макар цел договор го поминал на клупа.