Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најјако беше, дава гол братов и скокам дома до таван од радост. И мајка ми ме гледа и ми вика: Шо се радуваш ко не пишуваш ливче :pos:
Јас на резултати кога имам селектирано неколку утакмици кога паѓа гол пошто нели свири одма узбуни настанват дома, фати, колку фати, шо ќе купваме, ова треба, она
Да неможиш ко чоек да гледаш фудбал во денешно време ццц
 
Е ич немам доверба во Лучо, пак ги згреши првите 11. Поарно сами нека се договараат кој да игра.
 
Злато вредни три бода,со вакви утакмици се освојува титула.. играта беше никаква во текот на целиот меч, иако ни беше поништен и чист гол на Суарез.
И за крај да не заборавиме СЕРЏИ БУСКЕЦЦЦ :drk::cuc:
 
Најпрвин честитки за победата!
Ваков адреналински натпревар одамна немам гледано(y).Игравме добро,имавме добри шанси и поништен чист гол. Одбраната која беше добра,со исклучок Дани Алвес кој очигледно е дека не знае кај се наоѓа.Незаинтересиран,губи топки премногу лесно,ризикува непотребно многу пати и нема упатено асален центаршут незнам од кога.Нема во него ни 10% од тоа што беше(n).Браво:cuc:.На Пике ова му беше најдобар натпревар сезонава,добро се позиционираше и спаси чист гол на гол линија(y),да се надеваме дека ќе ја задржи ваквата форма.Матје солиден,а за Алба немам зборови:cuc:.Проблемот за не многу течната игра ни е средината.Фали премногу"добар" Иниеста.Ако тој ја врати формата ќе бидеме многу многу поопасни.Многу ми е криво што му го поништија голот на Суарез,ќе си пукнам од мака.Добро играше али промаши два зицери и му поништија гол,немаше и среќа.Битно влага во шанси често и сам знае да изгради и головите мислам дека ќе дојдат кога ќе ни бидат најмногу потребни.Верувам дека ќе проработи како што треба.Имам замерки кон Енрике што на двата последни натпревари го вади од игра Суарез а не проба еднаш пример Нејмар да го извади.Вчера да играше Суарез до крај ќе дадеше гол.Најважно е што освоивме 3 бода на едно претешко гостување.Сега останува уште ПСЖ да го тепаме,да бидеме први во група ЛШ и да ја завршиме годината како што треба и очекувам уште после првото коло во 2015 г да се искачиме на чело на табелата(Реал на 4.1.2015 игра против Валенсија на гости):icon_mrgr:.И така.Да не должам многу:D
 
Веројатно го вади оти не е физички доволно подготвен инаку замената Суарез - Педро би имала логика само доколку на овој првиот му е ампутирана едната или двете нозе
 
Ги ротира сите , само не во прави временски интервали. На кој мозок треба да си да го оставиш Ракитич на клупа на ваков меч? Ај до некаде замената Суарез - Педро беше чисто заради да не го преоптеретува на Суарез , сепак Нејмар одмараше на цел меч со Апоел. Иниеста фали , дури и со не толку добра форма сепак со Иниеста во играта бевме по конкретни.

Знае некој кога треба да се врати? ... Среќа имаме малце полесен распоред сега прво во купот после дома со Еспањол.

 
Со Еспањол никогаш немаме лесен натпревевар. :)
Не бевме толку лоши вчера, барем во поголемиот дел од натпреварот. Да беше малку поприсебен Суарез(двата зицера) и да не му поништеа чист гол, ќе постигнеше хет-трик. :icon_mrgr:
Јас веќе се облеков и тргнав да излегувам од кладилница, ама имав некое претчуство дека во тој напад ќе падне гол, бидејќи несомнено го заслуживме. :D
Прво помислив дека Педро го дал голот :facepalm: па пцуев, ама кога го видов Буски прснав да се смеам. :icon_lol:
 
Златната кокошка од викендот за малце ќе ни поебеше цела сезона. :pos:

 
Можни за наредна сезона. Не ме густаат, ама не се ни ужасни.
10378991_10152892956640763_3621743696686801833_n.jpg
 
Глупости. На ништо не личи ова. Вертикалните линии ако ги нема за мене е сквернавање на Барселона.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom