Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пак старата повреда за Меси, ова почнува да ме потсеќа на почетокот на неговата кариера во првиот тим
 
Official: Messi subbed off out of precaution because of thigh muscle discomfort after a knock
 
Треба уште средување во тимот. Со доста цврсти екипи и тренери кои знаат да прочитаат игра и да наметнат своја тактика ќе биде тешко. Чоло ги изгоре неговите до кај 60та минута. Добро ќе беше да изнудеа црвен Диего Коста како и секогаш брутален гад. Алба тешко со него на крај да излезе. Загрижува транзицијата од Бускетс кон Чави и Иниеста. Тука пресече добро Чоло. Со тоа го затвори и Меси. Нејмар малку претерува, втор жолт, мора да ја среди дефанзивната задача.
За Меси се збори дека добил мал удар и не е ништо сериозно.
 
Тоа е одраз на неквалитетната пред сезона. Така е кога се подготвуваш против играчи собрани од маало.

Сеуште никаде не се, Чави, Иниеста, Алба, Дани, Педро, сите овие имаа моменти кога даваа такви погрешни пасови што човек ќе помисли првпат играат заедно.
А што се однесува до Алба, катастрофален во дефанзива. Моментално Адриано заслужува да игра пред него.
 
А што се однесува до Алба, катастрофален во дефанзива. Моментално Адриано заслужува да игра пред него.

Тоа. Не ми е јасно зошто на крајот наместо Сонг не го стави Адријано, па да проба една-две од далеку.
 
Алвес беше исто катстрофа, потоа се извади колку толку со асистенција
 
Суспендиран беше Адриано денес.
 
Резултатот на крај испадна добар за нас. Сепак, мислам дека и оваа сезона ќе имаме многу проблеми со екипи кои играат цврста одбрана, кои ни ја имаат прочитано играта и ни прават брзи контри. На такви натпревари 99% примаме барем еден два гола од контра, а не можеме да склопиме асална акција. Не сакам ни да помислам што ќе биде кога би играле со Реал, Баерн...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom