Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Раката да му се исуши на тој што ќе даде зелено светло за трансфер на Дембеле. Уште не се свесни колку е моќен момакот.
 
Следна Дембеле се враќа во прва постава.:cool:
Ајде утре АЛАВЕС да КИКСНЕ со Еибар па да бидеме +4.
Со кога водиме битка за Ла Лига:pos:
 
Да се надеваме дека ова нема да се повтори со Интер, зошто нема да има вакво враќање. Меси нека го стави на клупа, со самото тоа психички ќе се посилни, кога ќе знаат дека тука е царот.
 
Со Дембеле не е проблемот во играта туку во дисциплината, со право грее клупа и не очекувам во скоро време да биде стартер. Можеше Роналдињо да биде казнет и да му се сјеба кариерата може и на него. Во било кој посериозен клуб да оди го чека иста приказна со овој став

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Абе Грицко бе, абе абе абе :love::love::love:

Гласот си го оставив дома, одамна се немам овака напнато на некоја утакмица...
 
Ваквите победи се злато вредни, но никако не смее да се заборави лошата игра.
Кутињо разочара откако останавме без Меси, наместо он да го диктира темпото, да дели асистенции и клучни пасови, он се глупираше со грешките. Освен тоа страшно ме нервира како игра дефанзива и пресинг, абе со пола брзина се враќа назад и ретко кога брка играч во пресинг игра.
Браво за Валверде што го извади од игра ама па измената беше Мунир кој е тромав како трактор, уште па крило го стави. Тука никако не може да се најде логика, имајќи го Малком класично крило, брз играч, со добар дриблинг, он го остава надвор од тимот на сметка на тракторот.

Дембеле освен голот, се што допре беше грешка. Додавањата и нафрлувањата му беа очај. Ако го средат психички може да биде многу корисен играч за играта на Барса.
 
Конечно направија пресврт. Веќе за жал се навикнавме на вакви мечеви да паѓаат психолошки и да не можат да се вратат. Добро е, злато вредни три бода се ова. Пошто долга е сезоната, не може да се опуштат додека не се направи поголема разлика во бодови.

Инаку настрана победата, простор за критика има многу. И кај играчите, и кај Валверде. Сите граници ги помина веќе, упорно го тера истиот состав. Барем една ротација да видевме, едно изненадување. Можеше комотно вечерва да почне со Видал во прв состав ако ништо друго. Измените му одат по шаблон, без разлика дали води или губи. Во вторник очекувам пак да ги стави истите 11, иако Дембеле и Видал според мене треба да добијат предност пред Рафиња и Ракитиќ.
 
Да бидеме реални, Алба, Роберто и Суарез не одржуваат тука кај што сме. Исто и Артур, сите други се просек. Според мене мора да му дава многу повеќе шанса на Дембеле, како и да игра да биде прва постава, има многу фудбал во момакот. Кутињо играше многу подобро на почетокот кога беше во средина. Мора да проба барем една утакмица со Кутињо, Артур и Биски средина да видиме како ке функционира, далеку покреативни ќе бидеме така.
 
Кутињо откако е на крило ги нема повеќе шутевите од далечина и далеку понеопасен е на крило. Против послаби екипи треба да игра средина, против посилни тешко, бидејќи слаб е во дефанзива.

Дембеле прави премногу грешни додавања и нафрлања, но во еден момент ќе даде гол или асистенција. Мора да работи на грешките, ако не се поправи реално не може прва постава да е.
 
Големи се шансите Меси да е во тимот за против Интер. Планот е да влезе во второ полувреме, но сеуште нема потврда.

Иначе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom