^ Брат што сакаш бе, оваа управа е 2 години, и до сеа имаат една тројна и една двојна титула? Шо не е ок тука?
Дека треба да се подмладува, треба! И јас сум за тоа, ама ете ако се донесе, а сигурен сум дека ќе се донесе млад штопер (Маркињос, Стоунс) нема да е така лошо.
Алвеш си замина, а можно е и Адриано, така да ќе останаат уште Маскерано и Матје, кој другата година сигурно си одат. Значи одат чекорр по чекор. Од 30+ ќе останат само Браво и Иниеста. Сите други се или во најдобрите години за фудбал 28-29 (Меси, Суарез, Ракитич, Арда, Пиќе, Алба..) или се млади (Нејмар, Рафиња, Бускетс, Видал.. и ако се донесат Суарез и штопер)
Тимот ни е спој на младина и искуство и најдобро е вака постепено да идеме со смената на генераци одколку сите наеднаш и да не видиме титула 5 год.