Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Абе каков Меси какви црни камења.. Го читаат веќе како буквар и не се залага никако.. КАТАСТРОФА! одбраната не сакам ни да ја коментирам, план Б немаме, уште со центаршутевите на Алвес, 4 години се фура истата идеја.. Крајно сум разочаран, мислам дека редно време е екипата да се менува, треба да заминат многу играчи..Просечни играчи не растурија на Ноу Камп, кој би рекол дека е толку неосвоива тврдина, со среќа нека ни е Февруари..
 
следно куп утакмици со сосиедад имаме, па на гости со севиља, дома со рајо, и со сити утакмиците.. или ќе биди деновиве или од се ќе отпадниме..
 
Нешто е труло во клубот, веќе почнува да излегува на површина. Играчите НЕ СЕ ЗАЛАГААТ, тоа е повеќе од очигледно, а за тоа има некоја причина. Или е некое незадоволство од управата, или можеби се шушка за суспензии на тимот заради глупостите со трансферот на Нејмар.
Нешто има, 99%. На резултат 2-3, последните минути место да тргнат со сите сили да нападнат за да постигнат гол, нашиве се мачат да ја изнесат топката од нашата половина.
Е до толку аматери не се, сигурно некоја друга позадина има сево ова. Мотивацијата во тимот е на НУЛА.
 
Стварно не можам да сфатам и не знам што се случи денес, и што се случува последните 3-4 меча.. до денес немавме пораз 35 меча по ред на Ноу Камп.. во првиот дел може и не бевме толку лоши и имавме уште 2-3 шанси при резултат 1:0.. али од кога го примивме првиот гол,веќе не ја гледавме истата Барселона,посебно во второто полувреме каде што бевме очајни... и ако продолат вака да си играат во одбраната,односно ако не се поправи малце одбраната и Пиќе да почне малце повеќе да мисли на својот гол,а не како тој да постигне гол лошо ни се пишува.. со ваква одбрана како денес од Сити ќе примиме најмалце 3 гола.. за жал тоа е реалноста,од наредна сезона треба големи промени да се прават во тимот и пред се да се купи ШТОПЕР..
 
А и третиот гол како им го пуштиа на Валенсија тоа чудо или сепак се работи за вистински дебили:confused:
 
Martino: "What did I tell players? That this isn't over, we shouldn't give up, that we might be behind after this round, but we'll fight."

Уште да ги бацеше у чело и да им кажеше дека се многу добри.
 
Реков и порано, на стара слава игра пола екипа. Да функционираше тоа така Нотингем Форест уште ќе освојуваа ЛШ со таа генерација. Начукаа кој 34, кој 30, кој повеќе време у болница лежи отколку дома...така тоа не оди. Многу имаат направено овие играчи за Барса, ама доколку сакаме и понатаму да бидеме конкурентни не смееме да дозволиме клубот да биде место каде што се пензионираат играчи. Знам дека убаво звучи, цела кариера во ист тим бла бла ама не е тоа за секој. Неста играше стар во Милан ама Меси не мрдаше од него иако 10 години разлика беа. Пујол незнам што го мачат човекот, веројатно ќе се пензионира после сезонава ама 2-3 сезони веќе е тапа и повреден а на негово место можеше да се донесе некој во одбрана, каде сеуште сме слаби. Чави нема добар пас од незнам кога, додава само назад, налево, надесно. Алвес е тапа, за таа позиција треба помлад и помотивиран играч. Овој само Инстаграм мисли. Знам дека од новиве од Ла Масија ниту еден нема саглам, доволно зборува фактот што Серко Роберто ни е најголема надеж. Во тој случај треба да се прават добри и паметни трансфери. Тука лежи зајакот. За трансфери сме НУЛА. Лапорта ги донесе Деко, Ето, Роналдињо, Жили, Јаја...овој мочлово го донесе Нејмар и за малку у затвор ќе одеше поради тоа. Од другите трансфери кој се покажал? Фабрегас е ОК, тоа е најмногу што можам да му дадам ако го споредувам со Деко или Роналдињо. Санчез се поправа и пак не е на нивото на еден Ларсон што ни беше за на клупа.

Да не ја тупам, она што му треба на клубот е отстапка од филозофијата, макар и привремена. Во совршен свет најдобриот клуб со најдобра академија ќе освојува титули арно ама во овој свет некој може да си купи добри играчи наместо да ги произведува. Продај се што треба да се продаде, донеси конечно ебени засилувања кога гледаш дека не оди. И да се смени смрдливата тактика подобро на контри нека играат со Давидс и Коку да ждерат на средина отколку 90 минути пимплање без шанса. Ова е пародија од тики-така, не е ова она што Гвардиола го играше првите сезони.
 
Таман пред некој ден му го продолжија договорот на Тата.

Ептен слаб мотиватор е тоа е очигледно, а може пак и играчите се презаситени веројатно ќе треба да се прават големи промени летото.
 
Или ќе има измени во летен преоден рок или ќе го јадеме од кој стигнеме. Овој костур на тимот игра неколку сезони. Преморен, без мотивација, без џокер од клупа (со најслаба клупа од кога ја пратам Барса). Срам ми е веќе да пишувам за таа катастрофа од одбрана. Веќе и станувам песимист дека некогаш ќе го решиме тој проблем.
Ме изненадува ова пасивно и смирено однесување на Тата. Губиме битни бодови во момент кога се решава титула. Место да држи тимов чекор, се коцкаме и се зезаме.
 
Смирете се , утре Реал ќе го јаде од Билбао , и тоа со гаранција најмалце нерешено. :)
 
Господе, дај ми сила и карта до Барселона да го скинам Филе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom