LaVista
Traumatic Playground
- Член од
- 31 јануари 2007
- Мислења
- 4.183
- Поени од реакции
- 958
Ајде, после толку време си реков да пишам нешто во врска со случувањата сезонава.
Прво мора да признаеме едно... го мразевме Лучо после оној лош период пред Нова Година, но мора да му симнеме капа на човекот што и покрај сите притисоци од медиумите остана доследен на тоа што си го имаше зацртано. Првиот дел од сезоната ми изгледаше како холивудска спортска драма со сите подеми и падови, со сите пиздарии што се случуваа на и надвор од теренот, но ако погледнеме во тој дел од сезоната и сите тие ротации ќе сфатиме дека тие беа клучни за добрата форма на тимот во најважниот дел од сезоната.
Со Пеп имавме добри физички подготовки но ова што го гледаме оваа сезона е врв на една физичка спремност и треба да биде патоказ за сезоните што следат. Се гледа дека целиот персонал напорно работел токму на овој аспект од тренингот, но што друго можеме да очекуваме кога на чело на тимот имаме 45 годишен човек кој трча маратон чисто онака за да провери дали може.
Друго, мислам дека присуството на психолог во соблекувалната беше полн погодок затоа што сезонава имавме многу тешки натпревари, но дечките скоро никогаш не се откажаа од она што го зацртаа, а тоа е победа и стигнување на местото каде што се наоѓаат моментално. После чудната сезона на Тито и катастрофалната на Тата, конечно можам да кажам дека сум сигурен во залагањето на играчите и сум сигурен дека и кога ќе губат, ќе се борат до последната секунда за секоја топка притоа трчајќи како да е 1ва минута.
Трето, моменталниот тим е супериорен во однос на оној на Пеп ( ова мислев дека нема да го кажам во догледно време) од чиста причина што тимот на Пеп беше тим што излегува на терен и игра на само еден начин. Губеле или победувале сите знаевме каква ќе биде играта на Барса. Од друга страна моменталната Барса е комплетно изградена врз карактерот на Енрике од неговите играчки денови... цврста, пргава, убиствена. Може да играат 3-4 системи и што е најимпресивно се случуваше во текот на едно полувреме да сменат тактика и играта да биде исто така добра како со претходната.
Сведоци бевме на она што го форсираше Пеп и неговиот филхармониски, понекогаш џентлменски фудбал. Имаше мал милион натпревари во кои пред полувреме водевме со 5-0 за во второ полувреме играчите да си ја подаваат топката и сето тоа изгледаше како да не сакат да го понижат противникот. Овој тим го нема тоа ограничување... овој тим оди на крв, оди да понижи, излегува со една намера на теренот, да докаже дека е подобар од противникот.
Во мои очи, момците сезонава момците се надминаа себеси и се победници и ништо нема да го смени ова мое мислење, па ниту пораз во Берлин.
Мислев подолго време што да напишам за Чави но морам да признаам дека незнам што би можел да кажам за таква легенда. Настапите и трофеите кои ги освои во кариерата кажуваат се што треба да знаеме за него.
Успеавме сезонава да освоиме два трофеи, да видиме дали можеме да го освоиме и третиот.