Има играчи кои се трудат и прават разлика (Гризман, Перез, Френки и Артур), има некои кои се трудат ама не им оди најдобро (бековите Роберто и Фирпо), ама затоа Буски и Суарез не се замараат, прават грешки, губат топки и не се замараат многу многу. Суарез само се расправа со сите околу него и после секоја грешка прави гримаси како да му се урнал цел свет пред очи.
Ако до пред 2-3 сезони уште во очите му се познаваше жар, енергија, желба да гризе на теренот (и буквално и фигуративно), сега веќе едноставно е без никаква енергија, целосно истрошен, како да прекинал да се бави со фудбал пред неколку години и се сега само рекреативно игра чат-пат. Жално кој ни е прв избор за шпиц.