Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Новиот крал сеуште нема доделено кралски куп на кралскиот тим. :icon_lol:
 
Ајде честито нека ни е, барем купот колку-толку ја извади сезоната.

Толку и од ерата на Луис Енрике. Донесе човекот една триплета и една двојна круна. Така да мислам дека некои од критиките беа претерани. Сигурно дека е во Топ 5 тренери на Барса на сите времиња. Покрај Пеп и Кројф, јас сепак би го ставил и зад Рајкард.

Како и да е, кога дојде Лучо во 2014 бев некако сигурен дека ќе донесе трофеи. За Валверде го немам тоа чувство, мислам дека клубот се пушта во ризик со овој потег.
 
Ај честито купот, не толку небитен како што изгледа (со оглед на двомечот против Атлетико), колку да не биде упропастена сезоната. Сепак не може постојано триплети и двојни круни, нормално е и вакви периоди да има.
Како и да е, следува интересен период.
 
Денес треба да се објави името на новиот тренер. Според Мундо Депортиво претседателот ќе го објави на пресконференција во 20:00
 
DBAqIIfW0AEMPPf.jpg
 
Сезонава само да не засмрди како таа со Мартино кога беше обична кукла на конци , и се надевам Меси и Нејмар нема да се штедат за СП 2018.
 
Тоа по обичај иде, секоја сезона пред СП или Копа Америка Меси трча по 7км у просек на утакмица
 
Солидна сезона со успеси и падови како возење на ролер костер. Искрено мислам дека Реал ја победи Барса не на теренот туку надвор од него, пред се мислам на управата. Флорентино е Ворен Бафет во светот на фудбалот.
 
Последно уредено:
Белерин сам се нуди на Барса. Колку што јас го имам гледано не е ништо посебно, ко некој лигавко е со посраната фризура. Има подобри решенија од него, се надевам дека нема да дојде.

Дембеле од Дортмунд исто со изјавите покажува дека и те како би дошол во Барса, а и не е Борусија екипа од која не можеш да земеш играч испод 100 милки.

Верати, тешко дека од псж би прифатиле било каква понуда за него, освен ако самиот тој не притисне за трансфер. Не сфаќам зошто сега кога може да биде алфа и омега во средина во Барса и да ја покори европа, би останал во псж да се бори за француско првенство, изгледа многу се слатки милиончињата нафташки :)

Од овие тројца веројатно ќе го донесат Белерин, со оглед на неверојатната умешност на управава :D
 
И за Ди Марија се пишуваше деновиве ...
 
Никој освен Верати не сакам да видам како појачање во средината!!!
 
Сигурно ќе биде подобро одколку без бек како оваа сезонa :couscous:
16beb9fdd404f9602a85e8e2223f1947.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom