Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде, после толку време си реков да пишам нешто во врска со случувањата сезонава.

Прво мора да признаеме едно... го мразевме Лучо после оној лош период пред Нова Година, но мора да му симнеме капа на човекот што и покрај сите притисоци од медиумите остана доследен на тоа што си го имаше зацртано. Првиот дел од сезоната ми изгледаше како холивудска спортска драма со сите подеми и падови, со сите пиздарии што се случуваа на и надвор од теренот, но ако погледнеме во тој дел од сезоната и сите тие ротации ќе сфатиме дека тие беа клучни за добрата форма на тимот во најважниот дел од сезоната.

Со Пеп имавме добри физички подготовки но ова што го гледаме оваа сезона е врв на една физичка спремност и треба да биде патоказ за сезоните што следат. Се гледа дека целиот персонал напорно работел токму на овој аспект од тренингот, но што друго можеме да очекуваме кога на чело на тимот имаме 45 годишен човек кој трча маратон чисто онака за да провери дали може.

Друго, мислам дека присуството на психолог во соблекувалната беше полн погодок затоа што сезонава имавме многу тешки натпревари, но дечките скоро никогаш не се откажаа од она што го зацртаа, а тоа е победа и стигнување на местото каде што се наоѓаат моментално. После чудната сезона на Тито и катастрофалната на Тата, конечно можам да кажам дека сум сигурен во залагањето на играчите и сум сигурен дека и кога ќе губат, ќе се борат до последната секунда за секоја топка притоа трчајќи како да е 1ва минута.

Трето, моменталниот тим е супериорен во однос на оној на Пеп ( ова мислев дека нема да го кажам во догледно време) од чиста причина што тимот на Пеп беше тим што излегува на терен и игра на само еден начин. Губеле или победувале сите знаевме каква ќе биде играта на Барса. Од друга страна моменталната Барса е комплетно изградена врз карактерот на Енрике од неговите играчки денови... цврста, пргава, убиствена. Може да играат 3-4 системи и што е најимпресивно се случуваше во текот на едно полувреме да сменат тактика и играта да биде исто така добра како со претходната.

Сведоци бевме на она што го форсираше Пеп и неговиот филхармониски, понекогаш џентлменски фудбал. Имаше мал милион натпревари во кои пред полувреме водевме со 5-0 за во второ полувреме играчите да си ја подаваат топката и сето тоа изгледаше како да не сакат да го понижат противникот. Овој тим го нема тоа ограничување... овој тим оди на крв, оди да понижи, излегува со една намера на теренот, да докаже дека е подобар од противникот.

Во мои очи, момците сезонава момците се надминаа себеси и се победници и ништо нема да го смени ова мое мислење, па ниту пораз во Берлин.




Мислев подолго време што да напишам за Чави но морам да признаам дека незнам што би можел да кажам за таква легенда. Настапите и трофеите кои ги освои во кариерата кажуваат се што треба да знаеме за него.:cuc:

Успеавме сезонава да освоиме два трофеи, да видиме дали можеме да го освоиме и третиот.
 
Дечки се ближи денот..Некако тивки сме во однос на очекувањата за натпреварот, па би сакал да започнам.. Она што денес актуелно е дека Киелини го пропушта натпреварот. Тоа е голем минус за Јуве и плус за нас..Но, сепак сметам дека нивната одбрана ќе игра многу повеќе како група отколку индивидуално да се обидат да неутрализираат некој од триото напред..Постојат многу шпекулации кој ќе стартува на местото на Киелини, но тоа не е важно, доколку нашите напаѓачи имаат свој ден.. Мислам дека главната борба ќе се води на средината.. Таму ги имаат супер цврстите Погба и Видал и уметникот Пирло.. Големи играчи кои знааат како да притиснат и како да се борат. Веќе забележавме дека голем дел од головите кои ги постигнавме годинава ги постигнавме и поради пресингот кој го вршеа нашите средни играчи кога противникот ја имаше топката. Со тоа овозможуваа напаѓачкото трио да не се враќа многу назад и да прими топка во опасната зона. Сигурно ќе започнеме со Ракитич, Иниеста и Бускетс, кои мора да изиграат како прецизни машини..Пресингот е клуч на се. Не смееме да дозволиме да се разиграат со брзи топки кон Тевез или Мората..Ако тука битката се добие имаме големи шанси.. Треба да се внимава од фаули во опасна зона затоа што Пирло знае да го загорчи животот. Главно ја замислувам играта на Јуве нешто како Атлетико, но многу поцврсто и подинамично.. Алегри еднаш не победи со многу полош тим на Милан од овој на Јуве..затоа не треба потценување во никаков случај.Мора да постигнеме први гол, тоа е најдобра варијанта...Оваа година паднаа Реал, Атлетико, ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен...не гледам причина зошто да не падне и Јуве..Треба само да ја играме нашата игра..некој од Меси Суарез или Нејмар сигурно ќе има свој ден. Не критикуваат дека сме се протнале оваа сезона, затоа што сите наши противници имале повредени играчи..Јас ќе кажам само едно...Ова е одлична можност да ја завршиме сезоната со стил и да ги замолчиме критичарите...Нашата ера сеуште трае!! VISCA
 
Не знам зошто ама осеќам дека оваа утакмица ќе биде слична како со јунајтед 2011, едноставно подобри сме, во секој поглед. Само чудо го спасува јувентус од пораз и онака едвај стигнаа до финале со еден гол против факинг монако и катастрофалниот реал. Ајде да го испратиме маестрото како што заслужува. Visca el Barca!
 
Не знам зошто ама осеќам дека оваа утакмица ќе биде слична како со јунајтед 2011, едноставно подобри сме, во секој поглед.
Мислам дека не, тоа е најдобриот натпревар на Барса што сум го гледал. Верувам дека ќе биде како со Ман. Утд но во Рим
 
Не знам зошто ама осеќам дека оваа утакмица ќе биде слична како со јунајтед 2011, едноставно подобри сме, во секој поглед. Само чудо го спасува јувентус од пораз и онака едвај стигнаа до финале со еден гол против факинг монако и катастрофалниот реал. Ајде да го испратиме маестрото како што заслужува. Visca el Barca!
Да не те заеби инсектот, што би рекол Жика Павловиќ :D
 
Ако играт како во реваншот со Реал , ни чудо нема да ги спаси. Сеуште не ми е јасно како мадридци успејаа да испуштат на тацна дадено финале. Искрено страв ми е само Буфон да не стане октопод , или да им одржи некој ненормален мотивацион говор како Пеп во 2009 со гладијаторите. :D Тек тогаш ќе гинат за секоја топка.

Реков и пред некој ден , ако дадеме први гол 99 % сме шампиони.[DOUBLEPOST=1433490848][/DOUBLEPOST]Here we go .... Чудно ми е само што некој не спомна порано.

http://www.goal.com/en/news/1717/ed...es-modric-now-chiellini-injuries?ICID=HP_HN_1
 
Последно уредено:
Не сум знаел за ова

Luis Enrique must take credit for how he has handled this squad since the winter discontent in the Catalan capital, yet it was the players themselves who came up with the idea of Messi returning to the right flank and Suarez starting as an orthodox centre-forward.

"Honestly, I just ended up in the central position during a game by chance, and Leo said to me: 'Stay there'," the striker said in April. "Afterwards the coach saw that we had come up with a good solution by ourselves and we started trying it out. No one officially made the decision, but obviously from then on it was the coach who started playing me as No. 9."

Ептен ме мава возбуда за утре веќе 2 дена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom