Неделава ќе биде слика и прилика да се види јачината на овој тим. Не треба да не залажува предноста од 10 бода над Реал на табелата, они се башибозлук сезонава у Ла Лига, бар сега за сега, така да тоа што сме прво место со ваков Реал и Атлетико не ми е баш некој репер за тоа дали и колку е силен овој тим на Барса.
Вистинската слика ќе биде неделава, две тешки гостувања, прво со Јувентус па после со одличната сезонава Валенсија. Ако успееме двете да ги добиеме, би рекол дека ќе можеме да се надеваме за нешто повеќе сезонава. Тимот до сега на терен не изгледа нешто посебно, но ги добива скоро сите утакмици, да излезеше со подобар состав Валверде против Атлетико, и таа ќе ја добиевме.
Ќе видиме и одбраната како ќе реагира во овие две утакмици, сега за сега солидно делуваат. Пиќе ако не се лажам ќе ја пропушти Валенсија заради картони, немаше да биде хендиќеп да го имавме Маскерано кој месец дена нема да го имаме на терен, вака ќе мора Валверде сезонава за прв пат во Ла лига да настапи со Вермален.