Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
image.jpg

:sneaky:
 
Агуеро најверојатно доаѓа летово. Не знам што да очекувам. Нема збор дека е класа напаѓач, еден од најдобрите во последната деценија. Ама проблем е што скоро цело време е повреден. Ако ги надмине проблемите секако одлично засилување за без пари.
 
Ако дојде тоа ќе е само Меси да остане, ама тука се поставува прашање ако беше за другарче на Меси, тогаш Суарез ќе седеше, Агуеро ти е пута илјада поотепан од Суарез, и милион пати повеќе склон на повреди. Ако се планира да влегува од клупа 10-15 мин и со мала плата може да помине и би имал добар импакт од клупа, во спротивно не би го сакал во тимов.
Автоматски споено мислење:

Ајде бе прајте тимови, што кур чекате??? :D :D :D
Сеуште ни е жива сезоната па оставаме малце простор хаха. Вака од слободните добро би било Алаба, Вајналдум и Депај да се земат.
Автоматски споено мислење:

Гарсија е веќе потпишан.
 
Ајде бе прајте тимови, што кур чекате??? :D :D :D
Oва лето би било супер да се продаде најголем дел од постарите играчите.

Да се донесат што може повеќе играчи за без пари Агуеро, Депај, Вајналдум, Алаба, Гарсија.
Ништо страшно и да не се погодат како трансфери, ќе се продадат и ќе извадиме некој профит :D

Лапорта има добри односи со Мино Раиола, би сакал во идина да среди трансфери на Халанд и Де Лихт.
 
Oва лето би било супер да се продаде најголем дел од постарите играчите.

Да се донесат што може повеќе играчи за без пари Агуеро, Депај, Вајналдум, Алаба, Гарсија.
Ништо страшно и да не се погодат како трансфери, ќе се продадат и ќе извадиме некој профит :D

Ех да е таа математика така едноставна.

Се работи за фудбалери околу триеска, кои имаат голема плата, а некои ќе бараат и уште поголема, а ќе има сигурно неколку клубови спремни да ги доведат.

И така секој слободен трансфер влече поголема плата и поголема провизија за менаџерот.

Ако не се погоди, тешко дека ќе продадеш фудбалер од +30 со огромна плата. А и колку ќе биде спремен тој да си оди, ако веќе не му оди добро, затоа што тешко друг да му даде таква плата, а и тој клуб плус ќе треба да даде и некое милионче за трансфер.
 
А бидете сигурни дека Пиќе, Бускетс, Роберто и Алба уште по најмалку 2 сезони ќе играат... за жал.

Бредвајт може да лета, Фирпо, Кутињо, Умтити...
Нема да ме чуди и Пјанич да лета ако дојде Вајналдум. Исто и Емерсон од Бетис да го повлечеме.
 
Ех да е таа математика така едноставна.

Се работи за фудбалери околу триеска, кои имаат голема плата, а некои ќе бараат и уште поголема, а ќе има сигурно неколку клубови спремни да ги доведат.

И така секој слободен трансфер влече поголема плата и поголема провизија за менаџерот.

Ако не се погоди, тешко дека ќе продадеш фудбалер од +30 со огромна плата. А и колку ќе биде спремен тој да си оди, ако веќе не му оди добро, затоа што тешко друг да му даде таква плата, а и тој клуб плус ќе треба да даде и некое милионче за трансфер.
Јасно е дека такви играчи не можеш да продадеш, би си оделе слободни после завршеток на договор. Работата е што парите кои би ги платиле за трансфер ќе одат за плата, па се исплаќа. Од овие Алаба бара голема плата, другиве не верувам, никој нема да им даде голема пара на тие години, барем не во Европа.
 
Депај не е стар, 27 години е, влага во најдобрите години за напаѓач.
Ерик секако нема да зема многу плата.
Левак штопер очајно ни треба. Од Алаба со неговото искуство и начинот на игра што го игра тој и Барса се перфектни. Али реално многу е 22 милиони годишно. Ако се ослободат од Кутињо и неговата плата да ја поделат на Алаба и Вајналдум ќе е топ.

Тие 4 ни се доволни летово. Плус реков ако се има пари за Халанд, ако не другата година живи и здрави.
 
На некој начин се чекаше да поминат изборите,па да распалат со имиња.Се направи голема илузија:А контрадикторно-Лапорта планира да ги намали платите на играчите,поради кризата,а Јас незнам како мислите да го договорат Алаба пред се,кога бара над 20 милиони плата,скоро на ниво на Меси.Истото е и за Халанд кога пола Европа го бара,и мислите дека Барса може да им парира? Да ги додадеме сите тие барања/бонуси/продонеси кои Раиола ги бара.Сигурен сум дека средина нема ништо да донесат,поготово кога Илаиш Мориба ќе биде промовиран во прв тим,очекувам сигурно заминување на Пјанич,Кутињо,(А ништо чудно и Бускетс),енигма останува Пуџ-Се надевам нема да ја повторат грешката (Ако се сеќавате како со Алкантара во 2013),кога го поклонаа на Баерн,па после заминувањето на Чави,Тиаго буквално се поврзуваше секој преоден рок со Барса,и неможеа да го вратат.Периодов се шушка и за Агуеро (Како најреална опција) кој ќе дојде за џабе,само што јас имам дилеми околу неговата физичка подготвеност,доста е склон на повреди плус 33-Години има,па ова би го сфатил како некое крпено решение.
 
Агуеро во каква и физчка форма да е сигурно е подобра опција од Депај. Вајналдум би бил супер засилување фали играч што може да изигра цврсто во средина.
 
Лапорта стана познат по огромното познавање на финансиски менаџмент, неговата тогашна администрација баш тоа и го направи кога дојде во 2003 и клубот дужеше скоро милијарда. Мора да се гледа и другата страна, го намали минусот али имаше и готови продукти како Чави Иниеста Пујол Меси, спремни да ја држат играта во наредните 15 години. Негова задача беше само да ги прави среќни и да ги задржи во клубот.

Сегашната ситуација е многу поинаква и потешка, клубот нема костур врз кој може да се гради тим. Младите ќе видиме како ќе се покажат, најсветла точка моментално ми е Фати али премлад е да се прават било какви прогнози, треба да се остави детето да се развива и да се држи подалеку од медиумски притисок ако е тоа веќе можно.

Мило ми е шо се врати Лапорта, ако ништо друго клубот нема да ни биде поврзан со скандали секои пар месеци. Али сепак треба да бидеме реални и да не очекуваме чуда во наредните 2 години, ќе крпи со играчи на кои им е завршен договорот. Прво ќе го застане клубот на нозе, па после ќе тргне по големи имиња.
Агуеро за без пари јас би го пречекал со широко раширени раце, ќе му дадат неколку милиони и ќе ги поминат со Меси последните 2 години од кариерата во Барса. Агуеро ќе биде клучен за останувањето на Меси, mark my words. Би го земал макар цел договор го поминал на клупа.
 
Па не е само Фати, мислам дека веќе докажани се Де Јонг, Педри и Араухо, заедно со Штеген тоа се 5 играчи. Меси мислам дека ќе продолжи, а со квалитетот на играчите во денешно време, кој е во слободен пад, ќе доминира уште неколку сезони сигурно. Исто морам да го спомнам и Алба, офанзивно тешко дека ќе се појави подобра варијанта во иднина, перфектен е за Барса, има уште што да понуди. Така да, не е баш дека сме на нула, иако некогаш изгледа така. Мора да се искористи моментот, ретка можност е да се доведат квалитетни играчи кои се слободни на пазарот, а годинава ги има бајаги.

Јас би се решил од Кутињо, Пјаниќ и би ја дал нивната плата на Алаба. Две позиции покрива човекот, на кои многу тешко се наоѓа квалитет, лев бек и лев стопер.

Многу битен проблем што никој не го спомнува е заден везен, ако пуштите реприза од утакмицата со псж ќе видите дека тука е најслабата точка, задниот везен со стоперите. Бускетс, Пике можат да покријат со 90% од екипите, но со овие најдобрите едноставно се живи изедени, физички не можат да се носат. Некои овде пишуваа дека Де Јонг може да биде дмф, но нема шанса, ни тој не е доволно брз и физички силен да ги поремети играчите како Мбапе. Немаме таков играч во тим. Вајналдум не е заден везен, ама покрива повеќе позиции и можеби на вакви утакмици ќе биде добро решение. Во последно време не се спомнува засилување во средина и тоа е голем проблем, ако некој сеуште не видел што му прават на Бускетс на големи утакмици, нема што да дискутираме повеќе.

За напаѓач ако се оди на Халанд, ќе мора Гризман прво да замине, но прилично сум сигурен дека летово нема да се оди по него. Ако сакаме да сме конкурентни и во ЛШ ќе мора да се донесе тој, со Агуеро и слични ќе сме ок во лига и куп, ама за ЛШ да не се лажеме.
Автоматски споено мислење:

Лапорта стана познат по огромното познавање на финансиски менаџмент, неговата тогашна администрација баш тоа и го направи кога дојде во 2003 и клубот дужеше скоро милијарда. Мора да се гледа и другата страна, го намали минусот али имаше и готови продукти како Чави Иниеста Пујол Меси, спремни да ја држат играта во наредните 15 години. Негова задача беше само да ги прави среќни и да ги задржи во клубот.

Сегашната ситуација е многу поинаква и потешка, клубот нема костур врз кој може да се гради тим. Младите ќе видиме како ќе се покажат, најсветла точка моментално ми е Фати али премлад е да се прават било какви прогнози, треба да се остави детето да се развива и да се држи подалеку од медиумски притисок ако е тоа веќе можно.

Мило ми е шо се врати Лапорта, ако ништо друго клубот нема да ни биде поврзан со скандали секои пар месеци. Али сепак треба да бидеме реални и да не очекуваме чуда во наредните 2 години, ќе крпи со играчи на кои им е завршен договорот. Прво ќе го застане клубот на нозе, па после ќе тргне по големи имиња.
Агуеро за без пари јас би го пречекал со широко раширени раце, ќе му дадат неколку милиони и ќе ги поминат со Меси последните 2 години од кариерата во Барса. Агуеро ќе биде клучен за останувањето на Меси, mark my words. Би го земал макар цел договор го поминал на клупа.
Најверојатно така и ќе биде.
 
Последно уредено:
Сите збориме како платата на Алаба е превисока, а никој не кажува дека мртов Умтити зема 12 милиони. Сигурно ќе се ослободат од Умтити без пари, или нешто ептен ситно и истава плата ќе му ја понудат плус бонуси.
Алаба може да покрива и лев бек и заден везен.
Фирпо може да си оди, Кутињо исто, ако дојде Вајналдум може и Пјанич. Се се тоа големи плати.
Друг играч од кој можеме да земеме пари е Тринкао.. може да се размисли и со негова продажба, пошо веќе на Коладо му ветиле дека годинава ќе биде во прв тим. Со Депај, па уште и Агуеро ако дојде за Бретвајт нема никако место, и од него можеме некој милион да земеме. Одприлика тоа е тоа.
И да, на Емерсон му завршува позајмицата во Бетис, ако не го продадат може да биде замена за Дест, а Роберто во средина, што за мене е боље. Штета што Бускетс е недопирлив.
П.С. Ништо чудно да пробаат да го продадат Нето, а Инаки да биде втор голман.

Аут: Нето, Умтити, Фирпо, Пјанич, Тринкао, Кутињо, Бредвајт

Ин: Е.Гарсија, Алаба, Емерсон, Вајналдум, Депај, Агуеро... плус Инаки, Коладо и Мориба.
 
Дембеле - Гризман - Меси
Де Јонг - Бускетс - Педри
Алба - Ленглет - Мигеза - Дест
Штеген

Сега да се надеваме на 1-2 пенали, гол од слободен на Меси :D
 
Искуството ми кажува да не се надевам на апсолутно ништо со Бускетс во прва постава. Башка позади ке висиме гадно со Ленгле и Елвир Мекиќ.
0-1 или 1-2 и достоинствено да се поздравиме од лш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom