Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не бев на форумов вчера па да пишам нешто за групата. Многу ми е мило што се паднавме со Дортмунд. Атрактивна екипа се со одлични фанови, ќе биде ептен јака атмосфера во првото коло. Плус откако гледам фудбал не сме играле против нив, па секогаш сакам да гледам дуели со нови екипи. Од друга страна Интер ич не ми е атрактивен пошто лани игравме со нив. Ама ајде барем сега се со нов тренер плус појачани. Се на се задоволен сум од ждрепката. Нема некој од кој посебно треба да стравуваме, мислам ќе завршиме сигурно први, а не е очобол група како онаа на Сити.
 
Ракитич вреди 25 максимум 30. Дембеле максимум 50 со моменталната форма и повреди. Тоа се преку сила 80 милиони + 130 шо ги бара ПСЖ тоа се 210 милиони вкупно. ПСЖ сака да си ги поврати парите, овие нашите изгледа не го вреднуваат Нејмар на истата цена по која го дадоа, и тоа е тоа, нема договор.

Овој Тобидо не го ни спомнувам. 19 годишен со 18 професионални утакмици, тек треба да се докажува шо знае, според мене никаква трансфер вредност нема затоа и го земавме за милион.
 
Ракитич вреди 25 максимум 30. Дембеле максимум 50 со моменталната форма и повреди. Тоа се преку сила 80 милиони + 130 шо ги бара ПСЖ тоа се 210 милиони вкупно. ПСЖ сака да си ги поврати парите, овие нашите изгледа не го вреднуваат Нејмар на истата цена по која го дадоа, и тоа е тоа, нема договор.

Овој Тобидо не го ни спомнувам. 19 годишен со 18 професионални утакмици, тек треба да се докажува шо знае, според мене никаква трансфер вредност нема затоа и го земавме за милион.

Aма неможе Дембеле да го вреднуват со моменталната форма а Нејмар со формата од пред 2 години. Во моменталната форма Нејмар не вреди ни 100. Скаран со управата, повеќе повреден отколку фит, повеќе го интересира за ноќен живот отколку за фудбал. 220 милионски, секако.
 
Како бе брат Ракитич 25?Што напраи ти...Колку и да е паднат,остарен сепак за денешниов пазар сигурно е повеќе.
Башка 31 година не 40,некои "аматери" од пониски лиги повеќе даваат за играчи.
Ракитич има играно финалиња ЛШ о Светско,повеќе од 6-7 години игра во Ла Лига,плус Европа Лига и ЛШ еден куп натпревари има големо искуство барем за ротација ќе користи во секоја голема екипа.
Сигурен сум дека за 50 милиони би го купил некој.

За Дембеле би се сложил ајде,пошто ич не го сакам во екипа поради повреди и непрофесионалност(денеска пак закаснил на трениниг).

Во секој случај не вреди Нејмар 220 па незнам како да ја вртиме,а со понудава и повеќе испаѓа.
 
До пред месец-два немаше теоретска шанса да дојде Нејмар, а сега кога може да се исправи најголемата грешка во последнава деценија, скап бил. Играчи како него не никнуваат секој ден, па сега да расправаме дали вредел 200 или не. Едноставно маст бај е, прекупотребен е.

Иначе според последните информации сеуште ништо не е завршено, т.е. Барса се нема повлечено од преговорите.
 
До пред месец-два немаше теоретска шанса да дојде Нејмар, а сега кога може да се исправи најголемата грешка во последнава деценија, скап бил. Играчи како него не никнуваат секој ден, па сега да расправаме дали вредел 200 или не. Едноставно маст бај е, прекупотребен е.

Иначе според последните информации сеуште ништо не е завршено, т.е. Барса се нема повлечено од преговорите.
Може и да се направи најголемата грешка на деценијата ако го вратиме.
Пари нема,за Гризман 40 милиони земаа кредит,ако сега земат 150 што ќе биде?Мислиме ли да ги враќаме тие пари или во банкрот ќе одиме...

Замисли Нејмар да дојде и го мачат повреди,едноставно да не се снајде,а Баерн не го откупи Кутињо.
И?Кредит преку 200 милиони плус проблем со плати ќе настане така.

Мене повеќе ми е веројатна оваа варијанта отколку бајки дека кога ќе дојде ќе газиме секоја утакмица по 5-0 ќе освоиме се што може да се освои итн.
 
Може и да се направи најголемата грешка на деценијата ако го вратиме.
Пари нема,за Гризман 40 милиони земаа кредит,ако сега земат 150 што ќе биде?Мислиме ли да ги враќаме тие пари или во банкрот ќе одиме...

Замисли Нејмар да дојде и го мачат повреди,едноставно да не се снајде,а Баерн не го откупи Кутињо.
И?Кредит преку 200 милиони плус проблем со плати ќе настане така.

Мене повеќе ми е веројатна оваа варијанта отколку бајки дека кога ќе дојде ќе газиме секоја утакмица по 5-0 ќе освоиме се што може да се освои итн.
Сигурен сум дека ќе биде добар, не може да не се снајде, не е дете што првпат доаѓа во клубов, сува класа е, врв, едноставно не може да не се снајде. Исто гледам се форсира тоа со повредите, нема никаква врска како тие на Дембеле, што сам се повредува. Нејмар е повреден од стартување врз него, од удар, огромна разлика. Јас викам да лупнат колку што треба макар и бан добиле, вреди да се одигра така, немам дилема воопшто.
 
Дека не вреди Нејмар 200 мил не вреди се согласувам, проблемот е во ПСЖ шо беа одлучни и рекоа најмалце 90 % од средствата сакаат да вратат.
За Ракитич 2.5 е многу, камоли 25. Тоа шо има освоено не му дава никаква вредност на моменталната форма. Ликот е тотално надвор од секаков допир со фудбалот, попрво би одбрал со 10 играчи да играме отколку со Ракитич во тимот. 50 милиони да даде некој за Ракитич би бил најголем грабеж во светот на фудбалот.
 
Знаете како:Од една страна,да дадеш 2-3 играчи за играч кој е љубител на нокниот живот,карневали,лудории,играч кој го тужеше клубот,судски спорој,е малце заебано,ние можиме да го плукаме,пцуеме,и да не го сакаме,за начинот на кој замина,предавник ваков-таков ама сепак Нејмар е играч кој можи сам да реши утакмица,беше клучен во титулата во 2015,можеш да му ги дадеш конците во нападот.Е сега од друга страна,да ги жртвуваш Ракитич и Дембеле,овај првиов се влечка по терен,ко трактор е,овај вториов разгалено детиште, нон=стоп повреден т.е склон на повреди,што уште НЕ е дораснат да му се даде битна улога во тимот (Замислете Дембеле еден ден,капитен и да треба да ги храбри т.е мотивира играчите),треба уште многу муви да лапа.......Па поубаво жртувај ги овие двава за Нејмар,барем кога не ќе му тргни на меси Нејмар е тука,Суарез 33 веќе во 34,и самиот е свесен дека нема долго да тера со ова темпо.Читам овде сите коментирате,Нејмар да потпишел/Нема да потпишел за Барса,вие кажете тренериштево наше како ќе се справи со сето ова т.е со овај ростер......Не ви изгледа малку како преголем залак да е сето ова за него.
 
Не знам, јас сум изгледа еден од ретките фанови кои не се баш многу загреани за Нејмар. На почетокот на летото стварно се надевав дека ќе дојде, ама сега како одминува времето некако се оладив. Некако немам добро претчувство дека ќе биде се како подмачкано ако се врати. Прво, знаеме каков живот тера вон теренот и каков карактер е. Лесно може да се случи да донесе проблеми. Не верувам дека ќе биде така додека Меси е во екипата, ама и тоа нема да трае вечно. Нејмар ќе бара посебно внимание и може да донесе кавги со соиграчите и управата во иднина.

Второ, нападот не ни е најголем проблем сега. Како што пиша членот над мене, поголем проблем е како Валверде ќе ја менаџира екипата. И без Нејмар имаме одличен тим. Тренерот е многу поголема мака.

Трето и најважно, зошто сте толку сигурни дека Нејмар ќе биде истиот играч откога замина? Да не се разбереме погрешно, дај Боже да е така. Ама повредите и играњето во француската лига може да остават трага. Или што се вика ќе си ја воскресне кариерата во Барса или скроз ќе му појде во надолна линија. Е дури тогаш ептен тешко ќе се отарасиме од него и ќе бидеме мета на најголем ремет.

Ако веќе сепак решат да го потпишат по секоја цена, пари + Дембеле + Ракитиќ сигурно е најдобрата опција.
 
Како праите муабет за парите мислите ваши се. Понудата од 130 милиони + Ракитич + Дембеле на позајмица е перфектна... Зошто?
Прво, се ослободуваме од Ракитич, веројатно проценката и на двата тима е околу 40 милиони што е перфекно за нас, второ, го носиме Нејмар, играчот со кој Меси најмногу сака да игра заедно со Суарез и трето, го даваме на калење Дембеле..
Тие 130 милиони, можеме во секој момент да ги извадиме, ако не го купи Баерн Кутињо за 120, сигурно ќе има некој друг за 100 што ќе го купи.
Дембеле другото лето би се вратил, или ПСЖ ќе сака да го откупи...
Има милион причини плус за кои управата е свесна и затоа и е спремна да го врати, маркетиншки ке рипнеме многу, не заборавајте дека циганот е многу посакуван...
Исто, многу битно, Барселона е екипата со најголеми приходи во светот, лани имавме 980 милиони приход, алоо тоа е скоро миљарда евра...

Без сумља Нејмар треба да се врати,
како иначе би ми оживеал никот... :D
 
Ок, официјално не доаѓа Нејмар, па можам да го оценам преодниот рок како многу лош. Појачување со Де Јонг и Гризман и надополнување состав со Фирпо. Левата страна во нападот останува празна, исто како и раштиманата средина, во одбрана Пике се врати во стар киксерски ритам, а на клупата го имаме неславниот генијалец. Се на се, не гледам некое значајно подобрување во однос на минатата сезона, па очекувањата ми се ниски. Во ЛШ очекувам повторно некој тежок дебакл, Ла Лига да отиде во други раце, купот е небитен.
 
Ќе ја истурка Меси сам Лалига, мислам дека 90 % е наша. Лани сам ја освои, оваа сезона и Гризман го има. Проблемот е шо таа титула му ги омекнува срањата на Валверде, тука лежи зајакот.
 
Ја најде стартната 11ка толку е,цела сезона сега овие ќе цркнат на терен,само Меси и Суарез ќе се додадат на составов.
Добро е барем Ракитич што не е во почетна постава,Роберто е далеку побрз и по борбен.
Незнам само со Артур што е работата 3 утакмици веќе не е во игра,се надевам денес ќе влезе место Бускетс негде во 70та,сакам да видам како ќе изгледаат Артур-Де Јонг-Роберто мислам дека таа варијанта најдобра ќе биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom