Реков и порано, на стара слава игра пола екипа. Да функционираше тоа така Нотингем Форест уште ќе освојуваа ЛШ со таа генерација. Начукаа кој 34, кој 30, кој повеќе време у болница лежи отколку дома...така тоа не оди. Многу имаат направено овие играчи за Барса, ама доколку сакаме и понатаму да бидеме конкурентни не смееме да дозволиме клубот да биде место каде што се пензионираат играчи. Знам дека убаво звучи, цела кариера во ист тим бла бла ама не е тоа за секој. Неста играше стар во Милан ама Меси не мрдаше од него иако 10 години разлика беа. Пујол незнам што го мачат човекот, веројатно ќе се пензионира после сезонава ама 2-3 сезони веќе е тапа и повреден а на негово место можеше да се донесе некој во одбрана, каде сеуште сме слаби. Чави нема добар пас од незнам кога, додава само назад, налево, надесно. Алвес е тапа, за таа позиција треба помлад и помотивиран играч. Овој само Инстаграм мисли. Знам дека од новиве од Ла Масија ниту еден нема саглам, доволно зборува фактот што Серко Роберто ни е најголема надеж. Во тој случај треба да се прават добри и паметни трансфери. Тука лежи зајакот. За трансфери сме НУЛА. Лапорта ги донесе Деко, Ето, Роналдињо, Жили, Јаја...овој мочлово го донесе Нејмар и за малку у затвор ќе одеше поради тоа. Од другите трансфери кој се покажал? Фабрегас е ОК, тоа е најмногу што можам да му дадам ако го споредувам со Деко или Роналдињо. Санчез се поправа и пак не е на нивото на еден Ларсон што ни беше за на клупа.
Да не ја тупам, она што му треба на клубот е отстапка од филозофијата, макар и привремена. Во совршен свет најдобриот клуб со најдобра академија ќе освојува титули арно ама во овој свет некој може да си купи добри играчи наместо да ги произведува. Продај се што треба да се продаде, донеси конечно ебени засилувања кога гледаш дека не оди. И да се смени смрдливата тактика подобро на контри нека играат со Давидс и Коку да ждерат на средина отколку 90 минути пимплање без шанса. Ова е пародија од тики-така, не е ова она што Гвардиола го играше првите сезони.