Никаков пресинг, никаква доминација, никаква контрола на играта и текот на мечот. При секое минимално водство плашливо повлекување и препуштање на играта на противникот, а екипата воопшто не знае да се брани, па произлегуваат бламажи како Рома и Ливерпул. Не памтам кога последен пат играле волку слабо колективно, мачење и нервози е секој меч. Да ги имаш Артур и Де Јонг во средниот ред и да дозволиш просечни шпански прволигаши и бивши второлигаши да доминираат на теренот повеќе од половина меч е несфатливо и недозволиво, а баш овие двајца и делуваа најжелни за игра, најборбени, и пробуваа да направат некаков пресинг и беа единствените што успеаа да одземат по некоја топка на противничката половина. И Гризман доста трча и се труди, ама игра тотално ван позиција, а Валверде не знам дали гледа нешто или е тотално слеп, ама Суарез и Бускетс го пробиваат дното се повеќе и повеќе со секоја нова изиграна утакмица. Ги пратев намерно нешто повеќе денес, Бускетс е преспор, касни премногу во покривањето, во офанзивата премногу ја кочи играта, начинот и стилот на игра не проаѓаат во модерниов фудбал и не само што не успева да има некаков импакт, туку е преголема опасност ради самата позиција што ја игра. Суарез пак, мислам дека ги изгуби 90% од дуелите, мака мачи да прими топка, џабе трудот кога не успева ништо правилно да направи, и со пресингот е спор и неуспешен. И двајцата можеби би биле корисни со искуството и знаењето кое го имаат кога би биле џокери од клупата, ама се далеку од стартната 11-ка. За мене најлошо и најтрагично во целава ситуација е, што тренерот не е главниот и единствениот проблем, проблемот лежи многу подлабоко, во управата и раководењето со клубот, излегоа целосно од терк и уништија све што беше препознатливо за клубот