Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Бускетс никој нема да го искоментира...и Пике направи глупости за голот, ама Буски човече, кај ти е формата отидена побогу?:tapp:
 
На последните 4 утакмици 9 гола за малиот, not bad...Ја враќа препознатливата форма, растеретено игра, ги нема веќе рекордите за буткање кои му стоеја над глава, уште да се опраи ова со данокот и мислам дека ќе го имаме од најдобрите денови, односно од она ниво кое тешко некој дека ќе го достигне, кога во една календарска година постигна 91 гол а имаше и 30 и кусур асистенции.
 
Ја крена повторно формата на високо ниво. Сега е стариот Меси. :)
B4RUuvbCcAA8DBv.png


Мораше да остане Суарез а Нејмар да излезе. Му требаат на Суарез голови да ја крене психата.
Браво пак не извади во прво, одличен.
Одбраната повторно со ротации, немаме стандард четворица.
Педро игра подобро од минатите и користи максимално шанси.
Следен и многу клучен тест според мене ПСЖ. Тука ќе се покаже капацитетот на тимот.
 
Бускетс никој нема да го искоментира...и Пике направи глупости за голот, ама Буски човече, кај ти е формата отидена побогу?:tapp:
Nastrana toa so e vo tapa forma buski, Imase cist faul vrz nego vo taa situacija...
 
Да, лош е Алвес сезонава. Ако ни го укинат трансфер банот обавезно Лучо нека пазари десен бек, али он, а не Зубизарета па да имаме нов Даглас.
 
Bravo
Dani-Bartra-Matje-Alba
Rakitic-Masche-Iniesta
Mesi-Suarez-Nejmar
Ова ни е најдобриот состав моментално. Бартра не памтам да згрешил сезонава, а Пике како и секогаш топло-ладно игра.

Маске на ДМФ е невозможен. И во овие 15 минути што ги изигра два пати истрча пред играч и не му дозволи да ја прими. Буски не е на ниво.

Мислам дека голманската позиција ни е најстабилна сезонава и кој и да брани не е грешка. Откако ја гледам Барса никогаш немала 2ца стабилни голмани.

Клучот за успехот сезонава може да биде само да им се најде местото на тројцата напред.
 
Леле бе Бускетс зошто мораше да комплицира таму, дај ја назад топката и мирна глава.
Моментално Маскерано треба да игра на таа позиција.
 
Како почнавме,прво со грешката на Бускетс каде што мислам дека имаше фаул во таа ситуација,но дали судијата не виде или не сакаше да види за тоа не коментирам и после тоа падна голот..и после тоа до крај на полувреме се мачевме да направиме некоја посериозна шанса, и конечно на крајот една посериозна шанса за Меси и одма ја претвора во гол, после овој гол во последната минута од прво полувреме бев сигурен дека ќе ја вртиме утакмицата и ќе стигнеме до трите бода и за среќа бев во право.. какво само второ полувреме изигравме секоја чест.. ова што го изигравме во вториот дел треба да го играме на секој меч.. со ваква игра како денес во вториот дел против ПСЖ сигурно ќе стигнеме до таа посакувана победа и обезбедување на првото место во групата. Единствена замерка што ја имам на овој меч,а исто така и на претходните е тоа што Енрике го вади Суарез од игра во 60-70 минута.. па извади го Нејмар еднаш, а остави го Суарез до крајот.. се гледа дека му требаат уште утакмици на Суарез за конечно и тој да влезе во голгетерска форма, но ако продолжи вака Енрике и секој меч го вади од игра во 60-70 минута тешко дека ќе дојде до таа посакувана форма Суарез.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom