Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Новата новина на Тата Мартино: Синоќа го проба „дуплиот пивот“...

Она што во последниве 5 па и повеќе сезони воопшто не го употребуваа Тито, Пеп и Рајкард, а на моменти се чини беше потребно, Тата синоќа го тестираше, иако само на 5 минути. Тата синоќа, во последните 5 мин, направи едно тактичко поместување со што ја промени формацијата во 4-2-1-3, односно на местото на Чави го внесе Сонг, кој заедно со Бускетс го формираа оној познат „дупли пивот“, кој 90% од останатите тимови го користат како стандарден. Иако само на кратко, сепак Тата покажува едно ново тактичко движење, и дека ќе го користи ова во иднина, нешто што на Барса многу пати и било потребно, посебно во оние нокаут натпревари, каде секој гол, секој пас, секоја грешка се многу битни (она што овде го посакувавме и препорачувавме за првиот меч против Баерн лани).

На оваа анимација јасно се гледаат инструкциите кои Сонг ги добил од Тата за него и Бускетс:
ib6f19BGZqzjG.gif


via FCBarcelona Macedonian Fan Club
 
мене ми изгледа како задната ложа да е повредена - месец дена отсуство
 
мене ми изгледа како задната ложа да е повредена - месец дена отсуство

Прочитав дека имало само удар, не е истегната. Најмногу што може да пропушти е Малага и реваншот со Атлетико.

Messi has a postcontusional intramuscular hematoma in the femoral biceps of his left thigh
Hematoma is a common manifestation of a minor trauma, which usually regresses itself in a few days. Probably occured due a kick he suffered.
 
Новата новина на Тата Мартино: Синоќа го проба „дуплиот пивот“
Глупа и грда игра е ова. Постојано се пцуа по Дел Боске затоа што го прави ова, ама пак тоа на турнирски начин на натпреварување и се издржува постојано да се игра на 1-0. Не гледам логика освен да испробува за подоцнежниот дел од сезоната кога ќе играме Лига на Шампиони или пак за дуелите со Реал во случај да водиме и да чуваме резултат !

п.с. сме купиле некој киндер од Сити, Denis Suarez
1377196071956.jpg
 
не сте свесни колку е талентиран дечково само Сити се дегени и преплаќаат рандом играчи место да форсираат "нивни". Ќе правиме муабет здравје за некоја година.
 
не сте свесни колку е талентиран дечково само Сити се дегени и преплаќаат рандом играчи место да форсираат "нивни". Ќе правиме муабет здравје за некоја година.

Па чим клаузулата му е 18 милиони додека ќе настапи за Барса Б, а кога ќе биде промовиран ќе му се качи на 30-35 милиони евра, тоа кажува дека се работи за голем талент.
Можеби овој ќе биде заменикот на Чави, а Серхи Роберто е моментално решение.
 
Глупа и грда игра е ова. Постојано се пцуа по Дел Боске затоа што го прави ова, ама пак тоа на турнирски начин на натпреварување и се издржува постојано да се игра на 1-0. Не гледам логика освен да испробува за подоцнежниот дел од сезоната кога ќе играме Лига на Шампиони или пак за дуелите со Реал во случај да водиме и да чуваме резултат !

Логиката е тоа што со:
Нејмар----Санчез
------Меси---------
-------Цеск--------
Сонг-----Бускетс

Пак имаме повеќе креативци и пас мајстори отколку било кој друг тим во светот. Сонг е многу подиректен од Бускетс. Игра со долги пасови исто како Фабрегас.

Нормално дека ова нема да биде стандардна формација, ама не е лошо да биде истренирана како опција кога ни треба директност во напад без тоа да биде на цена на одбраната.
 
Бејл во Реал, епа незнам што ќе ни се деси кога ќе играме
 
На последните 25 натпревари(Барселона и Аргентина), Меси има одиграно САМО ЕДЕН натпревар цели 90 минути.

11150_690584250970260_577965348_n.jpg
 
На последните 25 натпревари(Барселона и Аргентина), Меси има одиграно САМО ЕДЕН натпревар цели 90 минути.

11150_690584250970260_577965348_n.jpg

Ова би можело да е лош знак за Меси за идната сезона, па и понатаму.
 
греота е Сонг да дреми на клупа и уназадува,страшен талент е дечкото,многу јак физички,борбен..........кога знаеме дека Чави не може да истрча како некогаш и не е лоша идеата да се игра со двајца задни везни како Бускетс и Сонг........и доста со играта со која се потиска противникот цел меч да се брани,па се изнавежбале веќе за овој стил на игра,не се пробива без класичен центарфор и шутеви оддалечина - видено веќе 3 години наназад,треба да се остави противникот да се подотвори па да се има повеќе простор за маневри напред
 
Ако се игра со двајца задни везни цела филозофија на Барса се менува, автоматски треба да се враќаат сите поназад.
 
Man of the match против Атлетико - стоперот Маскерано


Иначе, за сите кои не го знаете, би ви го препорачал почесто да го посетувате овој блог http://www.allasfcb.blogspot.com/
--- надополнето: 23 август 2013 во 18:10 ---
Дани на денешниот прес:

1174576_690695754292443_2044120040_n.jpg


Не знам кој му е стилист, ама човекот треба кривично да одговара. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom