Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Досаден натпревар. Нејмар разочарува, колку пари се фрлени за него треба да везе а не да промашува цел гол и еден асален дриблинг да не направи
 
Како голот на Чави е вакви сакам, да се шутира од далеку не ќе е лошо. Нејмар на моменти сам себе се дрибла и се сопнува, а тоа што малку себичи мора да го средат. Слободниот на Меси беше топ. Моментот кога Пујол го даде голот, кое радување го даде Валдес. Ме потсетија на оние денови кога почнуваа во Барса.
 
Честито победа со која се доближивме на 1 бод од реал.. задоволен сум од резултатот и од овие 3 бода, али не и од играта.. ако продолжиме со оваа игра, ќе биде премногу тешко да земеме барем 1 бод од Ел Класико.. а не па 3 бода.. а да не заборавиме дека наредната недела го играме и реваншот со Сити, иако имаме добар резултат од првиот меч,не смее да дојде до некое опуштање кај играчите и да помислат дека е се готово.. мора да влеземе максимално сконцентрирани во тој меч и да одиграме како што знаеме.. се надевам дека овој меч со Алмериа беше само еден лош ден и дека на наредниот меч повторно ќе ја видиме старата Барса и таа препознатлива игра :D
 
Нека му дадат задача на Меси да го убеди Кун да го донесеме во Барса како што беше тоа со Алвес и Нејмар.

Јас мислам дека ова лето ќе има најголема промена на играчи во клубот уште од времето кога беше Рајкард
 
Orobitg (agent Montoya): "Renewal meetings continue. Three Italian clubs are willing to start talks, but his first option is Barça.

Аман нека го земе некој од италијанскиве клубови...[DOUBLEPOST=1393929415][/DOUBLEPOST]
Bh0TbpkIIAATxpM.png
 
Пујол свикал прес за во 4 сато, се очекува дека ќе најави повлекување на крајот на сезоната.
Која и да е одлуката, 100% ќе е почитувана од фановите. Puyol es eterno!
 
Пујол најавил прес, најверојатно ќе се пензионира од фудбалот.
ЛЕ-ГЕН-ДА!!!

Едит: Ја напушта Барселона, дали ќе продолжел понатаму тек требал да одлучи.
 
штета ако се пензионира, му давам уште 2 години игра во фудбалот, мислам дека уште толку може
 
Пујол :cuc:
Гледа човекот дека не се донесуваат нови играчи и самиот си заминува со цел да се ослободи место за нови засилувања. Очекувам вакво нешто, или на крајот на сезоната или најкасно догодина(на крајот на 2014-15), да направи и Чави.
 
Најборбен играч евр! Еден од најдобрите (ако не најдобар дефанзивец) во историјата на Барселона! Капитен и лидер за пример! Фала му за се!
 
Ништо повеќе нема да биде исто. Си оди легендата, КАПИТЕНОТ, гладијатор и најголемиот борец кој ФК Барселона го имала во својата историја. Идолу фала за се, за сите натпревари, за секоја жртва за тимот. Еден и единствен, срцето на Барселона.
Bh5RvjvCMAA4dPA.jpg:large
 
Мора да крене уште еден трофеј на крајот на сезоната..МОРА! се надевам дека тоа ќе биде клемпавкото од ЛШ..
 
Терминатор.:cuc:

Сигурно ќе биде некоја замена во некој послаб клуб , но не се очекува веќе нешто повеќе од него , човекот е бетер од терминатор , најубаво ќе му беше да се пензионира и да биде некој помошен тренер во Барселона. Скапоцено ќе беше тоа искуство што ќе го добијаа младите од Пујол , не за џабе беше карпа човек.

Иначе добро одиграно од негова страна , стратешки. Сега сум 99 % сигурен дека Барса летово ќе фрли најмалце 30 милиони за добар квалитетен светски стопер. Не очекува бурно лето , мислам дека ќе имаме најмалце 3 топ трансфери.
 
Пујол! :cuc:
Дефиниција за одличен одбранбен играч и човек кој се, ама во буквална смисла на зборот се би дал за клубот!
Тешко во следни години пак да имате ваков играч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom