Како почнавме,прво со грешката на Бускетс каде што мислам дека имаше фаул во таа ситуација,но дали судијата не виде или не сакаше да види за тоа не коментирам и после тоа падна голот..и после тоа до крај на полувреме се мачевме да направиме некоја посериозна шанса, и конечно на крајот една посериозна шанса за Меси и одма ја претвора во гол, после овој гол во последната минута од прво полувреме бев сигурен дека ќе ја вртиме утакмицата и ќе стигнеме до трите бода и за среќа бев во право.. какво само второ полувреме изигравме секоја чест.. ова што го изигравме во вториот дел треба да го играме на секој меч.. со ваква игра како денес во вториот дел против ПСЖ сигурно ќе стигнеме до таа посакувана победа и обезбедување на првото место во групата. Единствена замерка што ја имам на овој меч,а исто така и на претходните е тоа што Енрике го вади Суарез од игра во 60-70 минута.. па извади го Нејмар еднаш, а остави го Суарез до крајот.. се гледа дека му требаат уште утакмици на Суарез за конечно и тој да влезе во голгетерска форма, но ако продолжи вака Енрике и секој меч го вади од игра во 60-70 минута тешко дека ќе дојде до таа посакувана форма Суарез.