Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
На Нејмар не му е местото у Барселона. Ич го неќам таму.
 
Најкрив е Алвес за двата гола, кој како сака го минува. Згора на тоа ни у напад нема придонес, со куров да нафрлувам подобар ќе сум од него. Како и да е, фала за се сторено до сега ама тука ги потрошивте сите кредити. Не би било убаво да мафтаат со марамчињата на оваа генерација, нека си одат поштено и достоинствено тие што треба и да се направи нова стратегија со нов тренер. За трансфери ќе видиме дали ќе може. Ако треба и наредната сезона нека е без трофеј, ама да се внесат некои играчи во прв тим.
 
Незнам дали ја гледаше цела утакмица али Нејмар беше единствен што гризеше цела утакмица , и што имаше желба за победа. Стативата јебига , среќата не го сакаше.

Секако дека ја гледав, од неговото гризење и неговата глума ми е преку глава...Ништо од тоа не се вреднува на крајот..100 милиони се дадени за него и промашува во клучен момент!
 
Заслужија. За да почне повторно искачување кон врвот, потребно е здраво трескање од земја.
Ако не му се игра на Меси и ако се чува за СП нека каже барем некој младинец нека игра што е желен за докажување.
 
Ај сега да видиме дали ќе има некаква реакција после ова деградирање на клубот и рушење на цел углед. Тонеме у пм.
 
Воопшто да не го кривите Нејмар , убедливо најдобар играч ни е во овие неколку мизерни мечеви , а за промашувањето се случува . Мене ме нервира незалагањето на Меси иако после голот на Бартра како и тој да се разбуди , но џабе. Одбраната ни е десеткувана и добро е што не примивме повеќе голови од контра , Реал реално се закануваше само од контра .
Тата аут , не е достоен за Барса .
 
Ја пример не зборам за промашувањето на Нејмар. Дешава се на секој. Детето уште е у филм дека го бива којзнае колку и дека може да прави партали како у Јужна Америка. Ко да го глеам млаџи кристијано.. Нека иде у Реал там!
 
Уште последно коло да го тепат Атлетико и Реал да освои Титула Ла лига, да ја заокружат успешната сезона. Продажба на пола тим и Барса Б у Први Тим. Се слушаме наредна сезона.
 
Од каков Реал изгубивме, највеќе говори за тоа во каква состојба е клубот

Овој распад е сличен на оној во последната сезона на Рајкард. Се надевам дека уште вечерва ќе се напуди тренерот а на лето и ново раководство во клубот ќе има.

Искрено моментелно трансфер банот ни е најмал проблем.
 
Колку и да има невистини во шпекулациите за Клоп едноставно сакам да го сонувам како тренер на нашиот тим и немојте да ми пречите :love:

1239696_1012671702106379_6733230464409829037_n.jpg
 
Три порази по ред у април. Нот бед.

секоја една утакмица значеше една титула у неповрат. Сето тоа во една недела. Фасцинантно.

кристал палас имаат три победи по ред.

Екипата нема никаков баланс, мотивација, повреди, меси дефинитивно ја гуши екипата, во ред е да се проигра најдобриот на свет, ама на моменти тоа изгледа трагикомично. Транзиција напад - одбрана хаварија.

се на се сезона за заборав.

цеск и нејмар се многу подобри од ова. се се жртвува за меси. не е тешко да се воочи дека барса сезонава беше најдобра додека меси беше повреден, и у смисол на игра, резултат, и учинок на сите останати. За жал.

Ајде повеќе среќа наредна година. И помалку нервози пошто реално и не сме доминантни како што бевме, па да ни е мака.

p.s. кристал палас четири победи, не три :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom