Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
^^ Грималдо нели потпиша за Бенфика? Или грешка сум, друг играч беше?

Стопер секако треба, ја сум за Стоунс или Маркињос.
Ако си оди Алвеш, мора и десен, најдобро би бил овој од ПСЖ за без пари, а шанса да му се даде на Видал сезонава.
После 5-6 сезони мислам редно време е да си оди Адриано, ни треба замена таму, било кој, некој што ќе му биде конкуренција на Алба, а не Матје да игра.
Халилович не се враќа, ќе оди во Валенсија, или на позајмица или со бај-бек.
Желба ми е за во средината Верати или Кутињо, ама тоа сезонава не го гледаме.
Денис Суарез се враќа за 3,25 мил. може да игра и на крило, а тука се исто и Рафиња и Арда кој исто можат да играат крило, значи ни останува уште напаѓач за Сандро, кој имал понуда од Галата и најверојатно таму ќе оди. Ја сум за Гамеиро или Адуриз.

Тоа би било тоа.
 
Потврди спортскиот директор сега на прес дека си оди Алвес, одлучил Дани. Фала му за се', еден од најдобрите трансфери на Барселона на сите времиња, 32 милиони евра, во 8 години освои 23 трофеи. Во секој од овие 23 трофеи беше еден од клучните играчи, јас не се ни сеќавам дали имаше пауза заради повреда, што повеќе да се каже...:cuc:

Маскерано кажа овој директоров дека треба да остане и тоа е супер вест. Јас не знам што се сите запнати толку за Лапорт и Маркињос, има милион играчи млади и добри на таа позиција. Нека си заминат Вермален и Бартра, нека донесат двајца од Тах, Кулибали, Мустафи и Лемос и обезбедени сме за неколку години. Ем поевтини, ем подобри според мене. Лапорт 5 месеци ќе биде повреден и веројатно Сити нудат огромни пари, а Маркињос е исто скап и втора постава игра заради факинг Давид Луиз. Блинд исто мислам дека нема да биде лош трансфер, ми изгледа на играч кој може да се вклопи кај нас и на позиција лев бек и стопер и како замена за Бускетс. Во средина не очекувам трансфери освен Денис Суарез, во напад ми е желба Вието или ете Нолито, во животна форма е иако пак го гледам како краткорочно решение. Десен бек не знам дали ќе земаат воопшто заради Видал и Роберто(и Даглас секако:rolleyes:), ама ако земаат нека биде тоа Марио Гаспар или Врсаљко хрватот (имам некое чувство дека ќе биде еден од играчите кои најмногу ќе изненадат на ЕУРО 2016 и ќе има после борба за него). Ако си замине Адриано желба ми е Хектор германецот, ама мислам дека ќе ми остане само желба. :(

Ете да си поиграм и јас малку менаџер, па на крајот на летово да видиме дали нешто сум погодил. :)
 
На Барса и се потребни брзи одбранбени играчи со оглед на високото тежиште на игра и проблемот што ги има Барса против екипи кои играат на контри. Блинд во ниту еден универзум не може да покрие лев бек или стопер затоа што е премногу спор, и редовно си има по некој кикс. Матје барем е корисен во воздушни дуели.
 
Демек сте понудиле 30 милиони за Ромањоли али сте биле одбиени.
 
Па мислам дека имаше шпекулации некои за Врсаљко пред некој месец, јас само у Хрватска шо го имам гледано неколку пати како игра, Италијанско и не следам многу, ама пак од друга страна последно нешто што прочитав за Врсаљко е дека ќе оди во Атлетико, пред некој ден се вртеше таква вест по сајтовиве.
 
476137812-daniel-alves-of-barcelona-celebrates-with-gettyimages.jpg


Заминува една голема легенда..:place::place:Благодарност за се што стори мајсторе!Човекот играше со срце на секој натпревар!Посакував тука да се пензионира..но што е, тука е.. Ќе помине долго време додека Барса најде некој ваков играч во секоја смисла на зборот. Паметам многу негови и гафови и убави моменти..но ваков лик еднаш се раѓа..Еден од најголемите играчи на Барса на сите времиња!
 
Значи од од тоа што кажа нашиот спортски директор:
- Дани си оди.
- Нема да ангажираат десен бек бидејќи ги имаме Видал и Роберто.
- Белерин рече дека е одличен играч, но дека моментално не сметаат на таа опција да го донесат.
- Зборувал со Маскерано и му кажал дека нема да го пуштаат, значи дека јасно е дека Маскерано останува.
- Кажа пофални зборови за Маркињос, но вели дека тој не контактирал ниту со играчот ниту со ПСЖ.
- Денис Суарез ќе го вратат, но вели официјално тоа ќе биде во јули.
- Арда останува.
- За Адриано вели дека има уште една година договор и дека не добил информација дека ќе си оди.
- На Бартра иако му паднала откупната клаузула, сепак не сакаат да се откажат целосно од играчот. Значи дека најверојатно ќе се обидат да го продадат со бај-бек опција.
- Голманите и двајцата продолжуваат со клубот.
- За Даглас вели дека клубот сака играчот да игра, па демек ако не е можно кај нас, тогаш ќе пронајдат решение.
- За Нолито кажа дека сите знаеме зошто не го купија зимава, тој има договор со Селта и рече дека нема што да коментира понатаму.
 
Да ти ебам управата ретардирана, знаев дека се неспособни, но до олку не. Од ова што го кажал, всушност само ќе си заминат играчи, а нема да дојдат. Туку што зборувам јас, да беа нормални Даглас ќе леташе од клубов за секунда ама то е абдали.
 
Нејмар зошто не е во составот за Копа Америка?
Ќе игра само Олимпијада или е повреден нешто?
 
Значи од од тоа што кажа нашиот спортски директор:
- Дани си оди.
- Нема да ангажираат десен бек бидејќи ги имаме Видал и Роберто.
- Белерин рече дека е одличен играч, но дека моментално не сметаат на таа опција да го донесат.
- Зборувал со Маскерано и му кажал дека нема да го пуштаат, значи дека јасно е дека Маскерано останува.
- Кажа пофални зборови за Маркињос, но вели дека тој не контактирал ниту со играчот ниту со ПСЖ.
- Денис Суарез ќе го вратат, но вели официјално тоа ќе биде во јули.
- Арда останува.
- За Адриано вели дека има уште една година договор и дека не добил информација дека ќе си оди.
- На Бартра иако му паднала откупната клаузула, сепак не сакаат да се откажат целосно од играчот. Значи дека најверојатно ќе се обидат да го продадат со бај-бек опција.
- Голманите и двајцата продолжуваат со клубот.
- За Даглас вели дека клубот сака играчот да игра, па демек ако не е можно кај нас, тогаш ќе пронајдат решение.
- За Нолито кажа дека сите знаеме зошто не го купија зимава, тој има договор со Селта и рече дека нема што да коментира понатаму.

За друг напаѓач не спомна ништо ? Не ми се верува да се остават само со Мунир. Претпоставувам дека е рано па не сака да дигаат цена. Мада и врапче знае колку ни треба нормален напаѓач од клупа.
 
За друг напаѓач не спомна ништо ? Не ми се верува да се остават само со Мунир. Претпоставувам дека е рано па не сака да дигаат цена. Мада и врапче знае колку ни треба нормален напаѓач од клупа.

Тој не спомна, но прочитав дека самиот агент на Вието го понудил играчот. Но прва опција бил Гамеиро, па ако не успеат со него тогаш ќе се насочат кон Вието.
 
Абе реално не може да излезе на прес и да каже „се ќе направиме за да купиме напаѓач, тоа најмногу ни треба...“ После кога ќе им дигнат цените на сите има главата да не знаат кај им е.
 
Гамеиро многу тешко да дојде, од причина што не би прифатил да седи на клупа баш сега кога игра во животна форма.
Вието на пример, многу полесно би дошол, бидејќи тој и онака не е првотимец во Атлетико. Е, сега прашање е колку и тој би сакал уште една сезона да преседи на клупа, наместо да иде во клуб каде што ќе биде првотимец со цел да си ја врати формата.
Моја желба е Адуриз, баш таков играч ни треба. На залезот од кариерата, кој ќе влегува од клупа како џокер и да ги одмара првотимците. Баш Адуриз ми се совпаѓа со тоа што овде многу често се користи, 'нов Ларсон'. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom