Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Без разлика на стативите овој меч, колку и отпимистички да звучи мислам дека Барса не прима повеќе од 10 гола сезонава во Ла лига
Не пер, оптимистички е да кажам дека вечерва ќе ја плеснам Маријана Станојковска иако седам на некои 50 километри од неа пред лаптоп со чипсот до мене...ова е научна фантастика твоево од рангот на Star Wars.

Туку ја извадивме, има време за повеќе...наредна со Билбао, во серија сме со тешки утакмици, добро е шо е на домашен терен таа, само ФИФА вирусот да не ги фати.
 
Официјално, поради мал проблем со мускулот Меси нема да игра за Аргентина, останува во Барселона.
Матие е повикан за Франција, како замена за Кошчелни.
 
Последно уредено:
Задоволен сум јас од прикажаното, освен нормално од Педро и Рафиња. Не е лесно да се дојде до 3 бода на гостувањето во Виљареал, дури очекував и повеќе да не притискаат, пресингот на Барса добро си ја заврши работата. Да беше Иниеста во составот немаше да се состават со фудбалот.

Од друга страна, кога го немаше веќе Иниеста, очекував Лучо да го игра Чави од првата минута, баш ме занима како ќе изгледаа во тандем со Ракитич, сигурно подобро ќе изгледаше сето тоа него со Рафиња на средината.
Изгубен делува Рафиња на почетоков, сеуште не е за стартен состав.

А, Педро кога го гледам ептен ми е криво што го дадовме Делофеу на позајмица. Можеби дечкото знаеше да биде и себичен и слабо да покрива во дефанзива али змај е моментално за Педро у нападот.
 
Задоволен сум од играта имајќи го во предвид фактот дека во претходните 2 сезони беше научна фантастика противникот да има 5 шута а да не примиме ниту еден гол. Се гледа напредок во одбраната и тоа е тоа што ме радува најмногу. Сетете се дека го имаме и Вермален кој кога ќе се врати само би придонел за стабилноста на одбраната.

За нападот воопшто не сум загрижен затоа што момците имаа конкретни акции и имаа изразени шанси во второто полувреме. Додајте го на тоа талентот на напаѓачите и ќе сфатите дека головите нема да изостануваат. Се сеќавам на прес конференциите на првите 2 меча на Пеп во 2008 кога ги смируваше навивачите и велеше дека головите кога-тогаш ќе дојдат. Така и сезонава Лучо изјави дека фудбалски им требаат уште 2 месеци за играчите комплетно да се воиграат и да се прилагодат на тренинзите и на тактичките замисли на тренерот.

Сите се надеваме на добра сезона, јас искрено би бил задоволен со било кој од 3те трофеја што се во игра, за од наредната година веќе да може да газиме.

П.С. Додека не заигра Суарез, Ракитич е најдоброто засилување во последните 5 сезони.
 
ракатич е добар, ама не гледам дека е нешто предобар. според мене е солиден, а може мнгоу боље. сеуште е далеку од суперлативи.

не знам више како да опишам како се осеќам кога го гледам педро. многу придонел за барселона, страшно битни погодоци и се тоа. ама претеризам е веќе. дури се помислувам да престанам да гледам се додека игра он. не ми се верува дека стигнав до таа фаза. неподнослив ми е за гледање. ме измачува

меси ме радува. и ме радуваат 3те бода од ова традиционално тешко гостување. 3, кои вредат 6.
имавме и малку среќа, да не се залажуваме.
 
Не знам колку сте приметиле ама кај нас секогаш е она „Кога очекуваме најмногу од играчот не разочарува, кога не очекуваме не изненадува“. Искрено од Ракитич не очекував ништо, очекував дека ќе се изгуби на терен покрај другите, но ме изненади многу. Игра како да играл цел живот во клубот, секоја чест.
 
Само гледајте ги како го славеа голот и одма ќе разберете колку се гладни и мотивирани. Не знам кој е виновникот за ова, дали Луис Енрике или самата ситуација дека лани не освоивме ништо и новите трансфери, ама можам да кажам дека момците ќе гризат на секој натпревар.

Ајде нека се воиграт уште малце, па да се врати и Суарез, покрај вака мотивиран Меси и веќе адаптираниот Нејмар, со маестрото Иниеста и одличниот Ракитиќ ќе биде лудило.
 
Тешко гостување,едно од најтешките гостувања во сезоната,кое на крај помина одлично со заслужено освоени 3 бода... ваквите утакмици ја носат титулата.. сеуште е рано само второ коло е, но гледам огромна желба кај целиот тим.. повторно се враќа таа жар во играта, што ланската сезона ни фалеше, тек допрва ќе се уигрува тимот и ќе гледаме и многу подобра игра,иако и до сега јас сум задоволен со овие две победи... но како што реков од меч во меч ќе се подобрува играта..
 
Задоволен сум од играта имајќи го во предвид фактот дека во претходните 2 сезони беше научна фантастика противникот да има 5 шута а да не примиме ниту еден гол. Се гледа напредок во одбраната и тоа е тоа што ме радува најмногу. Сетете се дека го имаме и Вермален кој кога ќе се врати само би придонел за стабилноста на одбраната.

За нападот воопшто не сум загрижен затоа што момците имаа конкретни акции и имаа изразени шанси во второто полувреме. Додајте го на тоа талентот на напаѓачите и ќе сфатите дека головите нема да изостануваат. Се сеќавам на прес конференциите на првите 2 меча на Пеп во 2008 кога ги смируваше навивачите и велеше дека головите кога-тогаш ќе дојдат. Така и сезонава Лучо изјави дека фудбалски им требаат уште 2 месеци за играчите комплетно да се воиграат и да се прилагодат на тренинзите и на тактичките замисли на тренерот.

Сите се надеваме на добра сезона, јас искрено би бил задоволен со било кој од 3те трофеја што се во игра, за од наредната година веќе да може да газиме.

П.С. Додека не заигра Суарез, Ракитич е најдоброто засилување во последните 5 сезони.
ne znam so napredok ima ama srekja imavte so tonaza dve stativi na 0-0 imaa i dva dobri sutevi ke mora barsa mnogu da se potrudi tesko vi odi so buskes premnogu tromav stanal
 
Овој Сандро Рамирез уште ги нема научено правилата на клубот како одат. Кога некој ќе ти асистира, одма откако ќе дадеш гол одиш да прославиш заедно со него, тоа е традиција :D А, кога Меси ти асистира и ти даваш гол, а не одиш да славиш со него, иднината во клубот ти е неизвесна. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom