Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Уште од лани од елиминацијата од Баерн почнаа да се осеќат работите дека нема долго да тераат вака.

Како што кажа некој погоре , ремонт како во 2008. Кога дојде Пеп го продаде најдобриот играч во Барса , Роналдињо , и освои тројна титула. Потребен е ремонт , џабе и да купиме стопер работите нема да се сменат многу.
 
Генерацијата е потрошена, треба да се надокнади со свежа крв. А за тоа се потребни и заминувања.
Ви се чудам на паметот Меси да биде продаден!? Нека донесат нови играчи, а да ги пуштат Санчез или Педро, С.Роберто, Пујол и Валдес си одат, Чави ако се согласи да биде резерва ок, ако не може и он да замине.
Потребно е да имаме вистински напаѓач.
Времето на тики-така помина.

Нека гледаат да не не исфрли Сити во ЛШ.
 
халф,центарфор и тренер кој ќе го мотивира тимот,се виде од Тата дека е лимитиран и само користи нешто од минатиот тренер !
 
Уште од лани од елиминацијата од Баерн почнаа да се осеќат работите дека нема долго да тераат вака.

Како што кажа некој погоре , ремонт како во 2008. Кога дојде Пеп го продаде најдобриот играч во Барса , Роналдињо , и освои тројна титула. Потребен е ремонт , џабе и да купиме стопер работите нема да се сменат многу.
 
Не може од една страна Меси да остане а од друга страна да барате класична 9ка. Зашто не сфаќате дека се додека Меси е во тимот класична 9ка може да гледате само по крилните позиции.
 
Не може од една страна Меси да остане а од друга страна да барате класична 9ка. Зашто не сфаќате дека се додека Меси е во тимот класична 9ка може да гледате само по крилните позиции.
Можно е, како не е можно. Само треба авторитетен тренер.
На крај-краева, ако треба и формација ќе се смени, па и со 4-2-3-1 ќе се игра, со Меси како плејмејкер(AMF).
 
Можно е, како не е можно. Само треба авторитетен тренер.

Дај бе не заебавај, Меси е авторитетот тука. Доколку управата би се одлучила на таков потег т.е да носи таков вид тренер кој би го префрлил Меси на крилните позиции за да носи класичен напаѓач во таков случај Меси попрво би побарал трансфер. Дечкото е самобендисан ради сите успеси кои му ги донесе на клубот и се прашува како за носењето нови играчи така и за нови тренери. Е сеа ако се иде со глава у зид и се замижува пред очигледното тогаш ок. Енивеј, ја сеуште сум во очекување да го видам најдоброто од него :свиркам:
 
Не е проблем Меси и класичната 9-ка.

Проблем е целиот тим. Не е балансиран. Чави и Иниеста одамна веќе не се најдобриот тандем во светот,а Фабрегас воопшто не се вклопува во истата замисла.

Немаме целосен тим и тоа е затоа што Росел трчаше по имиња, а не по тоа што му треба на тимот.Два централни бекови и еден добар плејмејкер (или да го задржеше Тијаго) и сега друга песна ќе се пееше. Сега ќе треба да бркаме играчи како Видал, Крос и Гундоган, па после тие нема да играат на ист начина како што играла Барса до сега, па ќе треба други играчи да се купуваат за да се смени целиот концепт... Уште кога ќе ми текне дека не сакаше да му го продолжи договорот на Чики Бегеристан ми се темни уште повеќе. Ама тоа е тоа.

Се надевам Лапорта ќе се кандидира летово и ќе најде некој способен кадар, а не овие идиотиве што секоја година се брукаат со трансферите. Ќе чекале секој играч да побарал трансфер за да им ја олеснел работата.Ги гледам уште чекаат за Т. Силва, ебате неспособните. Го срамат тимот.
 
Спремете се за ремет во среда кога ќе не исфрлат од ЛШ...
 
Гледам го спомнувате Тиаго.
Денес Тиаго му даде на Милер баш Чави тип на топка, која исфрла цел среден ред и одбрана со еден потег. Killer pass.

Постов не е наменет како провокација, само сакав да укажам на иронијата што управата го продаде тоа што најмногу фали.
 
Гледам го спомнувате Тиаго.
Денес Тиаго му даде на Милер баш Чави тип на топка, која исфрла цел среден ред и одбрана со еден потег. Killer pass.

Постов не е наменет како провокација, само сакав да укажам на иронијата што управата го продаде тоа што најмногу фали.
Па не е провокација, моментално Тиаго е појак од сите играчи на средина ние што ги имаме. Каков фудбалер продадовме да е до мене целиот оддел задолжен за трансфери би го напудил заради оваа грешка.
 
А што ако Меси е она што ве кочи ? Тогаш што би направиле не збораме само фудбалски, збораме и во соблекувална и во управа? Како би постапиле вие да сте во управата? Ако го продадете ќе ве распнат сите навивачи а и можи штета да си направите, а од друга страна ако е тој проблемот во секое поле не ќе можите да изградите тотално тим.. Јас мислам дека баш ова вие маката..

( ова само добронамерно прашање и констатација)
 
i messi ne e kako sho trebe,ne e istiot,dali ne mu se igra ili dobro go cuvaat protivnicite
 
Треба на некој нареден натпревар, во Лигата, да се стартува со Меси на клупата, чисто да видиме како ќе се однесува тимот.
Ама, јас не верувам дека проблемот е само кај Меси. Проблемот е многу поголем. Ние имаме проблем и кај играчите, и кај тренерот и кај раководството.
Ни требаат промени, ни треба Лапорта.

Нешто што ме плаши во моментов е тоа што ние несомнено сме во таа фаза на 'смена на генерација'. Онаа генерација која жареше, треба полека да се замени со друга. Костурот на екипата е она што се менува сега, а не само некои поединци. Валдес и Пујол сигурно си заминуваат, Чави полека треба да се пакува...
Е, сега, сите бараме најмалку 4 транасфери на лето. Ама, она што ме плаши е да не станеме новите Интер, Милан или Манчестер Јунајтед, кои патат од таа замена на генерацијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom