Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Добро што се случи ваков натпревар во овој момент. Победа си е победа, ама да тепаа само 1-0 или 2-0 на ваква екипа може немаше да има голем психолошки ефект. Ама 8-0 и тоа како ја враќа самодовербата. Сега верувам дека можат да згазат се’ до крај. (y)
 
Еве ваква утакмица се бараше па каков и да бил противникот, конечно изигравме утакмица како што знаеме.. сигурен дека после оваа утакмица ќе се врати самодовербата кај тимот и до крај ќе изиграме на највисоко ниво.. освен мечот со Бетис не би верувал да имаме некој поголеми проблеми на останатите утакмици, ако играме како денес не треба да стравуваме од никого до крајот.. сигурен сум дека ќе се стегнат момците до крај и дека нема да ја изгубат титулата :D
 
Повеќе не смее да ги интересира дали некој кикснал од конкурентите , се' зависи од нив , на нив е да ги имаат сите победи на последните 4 меча во Примера и финалето на Купот .
 
Јас мислам дека тимот Депортиво не влезе со голема самодоверба и му се исплаши на Барса, затоа овие ги столчија :D Инаку ќе тепаа Депортиво!
 
Не знам за вас, дечки, ама јас ништо против немам продажба на Нејмар за сумата за која се зборува за ПСЖ. Преку 150 милиони евра му нудат, тој ќе си ги затвори убаво долговите за данок со огромната плата што сигурно ќе ја има, ќе си освојува лесно титули, мислам дека него му одговара тоа целосно. Не мислев уште кога дојде дека ќе биде играч што ќе остане многу долго кај нас, идиотското однесување веќе неколку месеци мене ми е преку глава дојдено, особено после тоа како се однесувал со Алба некни на утакмицата со Валенсија. 3 и пол години помина со Меси, а колку е незрел и колку лесно го провоцираат е жално. Огромен талент, ама не мислам дека вреди да се задржи. Вчера беше како статист, како што е и цела полусезона. Растураше се живо во првата полусезона, сега подобар е Мунир, доволно кажува ова.
За мене главен тандем се Суарез и Меси и замена на Нејмар со Дибала или Ројс не мислам дека ќе ги промени работите на полошо. Само ќе го плаќаме новиот многу помалку пари и ќе има уште некое евро повеќе за трансфери. Не мора да ме распните за ова, вака мислам дека е најдобро за клубот.
Всушност, мислам дека Дибала ќе биде подобар играч од Нејмар и некој кој многу повеќе се вклопува во филозофијата на тимот, скромен дечко кој ќе го има Меси за ментор и можда еден ден ќе биде најдобар. Нејмар со неговото однесување не мислам дека некогаш ќе биде број 1.
 
Нејмар го има удрено оној типично бразилски синдром. Јас пак мислам дека е период и дека ќе му помине. Да не заборавиме кога е решен да игра, дека игра и не вадел од многу гомненици кога на никој на терен не му оди. Против негова продажба сум :)
 
Нејмар има лош период , ќе му помине , а за продажба тоа би било голема грешка и од маркетиншки аспект .
 
Малку веројатно е да го продадат, пошто Нејмар им е како трофеј кој го освоиле на управата (Росељ го зеде, ама исто е дали тој, дали овој другиов). Го пишав тоа затоа што излегуваат шпекулации дека слабата форма и таквото однесување некое време му е заради богата понуда од ПСЖ, што не е невозможно.
 
Реновирањето на Камп Ноу ќе траело 4 години почнувајќи од мај следната година :eek: Сега е прашање каде ќе игра Барса во тие 4 години, кој стадион би бил прифатлив. Според мене единствен и најприфатлив е олимпискиот стадион. Капацитет 54 000.
Estadi Olímpic Lluís Companys
Pista_02 (1).jpg
 
Не паничи бе, на Кампот ќе си игра Барса.
 
Не паничи бе, на Кампот ќе си игра Барса.
Паничам бе, планирам сезонска да купувам :D Шала на страна, како ќе се игра на Кампот, ако се извршуваат градежни работи? Мислам дека ќе се игра на друг стадион.
 
Паничам бе, планирам сезонска да купувам :D Шала на страна, како ќе се игра на Кампот, ако се извршуваат градежни работи? Мислам дека ќе се игра на друг стадион.

Па постепено ќе се гради. Да работеа во полн интензитет пократко ќе беше времетраењето на работите.
Можеби ќе затвораат дел од трибините во зависност од тоа каде се работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom