Не знам за вас, дечки, ама јас ништо против немам продажба на Нејмар за сумата за која се зборува за ПСЖ. Преку 150 милиони евра му нудат, тој ќе си ги затвори убаво долговите за данок со огромната плата што сигурно ќе ја има, ќе си освојува лесно титули, мислам дека него му одговара тоа целосно. Не мислев уште кога дојде дека ќе биде играч што ќе остане многу долго кај нас, идиотското однесување веќе неколку месеци мене ми е преку глава дојдено, особено после тоа како се однесувал со Алба некни на утакмицата со Валенсија. 3 и пол години помина со Меси, а колку е незрел и колку лесно го провоцираат е жално. Огромен талент, ама не мислам дека вреди да се задржи. Вчера беше како статист, како што е и цела полусезона. Растураше се живо во првата полусезона, сега подобар е Мунир, доволно кажува ова.
За мене главен тандем се Суарез и Меси и замена на Нејмар со Дибала или Ројс не мислам дека ќе ги промени работите на полошо. Само ќе го плаќаме новиот многу помалку пари и ќе има уште некое евро повеќе за трансфери. Не мора да ме распните за ова, вака мислам дека е најдобро за клубот.
Всушност, мислам дека Дибала ќе биде подобар играч од Нејмар и некој кој многу повеќе се вклопува во филозофијата на тимот, скромен дечко кој ќе го има Меси за ментор и можда еден ден ќе биде најдобар. Нејмар со неговото однесување не мислам дека некогаш ќе биде број 1.