Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
@NeymarJunior се сложувам со тебе супер би изгледало тоа на терен или пак Кутињно Бускетс Артур. Но Артур уште треба да се адаптира така да со С.Роберто топ би била средината.
 

Нашиве ќе бараат трампа за Рабио според мене, ако воопшто псж тргнат по Иван.

[DOUBLEPOST=1534783491][/DOUBLEPOST]Рафиња во Бетис :eek:

 
Последно уредено:
Серхи Роберто е Ковачиќ тип на играч. Одличен е за фуриозно да ја пренесе топката во транзиција, со менување на правецот при трчање, но при позициона игра не се снаоѓа баш. Ако Ракитиќ може да смири игра кога се чува резултат, овај е тотална спротивност, може да ја убрза.
Ковачиќ е Роберто тип на играч.

Успехот/неуспехот сезонава најмногу ќе зависи од формата и здравјето на Алба.
 
Ковачиќ е Роберто тип на играч.

Успехот/неуспехот сезонава најмногу ќе зависи од формата и здравјето на Алба.
Некако се мислам дека Роберто е втора опција за лев бек, заедно со Вермален. Не верувам малиот да добива шанса, освен можеби у купот.
 
Рафиња е речиси договорен за во Бетис, 1.5 милион позајмица со опција за откуп од 25 милиони ќе е изгледа.

Сега е потребна замена на таа позиција, наместо да пробаат да донесат некој што ќе прави разлика на теренот, цело лето го чекаат Гомеш Рабио. Малце време останува да се донесе замена, можно е и никој да не дојде.
 
Реално Рафиња е вишок нема потреба од нов играч.
 
Рафиња е речиси договорен за во Бетис, 1.5 милион позајмица со опција за откуп од 25 милиони ќе е изгледа.

Сега е потребна замена на таа позиција, наместо да пробаат да донесат некој што ќе прави разлика на теренот, цело лето го чекаат Гомеш Рабио. Малце време останува да се донесе замена, можно е и никој да не дојде.
Што замена треба? Рафиња ќе играше десно крило.. Таму се Усман и Малком
Средината веќе пренатрупана е немаше минута да добие таму
 
Што замена треба? Рафиња ќе играше десно крило.. Таму се Усман и Малком
Средината веќе пренатрупана е немаше минута да добие таму
Еве пропаднал трансферот во Бетис. Ако остане би играл во средина, против отепаните екипи што играат бункер потребен е играч со офанзивни карактеристики ко него, а не Ракитиќ да прави додавања наназад по едно метро. Што поширок ростер тоа подобро, само така нема да папсаат во февруари.

Планот им е да донесат уште еден играч во средина, во тој случај сигурно ќе замине Рафиња. Но, далеку се од такво нешто во овај момент.
 
Моментално во средината ги имаме Бускетс, Кутињо, Ракитиќ, Артур, Видал, Рафиња, Сампер, Алења, Денис и плус Роберто играше средина првото коло.
10 играчи за 3 позиции :vozbud:
 
Моментално во средината ги имаме Бускетс, Кутињо, Ракитиќ, Артур, Видал, Рафиња, Сампер, Алења, Денис и плус Роберто играше средина првото коло.
10 играчи за 3 позиции :vozbud:
Сампер ќе стои додека не најде клуб, повторно е повреден и нема ништо од него, Алења во Барса Б ќе се врати откако ќе се опорави, Денис на крило евентуално би добил некоја минута некогаш, Роберто е десен бек. Што значи 6 играчи, по два за секоја позиција во средина. Ако замине еден, треба да се донесе друг, проста математика :D
 
Ракитиќ да го продадат дур можат да запнат некој денар на него! Ионака не можам да го гледам! Рафиња да остане како замена, добра екипа има Барса годинава!

Напад:

Суарез (Алкасер/Мунир) - Меси (Малком)

Средина:

Кутињо (Денис) - Артур (Роберто)[1] - Бускетс (Видал) - Дембеле (Рафиња)

Одбрана:

Алба (Миранда) - Умтити (Ленглет) - Пике (Вермален) - Семедо (Роберто)

Голмани:

Тер Штеген (Силесен)
_____________________________________________________________________

[1] Евентуално Рабио, Погба или Де Јонг, ако купат до крајот.

И да, аман више овие, Сампер, Алења и co. нека ги продадат, небитни се како искористен кондом!
 
Рабио и Де Јонг отпаднаа дефинитивно. Се посигурно е дека нема да има нов играч, со мала шанса за некое изненадување како претходниве. Рафиња останува, освен ако не лупне некој кеш во овие неколку дена па да го купи, па од тоа и зависи дали ќе дојде друг играч. Би рекол шансите се 90% да не дојде никој :D

Пако ќе оди на позајмица во Дортмунд најверојатно.
 
Ако одбијат 90 милиони за Ракитич, овие се луди. Па и поголема плата ќе му дале :facepalm:
Продај го таму, остави го Рафиња, Роберто у средина и купи некој бек до кај 30-40 милиони и тоа е тоа.

Ја би да запнат по Азпиликуета... ја мискев типчето има над 30 години, а он 28.. може да покрие и лево, плус шпанец, реорезентативец..

Мислам дека Челзи би го продале за 35 милиони...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom