Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Реално, овие две утакмици може да бидат најдобри што сме ги изгледале досега. Напред со нашата тројка можиме да им направиме многу проблеми на Баерн кој има проблем со контри цела сезона, а и во прекините сме многу подобри(ова кога ќе го кажам ми е малку смешно, ама е реалност). Веројатно поседот ќе ни го земат, ама i can't care less во моментов. Пред две години утакмиците му имаат оставено сигурно белег на Меси кој играше повреден тогаш, на Иниеста, Пике, Алба, Чави, Бускетс.
Ако некој знае нека пиши кои им се повредени за двомечов, знам дека имаа проблеми со повреди многу, ама не знам кои се точно.
 
Кажа Пеп на старт на сезоната, цитирам ,, Лучо ќе направи поголема работа од тоа што јас го направив за Барселона"
Па момци забава:)та може да почне
 
Потешко здравје.Најтешката варијанта ни се падна.Ај во финале со Баерн еден натпревар пак некако,вака тешко.Како така реал ќе си игра финале и има шанси да одбранат титула.Да падневме со Реал или Јуве 100% сум сигурен дека ќе игравме финале вака тешко.У пм Сити,ПсЖ,Баерн,па еднаш да ни се наклонеше среќата и да ни паднеше Јуве, рутинирано ќе пројдевме вака ќе се мачиме.
 
Како и да е, или Барса или Пеп во финале :)

Ако играат Данте и Боатенг има надеж за секој тим
 
Samo pobeda bez primen gol na prviot natprevar moze da ne odnese ponatamu

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
Ако некој знае нека пиши кои им се повредени за двомечов, знам дека имаа проблеми со повреди многу, ама не знам кои се точно.

Рибери, Мартинез, Алаба, Бадштубер.

Мартинез само што почна со тренинзи.

Бенатиа, Робен и Швајнштајгер би требало да се спремни, ама не се знае.

Немам видено екипа со толку повреди откако пратам фудбал.
 
Абе не сте арни. Едно полувреме да одиграт како првата со Порто , и ќе ги отпаднеме за 45 мин. Реваншот со Порто далеу е од мерило , ако земеш у предвид дека играа без двата класични бека. Баш добро што првата е дома , тука ќе си ја решаваме.
 
НЕ СЕ ПИЧЕТЕ БЕ што ви е Баерн па Баерн ко божем ние сме некое мизерно тимче ко Милан, Интер и остала боранија. Тоа што се случи пред две години се случи, јебига нема назад. Оваа година верувам во тимот дека ќе биде поинаку. Само со добро располежени МСН, Иниеста и Чави од утакмиците со ПСЖ, стабилна одбрана и Бог нека ги чува од повреди. Амин!
 
barsa1.jpg
 
Баерн на Пеп и Баерн на Јуп е сосема различен, сега и двата тима играат сличен фудбал.
 
Она што го направи Јуп со Баерн беше чиста перфекција..го знаеше секој потег на Барса..но да се навратиме каков период беше тогаш за Барса (иако не е оправдување, но е значајно за гледање на работите од денешен аспект). Тито беше болен, едвај се провлековме со ПСЖ, клубот почнаа да го тресат афери..Иниеста имаше смртен случај во семејството, беше премногу отсутен..првиот натпревар Меси се влечеше по теренот поради тешката повреда.. беше во игра само поради мотивација..вториот воопшто не настапи.. Одбраната ја започнавме со многу лош Пике и неискусен Бартра..повредени беа Маскерано и Пујол.. Нападот исто како да не постоеше бидејќи партнери на Меси беа Санчез и Педро, кои се далеку од Суарез и Неј.. Вториот натпревар ги имавме Сонг и Адриано во тимот, нападот беше катастрофа, средината уште повеќе..Два од головите во Минхен беа дискутабилни...Годинава (барем до сега) Барса е тимот кој игра најубедливо во ЛШ, средината можеби не е сјајна, но мора да се влезе поагресивно во дуелот. Ги подобривме контрите и прекините, а нападот е далеку далеку поубиствен. Играчите сакаат да играат фудбал..тоа се докажа како одминува сезоната.. Поразот од Баерн остави длабоки траги кај сите играчи и фанови, па дури и кај Тито..Се надевам дека момците ќе одиграат во негова чест, и евентуалниот успех ќе им го посветат токму нему..Ќе биде тешко да се одржи и темпото во Ла Лига, затоа што неколку дена после Баерн играме на Калдерон кај Атлетико..Оваа е една од најтешките и најнапорни сезони во последните години..Тежок е патот до успехот..За крај изјавата на Кајзерот, еден од најголемите германски играчи на сите времиња, Франц Бекенбауер..Германците секогаш се на земја и џентлмени :cuc: :

"Според мене Барса е фаворит. Далеку од тоа дека мојот Баерн е без шанси, но фаворит сигурно не е.."
 
Многу самоуверен Енрике, да не му се тресне од глава само

Bei so einer Auslosung denke ich immer, wie wenig Glück derjenige hat, der gegen dieses Barça antreten muss“

With such a draw, I always think how little luck one who has to compete against this Barça "

Не бива ФК Миравци игра полуфинале ЛШ, па нема среќа што се паднала Барса.
 
Многу самоуверен Енрике, да не му се тресне од глава само

Bei so einer Auslosung denke ich immer, wie wenig Glück derjenige hat, der gegen dieses Barça antreten muss“

With such a draw, I always think how little luck one who has to compete against this Barça "

Не бива ФК Миравци игра полуфинале ЛШ, па нема среќа што се паднала Барса.

Имаш линк од изјавата..? пошто сега гледав изјава на Енрике во пресрет на натпреварот со Еспањол, па зборуваше и за Баерн, па не разбрав такво нешто да каже.Можеби сум пропуштил.. Зборуваше со почит за Пеп и за тимот..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom